Connect with us

Македонија

Битолската коњаница Галоп маршираше на Широк Сокак и тргна на пат за Крушево (Фото и Видео)

Published

on

,,Галоп Битолска Коњаница,, го започна патувањето по патот на Илинденците.

Почетокот на нивното патување беше означен пред Офицерскиот Дом во Битола, за по Широк Сокак да продолжат кон Манастирот Св. Архангел во Битола каде што ќе им биде благословен илинденскиот пат.

Попладне стигнуваат во Битолско Цапари каде што пред споменикот на паднатите борци за слободна Македонија ќе се одржи свеченост, а потоа и забава со естрадниот уметник Ламбе Алабаковски.

Првото преноќевање ќе го имаат во Манастирот Св. Петка во Цапари. На Илинден ,, Галоп Битолска Коњаница,, која годинава брои трето патување по врвиците на Илинденците, ќе осамне во славно Крушево.

Македонија

Средба Мицкоски – Филипче: Премиерот утре го пречекува лидерот на СДСМ

Published

on

-Согласно јавната комуникација и упатените иницијативи и демонстрираната подготвеност од двете страни, за утре во 14 часот е закажана средба меѓу Мицкоски и Филипче, дознава Курир.

Средбата ќе се одржи во Владата.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Владата започнува постапка за набавка на 120 еколошки автобуси за јавен превоз за Скопје и општините

Published

on

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, одговори на новинарското прашање во врска со вчерашната седница на Владата, на која беше усвоена информацијата за потребата од набавка на еколошки автобуси за ЈСП-Скопје и единиците на локалната самоуправа. Мицкоски објасни дека Владата донела одлука за започнување на постапка за набавка на 120 автобуси.

„Владата на вчерашната седница донесе одлука да започне постапка за набавка на 120 автобуси. Од нив, 80 ќе бидат наменети за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, додека 40 ќе бидат распределени на други сообраќајни претпријатија во општините каде што е организиран јавен превоз. Овие автобуси ќе бидат еколошки и електрични, во зависност од потребите и проценките,“ истакна Мицкоски.

Премиерот додаде дека Владата прави значаен напредок во обезбедувањето на чист воздух и подобра животна средина за граѓаните.

„Она што е важно е што овие автобуси нема да предизвикуваат загадување, што е нешто што е многу потребно, особено за време на грејната сезона. Владата презема чекор напред во обезбедувањето на чист воздух и пристојна животна средина за сите наши сограѓани,“ рече Мицкоски.

Тој истакна дека обезбедувањето на чиста животна средина и воздух за граѓаните е императив, но додаде дека овој процес бара време и не може да се постигне преку ноќ.

„Доколку само седиме и чекаме, време ќе помине и ништо нема да направиме. Ние сакаме да бидеме проактивни и да креираме политики кои ќе не водат до целта – пристојна и здрава животна средина за сите наши сограѓани,“ заклучи Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

Николоски: Отвораме нова авионска линија Скопје – Париз, директна поврзаност меѓу двата града

Published

on

Од денеска, Скопје официјално се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродром во Скопје беше реализиран првиот лет од Париз, од аеродромот Орли до Скопје, операиран од авиокомпанијата Изиџет.

Линијата ќе се реализира два пати неделно и е воведена благодарение на финансиската поддршка од Владата преку Министерството за транспорт, во рамките на Програмата за воведување нови дестинации.

Според договорот, авиокомпанијата Изиџет ќе ја оперира оваа линија од денеска, 2 април, до 31 декември 2027 година, со однапред утврден ред на летови.

„Ова е уште една можност за подобра комуникација и поврзување на Македонија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација за патување, но уште поважно е што ќе носиме туристи во Македонија. Како Влада, создадовме услови кои привлекоа нови авиокомпании, а резултатите веќе се видливи. За краток период воведовме осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид. Го променивме моделот на субвенционирање и наместо да се даваат субвенции за заминување, сега даваме финансиска поддршка за патници во доаѓање. Целта ни е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија, што ќе им овозможи да користат и други услуги во земјата. Оваа стратегија дава конкретни резултати и веќе преговараме со нови авиокомпании за нови дестинации“, изјави вицепремиерот Александар Николоски.

Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска поддршка за воведување нови авиолинии, кој го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.

Покрај Париз, од Скопје ќе се воведат и нови линии кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, додека од Охрид ќе бидат воведени линии кон Истанбул и Басел.

Според Програмата за финансиска поддршка за 2025-2027 година, донесена од Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување нови авиолинии.

Целта на оваа Програма е да се унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации со поволни услови за патување за граѓаните и да се развие цивилното воздухопловство.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк