Connect with us

Европа

(Видео) Поплавите во Словенија се гледаат од вселената: сателитските снимки го покажуваат размерот на катастрофата

Големи поплави ја погодија Словенија на крајот на минатата недела, додека во Хрватска бројни реки соборија рекорди кога станува збор за нивото на водата.

Поплавите се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата, пишува „Н1“.

Според првата проценка, поплавената површина на овој простор е околу 13 километри квадратни.

Делови од Словенија се’ уште се поплавени, а многу патишта се затворени, јави денес словенечката новинска агенција СТА.

За вечерва се најавени нови врнежи со грмежи.

Европа

ЕУ одобри пакет од 90 милијарди евра кредит за Украина

eu

Европската унија постигна тешко издејствуван компромис за идното финансирање на Украина: за обновување на земјата издвоен е бескаматен заем од 90 милијарди евра. Одлуката беше донесена на самитот на ЕУ во Брисел, а ја соопшти германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој нагласи дека замрзнатите руски средства засега нема директно да се користат.

Според Мерц, договорениот заем ќе биде доволен за покривање на воените и буџетските потреби на Украина во наредните две години. „Ќе ги задржиме руските средства замрзнати сè додека Русија не ја обештети Украина“, порача тој, додавајќи дека ЕУ го задржува правото, доколку до тоа не дојде, да ги искористи тие средства – „во целосна согласност со меѓународното право“ – за отплата на заемот.

Канцеларот го оцени договорот како „голем успех“, иако призна дека тој отстапува од неговата првична замисла. Наместо директно користење на средствата на руската централна банка, што се покажа како премногу правно и политички комплицирано, ЕУ се одлучи за обратен редослед: најпрво заем, а потоа евентуална наплата од руските средства. „Целта останува иста – Русија да ја плати цената на оваа војна“, истакна Мерц.

Прашањето за користењето на замрзнатите руски средства со месеци ја дели Унијата. Особено Белгија изразуваше резерви, бидејќи најголемиот дел од околу 210 милијарди евра се наоѓаат во белгиската финансиска институција „Еуроклеар“. Европската комисија процени дека на Украина ѝ се потребни 90 милијарди евра до крајот на 2027 година, но некои земји, како Унгарија, целосно се спротивставија на какво било користење на тие пари.

Според дипломатски извори, планот пропаднал пред сè поради противењето на Франција и Италија, јавува германската агенција ДПА. Двете земји, наводно, не биле подготвени да обезбедат средства за заштитен механизам што го побара белгискиот премиер Барт де Вевер – гаранции дека сите можни ризици ќе бидат заеднички покриени. Белгија стравува од руска одмазда, вклучително и експропријации на европски компании и поединци во Русија, а особено за иднината на „Еуроклеар“, која управува со најголемиот дел од замрзнатите средства.

По постигнувањето на договорот, францускиот претседател Емануел Макрон ја отвори вратата за обновување на директниот дијалог со Кремљ. „Ќе биде корисно повторно да разговараме со Владимир Путин“, изјави тој, оценувајќи дека тоа е во интерес и на Европејците и на Украинците. Во спротивно, предупреди Макрон, разговорите ќе продолжат исклучиво преку преговарачи – сценарио што, според него, не е оптимално.

Во меѓувреме, дипломатската активност не стивнува ни преку Атлантикот. Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, неодамна одржаа одделни разговори со руски претставници, како и со претставници на Европа и Украина. Американските медиуми најавуваат дека нови консултации меѓу Вашингтон и Москва би можеле да се одржат уште за време на викендот.

Извор: ЕУ постигна договор: 90 милијарди евра кредит за Украина – DW – 19.12.2025

Continue Reading

Европа

Орбан категорично против заедничко финансирање на Украина: „Нема шанси предлогот да помине“

orban

По пристигнувањето на самитот на Европската Унија, унгарскиот премиер Виктор Орбан повторно го изнесе својот тврд став: Унгарија нема да поддржи финансирање на Украина преку заедничкиот кредит на ЕУ.

„Сметам дека ова прашање е мртво. Можеби ќе се обидат повторно, но нема шанси предлогот да добие мнозинство. За нас, тоа е надвор од дневниот ред“, изјави Орбан, додавајќи дека целата дебата треба да започне одново и да се преиспитаат идните чекори.

Премиерот потсети дека унгарскиот Устав јасно ги ограничува овластувањата на Владата: позајмувањето на пари што создаваат обврска за државата е можно само со одобрение од парламентот. „Јас немам такво овластување и не верувам дека кој било премиер некогаш ќе добие зелено светло од парламентот да ја задолжи Унгарија. Затоа, за Унгарија, патот на финансирање на Украина од заеднички кредит е апсолутно невозможен“, нагласи Орбан.

Во исто време, тој ја потенцираше својата цел на самитот: „Ние сме тука за чекори кон мир, а не кон војна.“

Европската Унија, од своја страна, планира да искористи 210 милијарди евра од замрзнат руски имот како основа за заем за Украина. Без ваква финансиска помош, Украина би можела да остане без средства веќе во вториот квартал од следната година, што би ја ставило во сериозна опасност во конфликтот со Русија – сценарио кое предизвикува загриженост во ЕУ за можна руска агресија врз Унијата.

Continue Reading

Европа

Кошта: Време е Западен Балкан да ја избере Европа

Земјите од Западниот Балкан стојат пред судбоносна одлука: продолжување по патот на старите поделби или храбар исчекор кон заедничка европска иднина. Оваа силна порака ја упати претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по завршувањето на самитот ЕУ–Западен Балкан, нагласувајќи дека регионот повеќе нема простор за одлагање и двоумење.

„Покрај сите технички аспекти на процесот, суштината е во еден длабок политички избор – избор помеѓу минатото и иднината, помеѓу поделбите и помирувањето, помеѓу изолацијата и соработката. Токму овие вредности се темелите врз кои е изградена Европската Унија“, порача Коста во официјалното соопштение.

Тој нагласи дека процесот на проширување во моментов се движи со динамика каква што не била видена во последните 15 години и дека регионот мора да ја искористи оваа ретка можност. Проширувањето, подвлече Коста, не е трка меѓу земјите кандидати, туку процес заснован на индивидуални заслуги и реформи.

И претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, оцени дека проширувањето повторно е на агендата на Унијата. „За првпат по повеќе од една деценија, проширувањето стана реална и опиплива перспектива“, изјави таа, пофалувајќи го „импресивниот напредок“ на Црна Гора и Албанија, кои, според неа, стануваат позитивен пример за целиот регион.

Во своето обраќање, Кошта ги спомена сите земји од Западен Балкан, со исклучок на Србија, откако нејзиниот претседател Александар Вучиќ одлучи да не присуствува на самитот.

Тој повторно го нагласи забрзаниот напредок на Црна Гора и Албанија и изрази очекување дека Македонија би можела да направи значаен исчекор веќе следната година. За Босна и Херцеговина, Коста оцени дека усвојувањето на реформската агенда оваа година е клучен сигнал и неопходен предуслов за вклучување во Планот за раст, што би ѝ овозможило на земјата целосно да ја искористи поддршката од ЕУ и постепено да се интегрира во европските политики.

Што се однесува до Косово, Коста ги поздрави чекорите за градење доверба меѓу заедниците, истакнувајќи дека претстојните парламентарни избори ќе бидат пресуден момент – не само за зацврстување на реформите, туку и за посериозен и поконструктивен ангажман на европскиот пат.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг