Connect with us

Македонија

Илиноис го прогласи септември за месец на македонското наследство

Гувернерот на Илиноис Џеј Би Рицкер го прогласи септември 2023 за месец на македонско-американското наследство.

Ова, како што пренесува Гласот на Америка на македонски, е најнова прокламација од серија известувања за славење на македонската култура во САД овој месец, меѓу кои од градоначалникот на Чикаго Брендон Џонсон и од гувернерката на сојузната држава Мичиген Гречен Витмер.

-Илиноис е дом на многу македонски Американци кои придонесуваат културно, економски и филантропски, се вели во известувањето.

Во него пишува дека „бројни вредни македонски имигранти помогнаа да се одржи американскиот претприемачки дух и се дел од историјата и културата на Чикаго“.

Гувернерот наведе и успешни македонски Американци со бизнис во Чикаго, меѓу кои бизнисменот Мајк Зафировски, поранешен извршен директор на „Моторола“ и „Нортел“, Дино Делевски, основач и тренер на младинската фудбалска организација „Чикаго Инферно“, и повеќе други.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс, пак, ја прогласи минатата сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство, кога македонското знаме се крена на Вол Стрит по повод 32 години независност, објави Гласот на Америка на македонски.

Во јули републиканскиот сенатор од Индијана Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Гласот на Америка на македонски ja контактираше канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор.

Овие резолуции и прокламации се на барање на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).

Македонија

Кадровски „ресет“ во СДСМ: Утре се избира новото партиско раководство

СДСМ утре ќе го официјализира новото партиско раководство, по турбулентниот почеток на декември кога, на барање на претседателот Венко Филипче, целото раководство поднесе оставка. Потег што од партијата го опишаа како „одговорен и морален“, а кој отвори простор за темелно кадровско рестартирање.

Филипче најави дека списокот со новите потпретседатели и членовите на Извршниот одбор е веќе затворен и дека јавноста утре ќе дознае кои лица ќе ја водат партијата во наредниот период. Според него, станува збор за внимателно избалансирана комбинација од искусни партиски кадри и млади луѓе со нова енергија.

„Се избира ново раководство – нови потпретседатели и нов Извршен одбор. Практично, нова сила во партијата, спој на искуството и младоста“, изјави Филипче во централниот дневник на „Сител“.

Лидерот на СДСМ најави и поширока офанзива надвор од партиските рамки – отворен фронт со граѓаните, политичките актери и граѓанскиот сектор, со цел, како што рече, да се стави крај на криминалната власт во државата.

Потсетуваме, на 2 декември, по иницијатива на Филипче, целото раководство на СДСМ поднесе оставка, со што започна процес на внатрешна реорганизација. Од партијата тогаш порачаа дека следува период на кадровско освежување, организациско зајакнување и вклучување на нови лица.

Утрешниот ден, според најавите, треба да ја покаже новата слика на СДСМ – со нови луѓе, нова поставеност и амбиција партијата повторно да се позиционира како силен политички играч на сцената.

Continue Reading

Македонија

Новогодишното украсување на Општина Тетово за 25.000 евра

Со мнозинство во Советот на Општина Тетово, на вонредна седница одржана онлајн доцна вчера попладне, се изгласа мнозинство иницијативата за празнично украсување на градот, одвојувајќи дарежливи 1.500.000 денари или речиси 25.000 евра за таа цел.

Оваа одлука, која претставува измена и дополнување на Програмата за активности во областа на културата за 2025 година, стави крај на долгогодишната „суша“ на новогодишна декорација.

Програмата беше изгласана со силната поддршка на советничкото мнозинство, составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ.

„За оваа програма ‘за’ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата Вреди и ВМРО-ДПМНЕ… Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, ентузијастички информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Сепак, одлуката не помина без отпор. Против гласаа советниците од коалицијата НАИ, додека воздржани останаа советниците од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ, потенцирајќи ја политичката поделба околу приоритетите.

Оваа одлука е особено значајна, бидејќи доаѓа по цели години во кои улиците и градскиот плоштад остануваа мрачни за време на празниците.

Во последните години од вториот мандат на поранешната градоначалничка Теута Арифи, и за време на целиот прв мандат на актуелниот градоначалник Билал Касами, официјалното образложение беше идентично: дека општината немала пари за новогодишни украси. Сега, со обезбедените 25.000 евра, градот е подготвен да ја прекине оваа непразнична традиција и да ја врати магијата на улиците.

Continue Reading

Македонија

Судот одреди 30 дневен притвор за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

Судот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е осомничен во предмет поврзан со обид за поткуп во правосудството.

Според информациите од надлежните институции, Стафа се сомничи дека се обидел да влијае врз судска одлука преку нудење поткуп, што претставува сериозно кривично дело против правдата. Притворот е определен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и повторување на делото.

Обвинителството наведува дека истрагата е во тек и дека се прибираат дополнителни докази поврзани со случајот, додека одбраната најави дека ќе ги користи сите законски средства за оспорување на мерката.

Случајот предизвика силен интерес во јавноста, имајќи ја предвид функцијата што Стафа ја извршувал во минатото, а надлежните порачаа дека борбата против корупцијата во правосудниот систем останува еден од приоритетите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг