Connect with us

Македонија

Д-р. Беќаровски објави шокантна порака од починатото 24-годишно момче: ЗОШТО СЕ ПРИКРИВААТ ОВИЕ ФАКТИ?!

Доктор Нико Беќаровски на Фејсбук објави порака за која вели дека му пристигнала нему лично, а е поврзана со смртта на 24-годишно момче кое почина завчера во битолската болница. Пораката, пишува Беќаровски, ја објаснува причината за сепсата и подоцнежниот развој на иреверзибилната дисеминирана интраваскуларна коагулација. Според докторот, грешката воопшто не е кај дежурните лекари и колегите од битолските интерни одделенија.

Пораката е од наводен роднина на момчето, кој вели дека семејството се сомнева поради што дошло до тој голем инфект кај момчето.

Почитуван докторе, мене детето што почина ми е близок роднина, би сакала да ви кажам како дојде до тој ГОЛЕМ ИНФЕКТ на што ние се сомневаме. Имено детето по кое сега ни гори душата пред три недели имаше мал хирушки, ако можам да го наречам зафат, не знам ни како да го наречам или интервенција на Ортопедија бидејќи во јуни месец се повреди со некоја сајла по грбот и имаше рана за која не отиде на лекар бидејќи изгледаше површинска исекотина. Пред неполни три недели детето во туширање со допир осетил дека нешто има на повреденото место како некое страно тело кое не го боли само на допир се осеќа. Во истиот момент оти на болница го упатуваат на ортопедија му објаснува таму за случајот и тие му велат сега е касно дојди утре ќе направиме ренген и ќе видиме што имаш. Другиот ден детето оди таму прави ренген и на него се гледа метален предмет, односо беше парче железо. Му го вадат железото одма и го прашува докторот кога имас последен пат ставено тетанус? Тој му одговара ревакцинација на 18 години. Докторот му вели добро ко така нека потреба од нова доза и на толку длабока рана не го шие само му вели ела другиот ден на преврска другиот ден оди ама нема кој да го види нема доктор само сестрата го преврзува и тое е тое. Е тука јас се сомневам тука е лекарската греска, се вели во пораката.

Македонија

Македонците од Албанија и Кичево со заеднички чекор напред – потпишан меморандум за соработка

Значаен чекор кон зацврстување на културните и националните врски е направен денес во Кичево. Делегацијата на Здружението на Македонците од Албанија во Македонија „Зошто“, предводена од иницијативниот претседател Панди Јани, оствари клучна средба со градоначалникот на Кичево, Александар Јовановски.

Кулминација на конструктивната средба беше свеченото потпишување на Меморандум за соработка, документ кој ги поставува цврстите темели за идна, плодна соработка!

„На средбата разменивме мислења по повеќе прашања, по што потпишавме Меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за заеднички активности и иницијативи насочени кон унапредување на културната размена, образовната поддршка и зајакнување на традицијата на македонскиот јазичен, културен и национален идентитет“, изјави за МИА, Панди Јани.

Ова не е изолиран настан. Само денови претходно, сличен историски документ беше потпишан и со градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски. Според Јани, со овие договори „се отвора ново поглавје во заедничкото делување за доброто на граѓаните“.

Целта е јасна: зајакнување на заедницата преку партнерства.

„Овие чекори, кои ќе ги продолжиме и со други градови, претставуваат силна потврда дека преку партнерства, дијалог и конкретни активности може да се создадат услови за подобра поддршка, развој и инклузија на Македонците по потекло од Албанија, како и на сите граѓани кои се дел од нашата заедница“, категорично оценува Јани.

Јани изрази длабока благодарност до градоначалниците Јовановски и Тозиевски за нивната доверба и поддршка, како и до посветениот тим на „Зошто“ кој несебично работи на оваа благородна мисија: чекор по чекор, да изгради посилна, обединета и активна заедница.

 Здружението „Зошто“ е основано на 25 септември 2024 година со Седиште во Ресен. Неговатам мисија е Афирмација на македонската култура и идентитет. Името е почит кон романот „Зошто“ на Стерјо Спасе, еден од најголемите писатели во Албанија со македонско потекло.

Continue Reading

Македонија

Тошковски откри кои прекршоци ќе бидат на удар на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска истакна дека системот „Безбеден град“ ќе се спроведува со прецизно дефиниран праг на толеранција, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и јавниот простор, а не казнување по секоја цена.

Тошковски појасни дека системот ќе биде насочен кон препознавање и санкционирање на сериозни и опасни прекршоци, особено оние кои директно го загрозуваат животот и безбедноста на граѓаните. „Целта е да се воспостави ред и превенција, а не репресија без разум“, рече тој.

„Ќе има јасни правила, транспарентност и точно утврдени критериуми. Граѓаните ќе знаат што се санкционира и зошто. Системот нема да биде лов на прекршители, туку алатка за заштита на човечки животи“, нагласи министерот.

Проектот предвидува користење на современи технолошки решенија, вклучително камери и софтвер за следење на сообраќајот, со цел подобрување на контрола и намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Министерството најави дека имплементацијата ќе се спроведува фазно, со претходна информираност на јавноста и соодветен период за прилагодување, за граѓаните да се запознаат со новиот систем и неговото функционирање.

Continue Reading

Македонија

Пораст на нивото на реките: Пчиња, Вардар, Треска и Црн Дрим со зголемен водостој

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) алармира за значително зголемување на водостоите кај клучните реки, надминувајќи го просекот за декември.

Реката Вардар, нашиот најголем воден пат, е видно „нарасната“ долж нејзиниот тек – од Јегуновце, преку Скопје и Велес, па сѐ до Демир Капија. Слична слика се бележи и на Пчиња кај Катлановска бања, Треска кај Македонски Брод, Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун.

Од друга страна пак, нивото на Брегалница кај Берово и Штип, Пчиња кај Пелинце и Црна Река кај Новаци, се под просечните декемвриски граници.

Во однос на природните езера, ситуацијата е стабилна и без отстапувања. Водостоите на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро се во рамки на просекот за овој период од годината, ветувајќи мирување и покрај раздвижениот речен систем.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг