Connect with us

Македонија

УАПСЕН осомничениот убиец на Вања – Љупчо Палевски Палчо!

Published

on

Првоосомничениот за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо е уапсен.

Дел од медиумите објавија дека Палчо е уапсен во Турција откако по него беше распишана меѓународна потерница.

Министерството за внатрешни работи закажа прес-конференција вечерва во 22:30 часот.

Македонија

Коњановски ја започна 2025 со координација за подобра Битола

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес ја одржа првата координација за 2025 година со раководствата на јавните општински претпријатија и установи. На состанокот, заедно со секретарот Борче Димитровски, беше истакната важноста на заедничката работа и координираните активности за исполнување на најголемиот приоритет – потребите на граѓаните.

Коњановски нагласи дека општината ќе продолжи посветено да соработува со сите јавни претпри

Continue Reading

Македонија

Во Тетово фатени двајца избегани од затвор

Published

on

Полицијата утрово околу 2 часот во Тетово ги лишила од слобода Е.З. (24) и А.О. (24), и двајцата од скопското село Грчец, кои биле барани со потерници по наредба на Основен суд Скопје 1 поради бегство од КПУ Затвор Скопје.

Како што информира МВР, Е.З. е осуден на казна затвор во траење од пет години, а А.О. на казна затвор од три години. 

– Лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено-поправна установа, се наведува во соопштението од МВР. 

Continue Reading

Македонија

Владата вети крај на изградбата на патот Градско – Фариш, но и натаму се одложува пуштањето во употреба

Published

on

Владата и Министерството за транспорт, како предизборно, така и во текот на владеењето, ветуваа крај на изградбата на важниот експресен пат Градско – Фариш, преку кој лесно ќе се вози до Прилеп и Битола и пуштање во употреба до завршувањето на 2024.

Сега премиерот Никола Мицкоски вели дека по делницата ќе се вози од втората половина на јануари.

Мицкоски најави дека в сабота ќе биде пуштен експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка, а во втората половина на месецов првиот дел од пругата кон Бугарија (Куманово-Бељаковце).

Повтори дека очекува пред почетокот на туристичката сезона во Охрид  да биде пуштена  и делницата од Врбјани до Охрид на автопатот Кичево-Охрид, со исклучок на делот кај Ботун, каде има свлечиште на чие отстранување се работи. 

Според Мицкоски, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.

– Патот Гостивар-Букојчани се работи, очекувам да заврши тендерот којшто ќе ги поврзе Букојчани со автопатот Кичево-Охрид. Исто така забрзано се работи на патот Прилеп- Битола,  очекувам да почне Тетово-Гостивар  и Требениште –  ГП Ќафасан по нова рута бидејќи сегашната навлегува во делот што  е заштитен од УНЕСКО, изјави Мицоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк