Connect with us

Македонија

Мистepиja на гpoбот на Свети Никола: И покрај paзopниот земjoтpec останал целoceн – се останато било yништено (ВИДЕО)

Published

on

Античката византиска црква која се наоѓа во турското приморско градче Демре, иако на луѓето им звучи како чудна локација, е едно од најголемите христијански светилишта. Зборуваме за црквата во Анталија, за која турските археолози тврдат дека е местото на кое е погpeбан Свети Никола.

Весникот “Хуриет” пред две години пренесе дека археолозите откриле недопрен храм и гpoбница под црквата Свети Никола во Анталија.

– Постигнавме навистина добри резултати, но вистинските работи допрва ќе се откриваат. Можеби ќе го пронајдеме и недопреното тело на Свети Никола – изјавил директорот на Агенцијата за истражување и споменици во Анталија, Ќамил Карабајрам.

Се верува дека моштите на Свети Никола се пpokpиумчарени од морепловци од областа Демре во Анталија во италијанскиот град Бари.

Според до сега пронајдените документи, турските археолози веруваат дека телото на светецот сеуште би можело да се пронајде во комплексот на храмот пронајден во Анталија.

– Постои гpoб кој е поразличен од сите останати во црквата. Гробовите на другите свештеници се на самите краеви од храмот, додека овој е на средина. Ѕидовите на гробот се и понатаму неоштетени, па веруваме дека тој е недопрен. Ова е мистерија, бидејќи, иако имало разорен земјотрес, овие ѕидови се сеуште на своето место, изјавил за Дејли Меил Карабајрам.

https://youtu.be/3jLO6A2NpPU

Македонија

Хајредини: “Наместо заедно со ВЛЕН да се борите против криминалот и корупцијата, вие од АЛИЈАНСАТА сакате да ги спасите Али Ахмети и Јахоски!”

Published

on

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика бројни реакции со својата објава на социјалните мрежи.

Во неодамнешна објава на социјалните мрежи, тој истакна дека наместо борба против криминалот и корупцијата, АЛИЈАНСАТА одлучила да ги спасува Али Ахмети и Јахоски.

“Наместо заедно со ВЛЕН да се борите против криминалот и корупцијата, вие од АЛИЈАНСАТА сакате да ги спасите Али Ахмети и Јахоски!”, напиша Хајредини во својата фејсбук објава.

Continue Reading

Македонија

Николоски оствари средба со Герет Томас, министер за економија и извоз на Велика Британија: Најавена економска соработка

Published

on

Во рамки на дводневната официјална посета на Обединетото Кралство, потпретседателот на Владата и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска оствари работна средба со британскиот министер за економија и извоз, Герет Томас.

Како што информира Николоски, средбата била посветена на продлабочување на економската и стратешка соработка меѓу Северна Македонија и Велика Британија, со фокус на извозот, инфраструктурата и инвестициите.

„Во рамки на посетата на високо ниво на Велика Британија, денеска остварив средба со министерот за извоз и економија на Велика Британија, Герет Томас. Со него разговаравме за продлабочување на економската соработка меѓу двете држави, имајќи предвид дека Велика Британија е втор трговски партнер на Македонија.

Македонија извезува околу 2,5 милијарди евра во Велика Британија и имаме јасна цел тој извоз да расте и во скоро време да ја надминеме бројката од 3 милијарди евра извоз, што сериозно ја помага македонската економија, значи добро платени работни места и секако ќе значи нови работни места.“

Николоски потенцираше дека освен за трговската размена, на средбата се разговарало и за конкретни инфраструктурни проекти и можности за британска поддршка.

„Со министерот за извоз и економија на Велика Британија зборувавме за инфраструктурни проекти што ги раководам како министер за транспорт и потпретседател на македонската влада, разговаравме за развојот на железницата, за развојот на автопатите и авиосообраќајот и можностите што Велика Британија ги има за да и помогне на Македонија. Разговаравме и за финансиските можности што ги има Велика Британија, секако и околу знаењата. За таа цел остваривме и средба со компанијата “Crossrail” – компанија која е на британската влада и која ја изведе првата целосно дигитализирана метро линија во Велика Британија, тоа е линијата наречена по кралицата “Елизабета”.“

Во текот на денот, Николоски ќе има и други важни средби во Лондон, меѓу кои и со претставници на финансиски институции, како и со британската извозна агенција. Посетата продолжува и утре, со разговори на високо ниво со претставници од Министерството за надворешни работи на Велика Британија, специјалниот пратеник за Западен Балкан и други релевантни институции.

„Сметам дека оваа посета на Лондон е нов чекор во соработката меѓу Македонија и Велика Британија и со тоа ја позиционира Македонија како стратешки партнер во Југоисточна Европа на Велика Британија – нешто што е чекор напред за сите македонски граѓани и долгорочно партнерство со држава која има огромна традиција, силна економија и, како што велат, е последната империја во светот“ – изјави Николоски.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Заеднички чекори за чист воздух и борба против загадувањето

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на дискусија во Владата на Република Македонија, организирана на покана на министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Средбата беше посветена на преземање конкретни чекори во борбата против загадувањето на воздухот.

„Планската програма за почист воздух 2024 | 2030 е добра основа за заштита на нашите граѓани од штетните еколошки влијанија“, истакна Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека меѓу најважните активности кои следуваат се зачестените инспекциски контроли, зголемено користење на еколошки извори на енергија и намалување на користењето несоодветни материјали за затоплување.

Градоначалникот изрази уверување дека преку добра координација меѓу институциите, како што веќе станува пракса, овие заложби ќе дадат конкретни резултати во унапредување на квалитетот на воздухот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк