Connect with us

Инфо +

Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја

Published

on

Министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција кажа дека ЕСМ е во многу лоша состојба и ќе бидат потребни финансиски средства за справување со грејната сезона. Министерката дополни дека тоа е причината зошто од септември месец се набавуваат големи количини електрична енергија.

Следните седум дена ќе правиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија. Сето тоа зависи и од хидрологијата. Во моментов акумулациите се полни само со 24 отсто што воопшто не е во ред, меѓутоа може да се наполнат акумулациите ако ноември е дождлив. Што се однесува за финансии – со премиерот имаме дискутирано и тука, иако не е финализирано, имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме разговарано како, но ќе бидат домашните банки – рече Божиновска.

Министерката рече дека кон ЕВН има голем долг кој не е платен во изминативе 3 години, но дека се договориле тој да се исплаќа повеќе години.

Изминатите три години не е платен ниту денар на име субвенционирана струја. Тоа што го гледавме на сметките дека владата го покрива како трошок на граѓаните не е платено. Сметката стигна сега. 60 милиони евра е долгот во однос на ова што го имаме. Разговаравме со ЕВН за долгот. Тие се свесни за состојбата на нашиот буџет кажаа дека ова не е нешто што треба да се врати за една или две години и дека се спремни да дискутираме. Знаат дека тоа ќе биде долгорочно – додаде Божиновска.

Македонија

Бајрам не е избеган, само не живее тука – Прва изјава на адвокатот Апостолски

Published

on

Адвокатот Антонио Апостолски ќе го застапува поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами во случајот за кој тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште неколкумина е осомничен за проневера на околу 8 милиони евра во Лотарија.

Информацијата за МИА ја потврди самиот Апостолски, кој рече дека Бајрами не е избеган од државата туку веќе неколку месеци живее надвор од државата.

И премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за овој случај, во гостувањето на емисијата „Кликплус“ рече дека директорот на Државната лотарија подолго време не е во државата.

– Моите информации се дека поранешниот директор на „Државна лотарија“ подолго време не е во земјата. Додека, поранешниот вицепремиер во текот на вчерашниот ден со еден стопанственик, со возило со дипломатски таблици ја напуштил Македонија и се упатил кон нашиот северен сосед Косово – рече Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

ДУИ СЕ ПРОТИВ МАКЕДОНСКАТА ХИМНА не сакаат да се интонира на значајни настани и датуми во средно

Published

on

Демократската унија за интеграција (ДУИ) најостро го осудува поминувањето на понатамошна фаза на Предлог-законот за измени во средното образование, кој според нив, наметнува моноетнички решенија и го нарушува духот на меѓуетничкиот соживот.

Според ДУИ овој закон е чекор назад и неприфатлив за една мултиетничка држава како што е Македонија.

„Уште посрамно е однесувањето на коалицијата ВРЕДИ. Со тоа што не гласаа, тие молчеа и практично дадоа поддршка за овој закон. Помеѓу стравот од гневот на народот кој толку многу го понижија и стравот од нивните падрони од ВМРО-ДПМНЕ, тие останаа парализирани. ДУИ ги поддржува активностите на Фронтот за блокирање на овој закон“, велат од партијата.

Со предложениот закон за средното образование, се предвидува интонирање на македонската химна на значајни настани и датуми. Инаку во предложениот закон средното образование се дефинира како институционално, кадровски и содржински организирано, овозможувајќи образование за сите ученици во средното образование, вклучително и за деца со странско државјанство или деца без државјанство, формирање на инклузивни тимови и поддршка за ученици со попреченост. Се воведува кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование, дигитални вештини, квалификации стекнати по завршување на средното образование. Со новиот закон се воведува и нова концепција за испити на крајот на средното образование.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: 85 милиони долари за праведна транзиција, планот проценет на 3 милијарди евра

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, објави дека за проектите од праведната транзиција се достапни 85 милиони долари, додека вкупните инвестиции се проценуваат на 3 милијарди евра.

На состанокот на Советот за праведна транзиција беа разгледани и усвоени клучни точки од реформската агенда и планот за праведна транзиција до 2025 година. Божиновска истакна дека овие средства ќе бидат насочени кон проекти кои ќе овозможат намалување на зависноста од фосилни горива, развој на обновливи извори на енергија и отворање на нови зелени работни места.

„Ова е историска можност за нашата земја да направи значаен чекор кон одржлив економски раст и заштита на животната средина. Планот за праведна транзиција не е само енергетска стратегија, туку и социјален и економски импулс што ќе донесе конкретни придобивки за граѓаните,“ изјави Божиновска.

Планот за праведна транзиција вклучува финансирање на проекти за декарбонизација, развој на инфраструктура за обновливи извори на енергија, како и поддршка за заедниците кои најмногу ќе бидат погодени од транзицијата.

Министерката нагласи дека Владата ќе работи заедно со меѓународните партнери за осигурување на дополнителни средства, со цел планот да биде успешно имплементиран и да обезбеди економска стабилност и енергетска независност.

Советот за праведна транзиција ќе продолжи со редовни состаноци, при што ќе се следи напредокот на планираните активности и проектите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк