Connect with us

Инфо +

РЕК Битола не е во најдобра кондиција, не може да сметаме на сите три блока, вели Божиновска

Published

on

Во следните седум дена ќе го правиме енергетскиот биланс. Ги гледаме состојбите, односно колку електрична енергија ќе ни недостасува. Ќе гледаме да набавиме на малку подолгорочен рок, односно нема да купуваме недела однапред енергија бидејќи тогаш е навистина многу скапо, информира денеска министерската за енергетика Сања Божиновска.

-Капацитетите на РЕК Битола не се во најдобра кондиција и не можеме да сметаме на сите три блока, тоа го наследивме и свесни сме дека е од 1984 година. Затоа ќе направиме струја за четвртиот квартал и евентуално за првите три месеци од 2025 година. Цените сега на берза се околу 100 евра за мегават час што значи дека иако има војна, нема некои енормни поместувања на цените на електрична енергија досега, рече Божиновска во одговор на прашање на денешниот отчет за 100 дена Влада.

Следните седум дена, прецизира, ќе направиме точен енергетски биланс и се надеваме дека ќе ги имаме точните бројки за потребна електрична енергија.

-Тоа зависи исто така и од хидрометеорологијата. Моментално исполнетоста во акумулациите е само околу 24 проценти што воопшто не е во ред, меѓутоа ако е ноември дождлив може да се наполнат. Што се однесува за финансии со премиерот имаме дискутирано и имаме добри шанси да набавиме финансиски средства. Се уште немаме точно разговарано, меѓутоа ќе бидат од домашните банки, рече Божиновска.

Прашана дали ќе поскапи производната цена на електричната енергија на ЕСМ од 1 јануари идната година, а со тоа и цената што ја плаќаат граѓаните, рече дека финалната цена се состои од повеќе импути, меѓу кои и цената на електрична енергија од ЕСМ.

-Ќе работиме за најдобар интерес за граѓаните. Никој не би сакал да види поскапување на електричната цена, меѓутоа тука влегуваат и трошоците од МЕПСО, значи не е само цената на ЕСМ. Ние ќе ја дискутираме цената и ќе видиме колку проценти ќе се понудат. Како што знаете минатиот пат претходната влада понуди 85 проценти, па потоа ние понудивме уште 15 проценти на универзалниот снабдувач, така што во ноември би требало да се разјаснат овие работи. Има време уште за тоа, прецизира Божиновска.

Балкан

Стерјовски за МЦН: Во Албанија живеат над 100 илјади Македонци

Published

on

Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана.

Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди.

Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник и областа Девол, долж албанско – македонската граница. За жал и ден денес се следи комунистичката политика, која нас Македонците не признава како малцинство само во областа Преспа, Општина Пустец. Не ги признаваат Македонците во Гора и Голо Брдо. Ним дополнително им се вршеше притисок и на другите пописи да не се изјаснуваат она што се – Македонци, рече Стерјовски.

Освен во овие области повеќе десетина илјади Македонци живеат во Тирана, Елбасан, Драч, Кукс и други градови.

Continue Reading

Македонија

Суштината од посетата на САД ќе се види во периодот што следи

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју за МТВ од Њујорк беше запрашан дали поканата која ја добил за присуство на настанот од инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамнп во Вашингтон била добиена „по приватни канали“ и скапоплатена од специјализирана агенција, или пак ја добил официјално по иницијатива од САД. Вели поканата не е најважното нешто, туку инвестиции во Македонија кои таа посета ќе ги донесе. Според него допрва ќе бидат објавувани кои се бенифициите за земјата од посетата на САД.

-Видете јас ги следам случувањата дома, и тоа што го прави опозицијата за мене е разбирливо. Тие сакаат тема од оваа посета да биде поканата. Но, суштината од посетата ќе ја гледаат допрва во периодот што следи.

Факт е дека како и секоја церемонија на инаугурација на претседател на САД е да биде на истото место – прво во ротондата во самиот Конгрес, а вториот дел е таму кај што го држеше говорот претседателот Трамп во салата на Вашингтон Визардс, каде јас бев во апартманскиот дел. Тоа беше голема чест што присуствувам на тој настан, а се друго оставам на политичкиот фолклор, рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека во ВИП-просторот го следел настанот заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли, и со сопственикот на НБА-клубот Шарлот Хорнетс, кој како што рече тој, е милијардер кој се бавел со продажба на недвижнини.

Continue Reading

Балкан

Хрватското МНР препорача нејзините државјани да не патуваат во Србија

Published

on

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи даде препораки за патување во Србија откако Хрватска упати протестна нота поради третманот на хрватските граѓани во таа земја.

„Се препорачува одложување на сите несуштински патувања, зголемена претпазливост, следење на моменталната состојба и добивање подетални информации пред патување поради евидентираните несоодветни и неосновани постапки на властите на Република Србија кон хрватските граѓани“, наведува хрватското МНР.

На хрватските граѓани им се препорачува да избегнуваат места каде се собираат голем број луѓе.

Се додава дека во случај на потреба, хрватските граѓани имаат право да побараат контакт со Амбасадата на Република Хрватска во Република Србија во секое време.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ претходно, коментирајќи го притворот на петмина хрватски државјани без никакво објаснување во Белград, изјави дека дополнително треба да се размисли дали моментално е вистинското време за патување во Србија.

Србија вчера депортираше 5 хрватски државјанки.

Српското министерство за надворешни работи денеска ги осуди обвинувањата на државните службеници и политичарите во Хрватска против српските власти за протерување на неколку хрватски државјани, наведувајќи дека Загреб треба да одговори на својата јавност зошто никој од другите хрватски граѓани во Србија не се соочува со непријатности.

Во врска со овонеделното притворање и депортирање на хрватските државјани кои присуствуваа на работилниците организирани од фондацијата „Ерсте“ во Белград како претставници на невладини организации, српското МНР наведе дека одговорот „треба да содржи и информации за тоа што всушност правеле во Србија“.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк