Connect with us

Македонија

Божиновска уште лани на 14 септември поднела молба за откажување од бугарско државјанство

Published

on

Лани на 14 септември министерката за енергетика Сања Божиновска побарала отпуст од бугарско државјанство, стои во документот што МКД.мк го доби од нејзиниот кабинет. Според вообичаените процедури Mинистерството за правда, дирекција за бугарско државјанство, преку Советот за гражданство (државјанство), отпустот се одобрува по автоматизам.

На петочната конференција за медиуми министерката Божиновска беше прашана за тоа до каде е процедурата за откажување од нејзиното бугарско државјанство. Ќе се консултирам со адвокат, кусо одговори министерката. Таа рече дека поседува само македонско и чешко државјанство.

„Во врска со тврдењата за бугарско државјанство, сакам да нагласам дека не поседувам бугарско државјанство и сите релевантни информации се транспарентно наведени во мојата биографија“, одговори Божиновска во јуни годинава.

 

Бугарската агенција БГНЕС, по конференцијата за медиуми на Божиновска, објави дека, според нивни анонимни извори во Министерството за правда, на Божиновска не ѝ е издаден указ за ослободување од бугарското државјанство.

Божиновска неколкупати изјавуваше дека поднела барање за откажување од државјанството.

„Во еден период од животот, како и многу Македонци, од економски причини сум имала бугарски пасош и мислам дека сум една од ретките која се откажала, сум го вратила државјанството и немам повеќе валидна патна исправа, ни лична карта. И никој не се занимава зошто имам чешки пасош“, вели Божиновска.

Македонија

ШПАНСКИ ТИНЕЈЏЕРИ СЕ ПРИВЕДЕНИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Патувале со родителите и носеле куп петарди

Published

on

На граничниот премин Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи, а додека со родителите да се изврши информативен разговор, информира МВР.

Continue Reading

Македонија

Гореше автомобил во Битола

Published

on

Во Секторот за внатрешни работи – Битола, ноќеска на полноќ било пријавено дека на улицата „Глигор Прличев“ настанал пожар во патничко моторно возило марка „пежо“ со битолски регистарски ознаки. Тоа било сопственост на В.А .од Битола.

Од СВР – Битола соопштија дека пожарот бил изгаснат од страна на битолската Територијална противпожарна единица. Повредени лица нема, причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР – Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Македонија

Тепачка пред казино интервенирала полицијата

Published

on

Физичка пресметка се случила рано утрово пред казино во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Утринава во 04.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од неготинско село, затоа што пред казино во градот, тој и неготинецот Д.Ј.(35), по  вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека со Д.Ј. бил извршен службен разговор, а А.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк