Connect with us

Европа

„Ако победи Трамп ќе отворам неколку шишиња шампањ“, изјави Орбан

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе отвори „неколку шишиња шампањ“ доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа.

Орбан треба да биде домаќин на колегите лидери на ЕУ на самитот во Будимпешта неколку дена по претседателските избори во САД на 5 ноември.

„Ќе отвориме неколку шишиња шампањ ако Трамп се врати“, рече Орбан, опишувајќи го самитот на ЕУ во ноември како момент за „блокот да се собере за да се обиде да најде заеднички глас“.

Орбан рече дека Трамп, доколку биде избран за претседател, нема да чека до неговата инаугурација, туку веднаш ќе дејствува „за да се воспостави мир“ меѓу Украина и Русија „за како европски лидери да немаме што да изгубиме“.

„Прво треба да реагираме интелектуално, филозофски, а потоа и стратешки“, рече тој.

Трамп постојано тврдеше дека може да донесе мир во Украина „многу брзо“, без да понуди никакви детали за тоа како би можело да се постигне трајно решение.

Ставовите на Орбан за руската инвазија многу ги отсликуваат ставовите на Трамп, кој беше обвинет од потпретседателката на САД и кандидат за претседател на Демократската партија Камала Харис дека ги повторува идеите на Владимир Путин, пишува Гардијан.

Европа

Во Украина пристигнува специјално оружје – 15.000 единици ќе бидат распоредени на фронтот

Published

on

Украина постави цел да распореди 15.000 роботи на фронтот до крајот на оваа година.

Ова е наведено во материјалот на ЕП, повикувајќи се на директорот на одделот за набавки во Министерството за одбрана, Глеб Каневски.

Се напоменува дека, за разлика од претходната година, договорите веќе се во тек.

Агенцијата за одбранбени набавки на ЕП извести дека Министерството за одбрана во втората половина на 2024 година потпишало 6 договори за набавка на копнени роботи, а за првиот квартал на 2025 година – 31 договор.

„Минатата година ставивме стотици роботи на првата линија на фронтот. Оваа година планираме да ги ставиме на илјадници“, изјави директорот на Тенкореа, Максим Василченко.

Continue Reading

Европа

Ништо од договорот? Откриено што се случува во моментов во Украина и Русија

Published

on

Иако Украина и Русија постигнаа договор со Соединетите Американски Држави за пауза во нападите на енергетската инфраструктура, двете страни денес се обвинија меѓусебно за кршење на истиот.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека Украина во последните 24 часа двапати нападнала руски енергетски објекти, и покрај договорот, постигнат со посредство на САД, за прекин на нападите на енергетската инфраструктура на двете земји.

Според наводите на министерството, Украина извела напади со дронови и артилерија на објекти во руската област Курск. Како што пренесе РИА Новости, тоа довело до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека во руските напади оштетиле енергетски објекти во областите Суми и Дњепропетровск.

– Беспилотно летало погоди трансформаторска станица во североисточната област Суми, додека артилериска оган оштетил далековод во централната област Дњепропетровск, поради што без струја останале речиси 4.000 потрошувачи – напиша Зеленски на Икс.

Москва досега ја одби американската понуда за целосно примирје, пренесува Ројтерс.

Continue Reading

Европа

Уште една држава во Европа започнува со сериозна подготовка за војна со Русија? Се повлекуваат од важен договор, и забрзано работат на својата одбрана

Published

on

Финска планира да се повлече од глобалната Конвенција за забрана на противпешадиски мини и да ги зголеми своите воени трошоци на најмалку три проценти од БДП до 2029 година, како одговор на растечката воена закана од Русија, објави финската влада, пренесува Ројтерс.

Полска и балтичките земји – Естонија, Летонија и Литванија – веќе соопштија дека се повлекуваат од Конвенцијата од Отава од 1997 година, поради заканата што Русија ја претставува за нив и за Европа.

Со повлекувањето од договорот, Финска, која има најдолга граница со Русија од сите членки на НАТО, би можела повторно да почне со складирање противпешадиски мини, доколку биде потребно.

На прес-конференција, премиерот Петри Орпо истакна дека иако во моментов нема непосредна воена закана за Финска, Русија претставува долгорочна опасност за цела Европа.

„Повлекувањето од Конвенцијата од Отава ќе ни овозможи да се подготвиме подобро и поцелосно за промените во сегашната безбедносна средина“, рече Орпо.

Тој додаде дека Финска ќе инвестира дополнителни три милијарди евра за одбраната, што ќе ги зголеми воените трошоци од 2,41 отсто од БДП во 2024 година на три отсто до 2029 година.

„Ова е дел од нашиот придонес за Европа, која презема поголема одговорност за својата одбрана“, напиша финскиот претседател Александар Стуб на Х.

Финска се приклучи на НАТО во 2023 година, што претставува значајна политичка промена по децении неутралност.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк