Connect with us

Свет

Бајден до жителите на Флорида: Евакуирајте се, ова е прашање на живот и смрт

Published

on

Претседателот на САД, Џо Бајден се обрати денеска до жителите на крајбрежните области на Флорида, каде живеат повеќе милиони луѓе, веднаш да се евакуираат со приближувањето на ураганот Милтон.

-Ако ви е наредено да се евакуирате, треба веднаш да го направите тоа… сега, сега, сега. Веќе требаше да се евакуирате. Ова е прашање на живот и смрт, и не е претерување, истакна Бајден денеска на брифинг за новинарите.

Милтон пристига од Мексиканскиот залив кон западниот брег на Флорида. Жителите моментално имаат само неколку часа да се евакуираат или да се засолнат на безбедно место. До доцна вечерва ураганот се очекува да донесе опасен по живот прилив од бранови, силни ветрови и дождови во регионот кој пред две недели веќе беше погоден од ураганот Хелен.

Милиони луѓе долж крајбрежјето долго повеќе од 300 милји (483 км) добија наредба за евакуација, а денеска наутро како ураганот се приближува, властите издава се посериозни предупредувања.

Началничката на службата за итни случаи во округот Сарасота, Сандра Тапфуманеи, изјави за Си-Ен-Ен дека прогнозираниот прилив на морска вода во висина од 10 до 15 стапки и тоа претставува закана по животот на луѓето кои останаа на бариерните острови јужно од Тампа.

Ураганот Милтон се приближува кон регионот Тампа Беј, каде што живеат повеќе од три милиони луѓе. Неговата траекторија може да се промени, велат метеоролозите.

Во осум часот наутро центарот на бурата беше на 250 милји (405 км) југозападно од Тампа. Во средата наутро интензитетот на бурата се намали на четврта категорија, но стана „исклучително опасен ураган“ со максимални постојани ветрови од 155 милји на час (249 км/ч), соопшти Националниот центар за следење на урагани.

Милтон се очекува да ја задржи ураганската сила додека го минува полуостровот Флорида создавајќи опасност од приливи од бранови и на атлантскиот, источниот брег на државата.

Иако брзината на ветровите може дополнително да се намали, големината на ураганот се зголемува, создавајќи закана за крајбрежните области.

Претседателот Џо Бајден синоќа разговарал со началниците на окрузите Клирвотер и Пинелас, соопштија денеска од Белата куќа. На пладне денеска Бајден и потпретседателката Камала Харис беа информирани за бурата, по што претседателот се обрати пред медиумите.

-Му наредив на овој тим да направат се што е можно за да ги спасат животите на луѓето и нашите заедници, да им помогнат на нашите заедници пред, за време и по овие екстремни временски настани… и тоа веќе се прави, изјави Бајден. 

-Разговарав со сите политички лидери во регионот, со некои од нив – повеќе од еднаш. Им реков дека ќе добијат сѐ што побараат, вети тој.

Свет

Најновата изјава на Трамп предизвика страв во Украина, но и големо разочарување за Европа

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина да не ја преживее војната против Русија, дури и ако САД продолжат со испорака на помош за Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој истакна дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија.

„Потребни се двајца за тоа. Оваа војна не требаше да се случи, а сега сме заглавени во хаос“, изјави Трамп.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја примал помошта од САД во време на Џозеф Бајден „како бонбони од бебе“, а со промена на политиката, тие „бонбони“ биле земени. Трамп потврди дека Зеленски бил „неблагодарен“ за време на разговорите во Белата куќа во февруари, што завршиле со размена на остри зборови.

Кога беше запрашан да одговори на критиките дека намалува политички притисок врз Русија, Трамп одговори дека „никој не бил построг кон Русија од Доналд Трамп“. Тој додаде дека САД „речиси“ го прекинале замрзнувањето на размената на разузнавачки информации со Украина и дека очекува позитивни резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.

Continue Reading

Свет

Трамп удира со 250% царини – која економија ќе колабира?

Published

on

Американскиот претседател тврди дека САД досега биле ограбувани бидејќи нивните граѓа и млечни производи биле царинети со истата царинска стапка од северниот сосед.

Само еден ден по продолжувањето на воведувањето царини од 25% за сите канадски производи за еден месец, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ѝ се закани на Канада со царини за граѓа и млечни производи.

– Канада ни краде граѓа и млечни производи со години – рече Трамп кон крајот на минатата недела, потсетувајќи дека Канада има царина од 250% за американските млечни производи.

Тој најави и дека наскоро ќе воведе царини од 250% за истата стока.

-Ќе наплатиме иста сума. Не е фер. Никогаш не било фер и лошо се однесувале со нашите земјоделци – додава тој.

Канадската министерка за трговија Мери Нг ги негираше наводите на Трамп, велејќи дека не е точно дека Канада краде од САД. Таа оцени дека американските реципрочни царини би биле целосно неоправдани.
Последните најави на Трамп се уште еден удар за инвеститорите, компаниите и потрошувачите, иако неговата најава на 6 март дека ќе чека уште еден месец со царината од 25% за ите канадски производи беше олеснување за многу индустрии, особено автомобилскиот и земјоделскиот сектор, пишува Си-Ен-Ен.

Continue Reading

Свет

После хаотичните изјави и неодамнешните несогласувања, Зеленски и Украина конечно добија добри вести

Published

on

Старлинк никогаш нема да ги исклучи своите терминали во Украина, изјави синоќа на „Икс“ Илон Маск. Изјавата предизвика коментари од полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Изјавата на Маск доаѓа по претходно изнесени многу поразлични ставови во однос на војната во Украина од оние на властите во Киев.

-Никогаш не би го направиле тоа и никогаш не би ја искористиле Украина како монета за поткусуруање, изјави Маск. Сикорски на ова одговори дека Полска платила за употребата на Старлинк во Украина и заканата да биде исклучена оваа сателитска мрежа ќе значи дека тие ќе бараат друга.

Државниот секретар Марко Рубио са надоврза на оваа изјава со ставот дека „никој не се заканил дека ќе ја исклучи Украина од Старлинк“.

-И кажете благодарам, затоа што без Старлинк Украина одамна би ја изгубила војната, а Русите сега ќе беа на границата со Полска“, му одговори Рубио на Сикорски. Маск потврди декај коментарот на Рубио бил „апсолутно точен“ и го нарече Сикорски „мал човек“.

Овие коментари го натераа полскиот премиер Доналд Туск да ги повика сојузниците да покажат респект кон помалите парнери а не ароганција.

Од Белата куќа претходно потврдија дека информациите за исклучувањето на Старлинк во Украина се лажни.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк