Connect with us

Македонија

Царината конечно почна да функционира: Заплените зголемини за 60%

Published

on

Царинската управа по промената на власта за три месеци остварила приходи од речиси 600 милиони евра, односно за 9% или 48 милиони евра повеќе во споредба со истито период лани.

Царинската управа по промената на власта за три месеци остварила приходи од речиси 600 милиони евра, односно за 9% или 48 милиони евра повеќе во споредба со истито период лани, информираше директорот Бобан Николовски на прес-конференцијата по повод 100-те дена влада.

За понатамошен успех, како што најави тој, во иднина приоритет ќе биде бескомпромисната борба со криминалот и корупцијата, односно менување на свеста кај цариниците од кои ќе се бара интегритет и почитување на униформата, бидејќи, како што кажа, приходите кои ги носи управата се клучни за државниот буџет.

-Првиот месец, од преземањето функцијата директор, јули 24-та година е одбележан како месец во кој царинската управа има рекордна наплата, гледано на месечно ниво од близу 12 милијарди денари, наплата што претставува најголем износ од постоењето на царинската управа. Важно е да се истакне дека учеството на царинската управа во вкупните приходи од буџетот на државата е 41%, а ако го издвоиме учеството во даночните приходи уделот на царинската управа е 73% кои се остваруваат преку приходите во наша надлежност. –Бобан Николовски – Директор на Царинска управа.

На граничните терминали во меѓувреме е поставен систем за видео надзор со висока интелигенција, кој автоматски ќе препознава регистарски таблички, па согласно националните и меѓународни податоци ќе означува возила поврзани со организиран криминал и со трговија на луѓе, како и шверц и други нелегални активности. воедно тој ќе овозможи и следење на царинските објекти, помагајќи да се открие сомнително однесување, вели Лакордов – директор на секторот за контрола и истраги

-Интегрираниот систем за видео надзор, треба да гарантира дека царинските службеници ги извршуваат своите должности професионално и етички, помагајќи да се спречи корупција, недолично однесување или злоупотреба на должноста. Снимките може да се споделуваат и со други агенции за спроведување на законот за помогнат во пошироки истраги и правни постапки- Влатко Лакордов – Директор на сектор за контрола и истраги.

Според денеска презентираните податоци на царинската управа, во изминатите три месеци за 60% е зголемен бројот на заплени, меѓу кои ги посочија, спречување на шверц на цигари, одземање на златен и сребрен накит, девизи во вредност од над 100.000 евра, како и голема количина на дрога и лекови.

Македонија

Богојески го отпушти советникот на Заев

Published

on

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, му дал отказ на Ѓорѓи Тасев, поранешен советник за млади на премиерот Зоран Заев.

Информацијата беше потврдена од свиркач во институцијата, а Богојески, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека „престанала потребата од работен ангажман на г. Тасев“ во Агенцијата.

Од Националната агенција потврдија дека е прекинат работниот однос со неколку надворешни соработници, со образложение дека повеќе не постои потреба за нивно ангажирање на позициите согласно договорите.

„Агенцијата ќе продолжи да се придржува кон принципите на професионалност, транспарентност и ефикасност во своето работење“, соопштија од институцијата.

Continue Reading

Македонија

49 лица, најмногу од нив лекари и медицински лица, вмешани во издавањето инвалидски пензии за ситно мито

Published

on

Министерството за внатрешни работи во координација со надлежен јавен обвинител при ОЈО за ГОКК вчера спроведе полициска акција, при што беа извршени претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес, Тетово и Гостивар и од слобода се лишени 23 лица, а едно лице не е достапно на органите на прогон. 

Како што соопштуваат од МВР, при извршените претреси пронајдени и одземени се 110.000 евра, 65.000 денари и 100 долари, повеќе мобилни телефонски апарати, нотеси со податоци на должници, како и разна медицинска документација и повеќе факсимил печати.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 49 лица и тоа: С.М. (58) од Скопје (поранешна вработена во Универзитетската клиника за уво, нос и грло Скопје), Г.К.Б. (55) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за уво, нос и грло Скопје, член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа), П.М.Д. (73) од Скопје (лекар, член на Комисијата за оцена на работна способност во ФПИОСМ во период од 01.02.2023 до 30.06.2024), М.П. (53) од Скопје, Ч.Ј. (63) од Скопје, Г.Б. (54) од Скопје (вработен во ЈП Македонија пат), С.Л. (50) од Скопје (вработена во Универзитетска клиника за неврологија Скопје), К.Н. (69) од Велес (пензиониран лекар, во моментот вешто лице за Основен кривичен суд Велес), Ј.К. (47) од Скопје (сопственик и управител на правно лице од Скопје), В.К. (42) од Велес (адвокат), Б.Б. (44) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес, претседател на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес), Т.Ј. (50) од Велес (вработен во ЈЗУ Општа болница Велес), Б.Ј. (45) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), К.Х. (63) од Скопје (вработен во Универзитетска клиника за психијатрија Скопје и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност, односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, демографија и млади), Ј.Ј. (66) од Крива Паланка, В.С. (65) од Велес, Т.Д. (61) од Студеничани, Л.Ј. (62) од Скопје, Е.Т. (55) од Велес, Д.Д. (52) од Скопје (вработен во ЈУ Центар за социјална работа – Тетово), В.Ј. (49) од Велес (лекар, овластено лице во ординација за општа медицина и специјалистички ординации во Велес), Ј.Д.Р. (33) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Б.К. (60) од Велес (лекар, овластено лице во ординација по општа медицина во Велес), Е.З. (41) од Велес (вработена во ЈЗУ Општа болница Велес), М.Љ. (69) од Скопје, В.М. (60) од Скопје, Н.Р. (48) од Тетово, С.Р. (72) од Тетово, Ј.К. (34) од Скопје, В.С. (62) од Скопје, М.Ј. (54) од Скопје, Х.М. (50) од Скопје, В.А. (60) од Куманово, Г.А. (61) од Скопје, М.Г. (56) од Скопје, С.Д (59), М.Ј. (56) од Велес, Р.Љ. (73) од Гостивар, М.Ф. (58) од Гостивар, Н.Ф (65) од Гостивар, Ф.Љ. (54) од Гостивар, Ќ.Ј. (60) од Студеничани, Е.К. (52) од Скопје, Л.Р.(57) од Куманово, З.Б. (53) од Скопје, Г.З. (59) од Куманово, Д.А. (47) од Велес, Љ.Ц. (46) од Скопје и Д.Ѓ. (62) од Велес, за кои беа обезбедени докази за криминално коруптивно дејствување на две организирани криминални групи, двете формирани во текот на 2023 година, при што членови на организираните криминални групи со прекршување на Законот за социјална заштита, Законот за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравствена заштита, како и други закони и подзаконски акти кои ги регулираат постапките за стекнување со право на помош и нега од друго лице и право на инвалидска пензија, во континуитет ги извршувале кривичните дела: „злоупотреба на службената положба и ги овластување“ по чл. 353 од КЗ, „помагање“ по член 24 во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ по чл. 353 од КЗ, „примање поткуп“ по член 357 став 1 од КЗ, „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ, „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 став 7 вв став 2 од КЗ, „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а став 2 од КЗ, со кои за себе и за други лица противправно прибавуваат имотна корист и овозможуваат неосновано стекнување со социјално право на туѓа нега и право на инвалидска пензија, со кои противправни дејствија предизвикуваат штета на буџетот и фондовите на државата.

Двете организирани криминални групи делувале на начин што од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барале и примале пари–поткуп, а за возврат извршувале противправни дејствија со директно или индиректно давање или нудење на парични награди поткуп на службени лица, а со кои дејствија на барателите им обезбедуваат исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега, како што се: постапките за остварување на право на туѓа нега ги пријавувале барателите кои давале поткупи кај матични доктори кои вршеле дејност во Велес како Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“, обезбедувале вршење медицински прегледи кај матичните доктори и издавање на медицински упати и други медицински документи на лицата кои давале поткуп без нивно присуство, обезбедувале клинички или болнички прегледи кај доктори и медицински лица без присуство на лицата и обезбедувале издавање на медицински документи за извршените прегледи, како и противправни дејствија на изготвување, обезбедување и употреба на медицинска документација во вид на медицински упати, отпусни писма, медицински извештаи, контроли и контролни прегледи, психолошки тестови, конзилијарни мислења, потврди за медицински помагала и друга медицинска документација, кои документи се со невистинита содржина, а врз основа на која документација, преку припадниците на криминалната група кои се членови во Комисиите кои одлучувале за остварување на право на туѓа нега, влијаеле и овозможувале успешно водење на постапките, како и донесување одлуки во корист на барателите на овие социјални права, односно донесување на одлуки за право на туѓа нега во корист на лицата кои давале поткуп на членовите од двете криминални групи, соопшти МВР.

Continue Reading

Македонија

Скопјанец дал 23.000 евра за вработување на внукот, па го пријавил измамникот што не го вработил

Published

on

На 23.04.2025 во 19.30 часот во СВР Скопје, 65-годишен маж од скопско пријавил дека во периодот од мај 2024 до септември 2024 година бил измамен од лицето Ф.„Н“ за сума од 23.000 евра.

Според пријавеното, тој му ги дал парите во неколку наврати за да помогне во вработување на негов внук, но до пријавувањето на настанот не го исполнил договореното.

Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк