Connect with us

Балкан

Рама: Со спречувањето на Северна Македонија и се нанесе голема штета на државата, на луѓето и на регионот

Билатерализацијата на патот на една земја кон Европската Унија е болна работа, бидејќи ако се билатерализира овој процес само и се нанесуваат штети на таа држава, порача денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама на прес-конференција по одржувањето на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започна пристапните преговори по кластери.    – Со билатерализацијата само им се нанесува штета на она што го викаме збир на стандарди и вредности, порача Рама на заедничката прес-конференција со унгарскиот министер за надворешни работи и трговија и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

Според Рама, со блокирање на европскиот пат на една земја само и се прекинува дотокот на кислород и се попречуваат нејзините можности да се стекне со знаења како да ги развива своите институции, да воспостави систем на вредности, владеење на правото и функционална демократија.

– Со спречувањето на Македонија, а потоа и Северна Македонија, да направи ова и се нанесе голема штета на државата, голема штета на луѓето и со тоа и голема штета на регионот, истакна албанскиот премиер.

Тој нагласи дека на секоја земја кандидат за членство може да се блокира во секое време, но треба да и се дозволи да учи како да ги изгради своите инсинуации, да ги спроведе сите потребни реформи и да воспостави индивидуални слободи, владеење на правото и демократија.

– А потоа кога ќе стане членка, може да и кажете не ми се допаѓа твоето име, но барем сте и дале можност да функционираат како земја членка на ЕУ. Тогаш кажете дека не ви се допаѓа името…, а не кога на земјата и треба поддршка. Затоа тогаш имаме земја кој пред 20 години беше неспорно ориентирана кон западната евроатлантска заедница, а погледнете кој денес е најпопуларен политичар во Македонија, во Северна Македонија или како и да е, истакна Рама, додавајќи дека сака сега да има телефонски повик од неговите грчки пријатели и да му кажат дека рекол Македонија.

Тој нагласи дека се чувствува навистина тажно што, како што рече, братската Македонија, се уште не може да влезе во фазата од преговорите во кои сега е Албанија, иако беше меѓу првите, ако не е прва, што го започна овој процес меѓу државите во регионот.

– Па кога зборувам за нашите понижувања затоа што три пати по ред бевме одбивани за почеток на пристапните преговори, тогаш се чувствувам некако засрамено затоа што морам да помислам на понижувањата на Северна Македонија. Тие го сменија името и за да можат да започнат преговори, нагласи Рама, додавајќи дека историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за која било земја.

Тој потенцира дека иако како и многумина го сака Александар Македонски, сепак не му е важно која во минатото била чија мајка, кој со го водел љубов и каков бил идентитетот на некого во тоа време.

– Навистина тоа се многу интересни теми за историчарите, но не мислам дека тоа треба да биде дел од поврзувањето со Европската унија… Треба да гледаме на минатото со очите на иднината. Гледајќи во иднината со очите на минатото само ќе донесе компликации, заклучи Рама.

Во врска со можното повторно здружување на Албанија со Северна Македонија Тој нагласи дека Албанија во минатото насилно многу пати била здружувана со други – со Османлиите, со Италијанците, со Југословените, со Советскиот Сојуз и со маоистички Кина, и од сите овие здружувања сфатила дека не сака да бидеме здружена со сила од никого, туку сака да биде здружена со Европската Унија.

– Но, наеднаш се најдовме здружени со Македонија. Ајде да кажеме дека тоа не беше толку лошо, затоа што можеме да ги споделиме нашата тешки ситуации едни со други. Бевме како Владимир и Естрагон кои го чекаат Годо, а Брисел и во тоа време изгледаше како Семјуел Бекет, рече Рама, додавајќи дека таквата ситуација за двете земји изгледала како приказна без крај.

Во врска со повторното здружување на Скопје и Тирана на европскиот пат, еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји истакна дека двете земји можеби политички биле во пакет, но во пракса никогаш не биле поврзани во напорите за приближување кон ЕУ бидејќи, тоа е процес заснован на индивидуални заслуги.

– Здружувањето на земјите кандидати една со друга, би значело дека правиме компромиси или дозволуваме да се прават компромиси врз основа на принципот на заслуги, кој е еден од темелите на Копенхагенските критериуми, истакна Вархеји.

Сијарто, пак, рече дека верува оти Северна Македонија заслужила да ги започне суштинските преговори, но дека сите знаат со какви пречки се соочува.

– Она што можам да ви ветам како унгарско претседателство е дека ќе продолжиме да ги поддржуваме двете земји за да можат да минат низ процесот на пристапување што е можно побрзо, додаде Сијарто.

Advertisement

Балкан

Повторно блокиран патот кон ЕУ на Црна Гора – Ова се причините

Франција стави блокада на затворањето на две поглавја во пристапните преговори на Црна Гора со Европската Унија, но дипломатски извори од Брисел потврдуваат дека Подгорица следната недела ќе успее да затвори три други поглавја.

Според информации на TVCG, Црна Гора е подготвена да ги затвори поглавјата: Право на основање компанија и слобода на обезбедување услуги (3), Слободно движење на капитал (4) и Право на деловните друштва (6). Меѓувладината конференција, на која се очекува официјалното затворање, е закажана за 16 декември, пред седницата на Советот на министри за општи работи на ЕУ.

Сепак, Франција се спротивставила на затворањето на поглавјата Земјоделство и рурален развој (11) и Рибарство (13). И покрај последните консултации, тие две поглавја остануваат отворени, што го одложува напредокот во овие области.

Дипломатски извори информираат дека постојаните претставници на земјите-членки ќе се состанат повторно за време на викендот, со можност за дополнителни разговори и потенцијално затворање на уште некои поглавја пред конференцијата.

Црна Гора ги започна преговорите со ЕУ на 29 јуни 2012 година, откако статусот кандидат го доби во 2010 година. Досега ги има отворено сите поглавја и неколку привремено затворени, задржувајќи ја позицијата како најнапредната земја на Западен Балкан во процесот на европска интеграција.

Continue Reading

Балкан

Брисел притиска: Албанија мора да врати 33,5 милиони евра по откриените злоупотреби со ИПАРД фондовите

Европската Унија официјално побара од Албанија да врати 33,5 милиони евра од програмата ИПАРД 2, по утврдените нерегуларности во користењето на средствата во периодот 2020–2022 година, објави „Лајме јаворе“. Одлуката доаѓа по деталната истрага на Европската канцеларија за борба против измами (OLAF), која идентификувала 52 случаи на злоупотреба на фондови наменети за албанските земјоделци и агро-прехранбениот сектор.

Во изјава за А2 CNN, Европската комисија била јасна: секој евроцент што бил искористен нерегуларно мора да биде вратен, нагласувајќи дека Тирана мора со „најголема сериозност“ да пристапи кон проблемот.

Локалните медиуми предупредуваат дека Албанија е најлошо рангирана во регионот по злоупотребени средства, дури полошо и од Турција. Дополнителен удар е суспензијата на финансирањето од ИПАРД 3 – вкупно 146 милиони евра, од кои 112 милиони се средства од Европската Унија. Доколку владата не спроведе корективни мерки, ризикува целосно губење на средствата до 2027 година.

Европската комисија потврдува дека е во тек билатерална постапка за да се утврди дали албанските институции ќе успеат да ја повратат довербата во системот.

Паралелно, предметот го отвори и албанското Специјално обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК), кое истражува како биле распределувани средствата, кој бил корисник, и кои институции или поединци стојат зад злоупотребите.

Continue Reading

Балкан

„Илинден“-Тирана му посакува успешен мандат на Клодиан Брахо и бара истрага за злоупотребите со бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува на г-дин Клодиан Брахо, кој  беше избран за нов раководител на Специјалната структура против корупција и организиран криминал (СПАК).

Македонско друштво “Илинден“-Тирана очекува СПАК со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции, како и влијанието што групите посредници за бугарски пасоши го извршија врз процесот на пописот во 2023 година на целата територија на Република Албанија.

Овие групи ја злоупотребија својата моќ и врски за да постават свои попишувачи, при што вршеа притисоци, закани и поткуп врз албанските граѓани со цел да ги принудат да се изјаснат како Бугари и да ги манипулираат податоците од пописот.

Дополнително, бараме истрага за незаконските активности на фондациите од Бугарија, кои делуваат со цел асимилација на автохтоната македонска заедница во Република Албанија, загрозувајќи го нејзиниот идентитет, култура и права.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана честита за достигнувања на СПАК во текот на последните три години под водство на г-дин Алтин Думани, надевајќи се дека понатамошната работа на г-дин Клодиан Брахо ќе биде успешна и во служба на транспарентноста и правдата.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг