Connect with us

Македонија

Министерство за транспорт: Македонија сака пруга кон Бугарија, но не прифаќа реализација на проект што завршува во тунел

Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, останува целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8. Тоа всушност го докажува и континуираниот процес на изградба на првата и втората фаза од пругата на Коридор 8.

Ова, како што соопшти Министерството за странспорт, бил ставот на македонската делегација составена од директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и Државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски, која со посредство на Европската Унија вчера во Брисел остварила работна средба со претставници од бугарската влада предводена од заменик министерот за транспорт, на која се разговарало за железничкото поврзување меѓу двете земји.

– Македонија не се откажува од поврзувањето со пруга кон Бугарија, но не може да се прифати реализација на проект кој што завршува во тунел за кој во Бугарија нема проект, ниту пак има извесносот од бугарската страна дека се преземаат активности за железничко пооврзување, беше потенцирано од претставниците на македонската делегација. Единствен услов прифатлив за Македонија за реализација на овој проект е доколку Бугарија започне со проектирање на тунелската цевка и двете земји и Македонија и Бугарија заеднички да извршат пробивање на тунелот со што овој проект би имал смисла и би се остварила целта на регионална интеграција како дел од европската транспортна мрежа. Мора да има нов повик кој би бил заеднички проект спроведен од Македонија и Бугарија се со цел во исто време да се гради пругата, во духот на добрососедството. Исто така мора да се ревидира и цената бидејќи сметаме дека е превисока, се наведува во соопштението.

На состанокот од страна на претставниците од Бугарија е истакнато дека во овој момент нема проект на кој би работеле на доизградба на железницата до границата со Македонија и изградба на тунел, но е изразена подготвеност да започнат со изработка на проект кој би бил готов во 2026 година.

На средбата е заклучено двете страни да остварат уште една работна средба на крајот на овој месец со детали околу заедничката реализација на овој проект.

Покрај претставниците од ЕУ, на средбата присуствуваа и претставници од Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка како и други институции инволвирани во развој на транспортната мрежа во регионот и Европа, стои во соопштението од Министерство за транспорт.

Advertisement

Македонија

Поради густата магла откажани сите летови од Меѓународниот аеродром Скопје

Авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје денеска е целосно прекинат, откако поради густата магла и значително намалената видливост беа откажани сите планирани летови, соопштија надлежните служби.


Од раните утрински часови, аеродромот не реализира ниту полетувања, ниту слетувања, а сите редовни летови на повеќе авиокомпании, меѓу кои Wizz Air, Turkish Airlines и Croatia Airlines, се откажани или пренасочени кон алтернативни аеродроми во регионот.


Според информациите од управувачот на аеродромот, ТАВ Македонија, густата магла ја намали видливоста под безбедносниот минимум за нормално одвивање на авионскиот сообраќај, поради што е донесена одлука за целосен прекин на летовите сè додека не се подобрат временските услови.


Дел од авионите што требало да слетаат во Скопје биле пренасочени кон аеродромите во Охрид, Приштина, Софија, Солун и Тирана, додека патниците се известуваат да не доаѓаат на аеродромот без претходна проверка на статусот на нивниот лет.


Од ТАВ апелираат патниците редовно да ги следат официјалните соопштенија и да стапат во контакт со своите авиокомпании за дополнителни информации и евентуални промени во распоредот, бидејќи маглата и понатаму ја отежнува воздушната навигација.

Continue Reading

Македонија

М-НАВ ја заврши целосната демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје

Соопштение за јавност

М-НАВ денеска успешно ги заврши преостанатите градежни активности за целосна демонтажа на останатите делови од стариот радар на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Работите беа реализирани во период со магла и намалена видливост, кој беше оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај.

Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем.

М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности.

Continue Reading

Македонија

Полицијата уапси двајца мажи од Гостивар – од куќа украле плен вреден 65.000 евра

Двајца мажи се уапсени вчера откако полициските службеници пронашле и одзеле предмети и пари во вредност од 65.000 евра за време на претрес во домот во Гостивар, соопшти МВР.

Акцијата била спроведена по претходни оперативни сознанија и сомневање дека во домот се наоѓаат нелегално стекнати пари и предмети. При претресот, полицијата од куќата ги одзела пронајдените средства, кои, како што е утврдено, биле скриени на повеќе локации во објектот.


Лицата осомничени за случајот веднаш биле лишени од слобода и одведени во полициска станица за понатамошна постапка. Од надлежните информираат дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава поради сомнежи за кривични дела поврзани со недозволено поседување и криумчарење пари.


Истражителите во соработка со обвинителството продолжуваат со работата на случајот со цел да се утврдат сите околности и да се испита потеклото на одземените средства.
Одговорните органи потенцираат дека ваквиот тип на акции се дел од континуираните активности за сузбивање на финансиските криминали, а на јавноста ѝ се ветува максимална транспарентност во процесот на истрага.


Информациите за идните правни чекори ќе бидат соопштени по завршувањето на службениот увид и поднесувањето на официјалните пријави.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг