Connect with us

Македонија

Претреси во Велес, Радовиш, Валандово, полицијата заплени дрога

Published

on

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера ги привеле  34 годишниот М.Ц. и еден малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги. Претреси и заплена на дрога биле извршени и во радовишко и валандовско.

Како што информираа од МВР, велешанецот М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера напладне радовишката полиција го уапсила 25 годишниот М.Т. од село Покрачјево.

„При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во билтенот на МВР.

А валандовската полиција пак, вчера го лишила од слобода В.М од село Раброво. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Како што соопшти МВР, лицето било задржано во полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

„По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Македонија

Протоколарна средба на Филков и Адеми: Примената на закони и реформите во фокусот

Published

on

Министерот за правда денеска оствари протоколарна средба со претседателката на Врховен суд , Беса Адеми.

Се дискутираше за примената на законите и подзаконските акти и потребата од промена на истите, како и спроведувањето на реформите во правосудството.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Летаат притвори од полициската акција во Тетово и Охрид

Published

on

На 17 локации во Тетово и Охрид, полицијата спроведе голема акција при што се уапсени 13 лица, а едно лице е во бегство. Оваа акција вклучуваше претреси во казина, ноќни стриптиз клубови и други локации. Според информации од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, организатор на оваа мрежа бил 35-годишник од Боговиње, кој координирал повеќе криминални активности во селата Жеровјане и Горно Седларце, како и во Охрид, каде што привлекувал девојки – странски државјанки за да работат како танчерки.

Фактичкото работење на два од клубовите било организирано и раководено од неговиот брат, додека третиот осомничен раководел со стриптиз-клуб во Охрид. Четвртиот осомничен учествувал во наведувањето на проституција на девојките и бил задолжен за организација на нивното патување и влез во земјата.

Пет од приведените осомничени ги снабдувале со дрога како гостите во угостителските објекти, така и девојките кои работеле таму. Меѓу осомничените се наоѓаат и затворски службеник и виш инспектор од Тетово, кои, користејќи ја својата позиција, ја предупредувале групата за полициски акции и влијаеле за олеснување на прекршочните постапки кон членовите на групата и странските државјанки.

Против сите осомничени е поведена истрага за злосторничко здружување и посредување во вршење проституција. На тројца од осомничените им се става на товар перење пари, а петмина се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци. Во текот на попладневните часови, се очекува сите да бидат изведени пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје, каде обвинителството ќе предложи мерка притвор за сите обвинети.

Continue Reading

Македонија

Премиерот Мицкоски: Завршуваме ветени проекти и ја обновуваме патната инфраструктура во Брвеница

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Општина Брвеница, тој на социјалните мрежи напиша:

Денеска присуствував на завршени проекти, во делот на патната инфраструктура коишто изминативе децении биле ветувани, се зборувало за нив, но за жал никогаш не биле завршени.

Брвеница се менува, продолжуваме да инвестираме во патната инфраструктура.

Продолжуваме да испорачуваме, тоа што го ветивме продолжуваме да го реализираме за доброто на граѓаните затоа што Македонија мора да биде повторно горда.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк