Connect with us

Македонија

Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин – Божиновска ѝ одговори на Јотова

Published

on

– Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век. Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство нема потпишано изјава дека се чувствува за Бугарин, туку тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат, наведува министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во реакцијата објавена на нејзиниот Фејсбук профил по претходната изјава на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека лично ги видела нејзините документи од апликацијата за стекнување бугарско државјанство.

-Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин. Всушност тоа го видовме и на пописот во Македонија со екстремно симболичната бројка на попишани Бугари. Луѓето, како и јас, побарале бугарски пасош од една и единствена причина, економски потреби за работа надвор од Македонија. Ако госпоѓата Јотова мисли дека измамата со внесени документи од бугарската држава, ќе го смени моето чувство дека сум Македонка, па и чувството на многу мои сограѓани, тогаш или не разбира дека политиката на подметнување им е пропадната или не разбира дека ние сме имале економска потреба, а таа и политичарите како неа, сме ги оставиле да фантазираат како да се наоѓаат во деветнаесеттиот век, напиша министерката.

Госпоѓата Јотова, како што посочува во објавата Божиновска, наместо со ситни полициски подметнувања добро е да почне да се занимава со потребата на Македонците во Бугарија, конечно да бидат признаени како малцинство и да им се овозможат основните човекови права.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова изјавила дека лично ги прегледала документите од апликацијата за стекнување бугарско државјанство на министерката за енергетика Сања Божиновска за да се увери дали таа навела оти има бугарска самосвест, пренесе БТА.

-Јас лично ги видов нејзините документи и декларација, лично потпишана од неа, во која таа наведува дека има бугарско самосвест и потекло,  истакна Јотова во Ќустендил за време на тркалезната маса под наслов „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година. Кодекс на опстанокот“.

Македонија

Судски совет со изгласана недоверба, наместо да поднесат оставки, оправдуваат пресуди од две години затвор за убиство на млада девојка на пешачки

Published

on

Судството уште еднаш покажа дека не работи во заштита на правдата и во корист на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо правда за народот, судството единствено работи во заштитата на неговите членови кои делат неправда или пак ја раздаваат правдата.

Со вчерашната постапка, Судскиот совет само го потврди ова. Судски совет се стави во служба и заштита на судија за кој човечкиот живот вреди само две години затворска казна. Тие го штитат судијата кој на возач, кој прегази и усмрти млада девојка која поминувала на пешачки, му пресудиле бедни две години затвор и го покриваат неговиот срам.

Овие членови на Судски совет, сите до еден се луѓе на Зоран Заев, кои се избрани од претходната влада на СДС и ДУИ, кои сега здружно ја газат правдата и ја уриваат државата.

Токму ова и беше причината поради која и им беше изгласа недовербата.

Но тие, не знаејќи за срам, морал и интегритет, наместо да поднесат оставки, со изгласани интерпелации продолжуваат да прават неправда.

Ова е тоа судство, расцветано како пупка на Заев, кое за ќебапи одредува пет години затворска казна, за кубење за коса на Радмила Шекеринска четири, додека за убиен човек само две години казна затвор.

Ваквите срамни одлуки на судството, потоа одбранети и поддржани и од Судски совет директно влијаат на губењето на надежта кај граѓаните дека правда во Македонија е возможна и дека постои.

Но овој гнил правосуден систем ќе падне и ќе се распадне. Во државата ќе има одговорност и ќе има независен и кредибилен судски систем, во кој дел ќе бидат високо професионални лица со кредибилитет и висок морален интегритет, стои во соопштението на партијата.

Continue Reading

Македонија

Тошковски: Има собрано огромен број докази и потенцијални сведоци за трагедијата во Кочани

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изрази уверување дека јавноста во разумен рок ќе биде сведок на целосно расчистување на трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени.

Тошковски очекува дека Обвинителството наскоро ќе поднесе обвинителен акт.

– Според последните информации 11 обвинители се вклучени во случајот. Има собрано огромен број докази, има и потенцијални сведоци, над 250-300 луѓе кои можеби ќе бидат сослушани. Со овој случај мора да покажеме дека државата има капацитети да одговори соодветно – рече Тошковски во интервју за телевизија „Алфа“.

Тошковски нагласи дека постои значителна разлика во начинот на постапување сега во споредба со претходните години, наведувајќи примери како несреќите во Ласкарци, модуларната болница во Тетово и запалениот автобус во Бугарија, за кои, според него, немало поднесено ниту една пријава од МВР, ниту извршен претрес, за разлика од сегашниот случај во Кочани, каде што веќе се поднесени кривични пријави.

Во однос на повиците од опозицијата да поднесе оставка, Тошковски изјави дека чувствува морална одговорност, но и дека има уште поголема одговорност случајот целосно да се расчисти.

Прашан за изјавата на заменик-министерот за правда, Ален Деребан, дадена за „Гласот на Америка“, во која беше спомнато дека во блиска иднина ќе биде лишен од слобода поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој се наоѓа во бегство надвор од земјата, Тошковски одговори дека до сега нема официјална потврда дека лицето е лоцирано.

Continue Reading

Македонија

Студентите на Правен промовираа стручно списание

Published

on

Денеска (10.4.2025), во полната читална на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје после повеќе од 15 години, беше промовиран првиот број на стручното списание „Iustinianus Primus Student Law Review – IPSLR“ на студентите на истоимениот правен факултет. Возобновувањето на студентското списание е дело на Уредувачкиот одбор на IPSLR, составен од професори и студенти, по иницијатива на Факултетското студентско собрание (ФСС-ПФ), со поддршката на Деканатот на факултетот.

На самата промоција збор зема Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски кој истакна колку се благородни настаните организирани „од студентите за студентите“ и дека факултетот секогаш ќе ги поддржува иницијативите кои придонесуваат за напредокот на студентите. Главниот уредник на списанието, проф. д-р Александар Љ. Спасов, се осврна кон делот на подготовката на списанието, задоволството при неговата изработка и идните планови на уредувачкиот одбор. Во таа насока, тој истакна дека веќе е објавен и повикот за вториот број на списанието IPSLR на тема: „Владеењето на правото и стабилноста на правниот систем – science fiction?“ чиј рок на доставување трудови е 30 септември оваа година и истиот повик може да биде пронајден на веб страницата на факултетот. Голем подвиг за студентската наука и мисла, истакна претседателот на студентското собрание на Правниот факултет, Данило Крстовски. Тој објасни дека стручното списание го гледа како можност преку која студентите ќе се стекнат со вештини за академско пишување, но и одговорност и повик кон сите студенти, да се осврнат и посветат време кон истражувачка работа, развивајќи ја својата критичка мисла.

„Во времиња на заземање на просторот на пишување од вештачката интелигенција, Iustinianus Primus Student Law Review се враќа после повеќе од една деценија неактивност и треба да служи како потпора за усовршување на вештините на академско пишување кај нашите студенти и платформа за изразување на ставовите на студентите на стручни теми од програмите на кои студираат.“ – порачаа од Уредувачкиот одбор на студентското списание.

Во преполната читалната на Правниот факултет, промоцијата беше проследена од професори и студенти, како и останатите членови на Уредувачкиот одбор и тоа: доц. д-р Теа Лалевска, асс. д-р Константин Битраков, асс. м-р Теа Мицевска, асс. м-р Катерина Жатева (од редот на професорскиот и соработничкиот кадар), како и Јана Матевска, Бојана Панковска и Неделко Неделковски (од редот на студентите).

Студентското стручно списание – IPSLR има за цел да овозможи простор студентите да адресираат прашања поврзани од студиските програми кои се студираат на факултетот: право, политика, односи со јавност и новинарство. Тоа е пандан на меѓународното научно списание на Правниот факултет “Iustinianus Primus Law Review” и е едно од ретките стручни списанија на студентите во државата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк