Connect with us

Балкан

Александра Јоаниду: Дека Македонија е грчка, претставува фантазија што ја толерираме во Грција

Published

on

Универзитетската професорка и преведувачка од Грција, Александра Јоаниду ја возбуди и разбранува грчката јавност со јавно искажаниот став, дека грчкиот карактер на Македонија е само грчка фантазија, спротивна на вистината која ја кажуваат научниците.

Во репортажата на една грчка телевизија се вели дека професорката Јоаниду својот став го изнела пред членовите на комисијата формирана според Преспанскиот договор за историски, образовни и археолошки прашања, односно заедничката македонско – грчка комисија, практично наменета за проверка и измена на содржините во учебниците во Македонија и Грција.

„Толерираме  илјадници работи во името на нашата страшна татковина, меѓу кои и една таканаречена фантазија која вели дека Егејска Македонија отсекогаш била грчка и дека ќе остане грчка. Фантазијата која е наметната во јавноста, изолацијата што се чувствува, наспроти вистината што ја кажуваат научниците, навистина е неприфатлива“ , изјавила професорката Александра Јоаниду.

Во репортажата на грчката телевиија се наведува дека Александра Јоаниду е една од седумте члена во комисијата составена од грчката влада „за да ги проверат македонските учебници ( „учебниците во Скопје“) за можни територијални претензии спрема Грција. Но тоа што таа и самата се сомнева во грцизмот во Егејска Македонија и тоа и јавно го истакнува, во Грција предизвикува реакции дека со тоа „ им дава значење на тврдењата на Скопје, кои во учебниците пишуваат дека Македонците се посебен народ, со свој јазик“.

Александра Јоаниду е една од седумте члена во грчкиот дел на заедничката образовно-историска комисија, меѓу Македонија и Грција, формирана како обврска од Преспанскиот договор, наводно за усогласување на историските содржини во македонските и во грчките учебници. За разлика од работата на соодветната комисија што Македонија ја има и со Бугарија, која преку анекс-протоколот влезе и во преговарачката рамка на ЕУ за земјава, работата на историско-образовната комисија со Грција се одвива некако молчаливо, без поголеми одгласи и во македонската јавност.

Александра Јоаниду е доктор на науки, универзитетска професорка и преведувачка од Грција. Од 1984 до 1992 година студирала славистика (руска и полска литература и бугарска лингвистика) во Хајделберг, Германија. Авторка е, меѓу другото, на публикации за руската и компаративната литература и словенските дијалекти на Балканот. Превела повеќе книги од германски, руски, полски и од македонски на грчки јазик, меѓу кои и „Прашања за поетиката на Достоевски“ на Михаил Бахтин, како и дела од неколку писатели (Владимир Маканин, Виктор Пелевин, Људмила Улицкаја, Павел Кохут, Чеслав Милош). Во 2009 година ја добила Националната награда за нејзината книга „Случајот Кулофакос“. Нејзините најнови истражувања се фокусираат на проблемите на замолкнувањето и самоцензура во академската област.

Извор: МКД

Балкан

Бугарскиот пратеник Пејков додели по 1.500 евра на 18 семејства погодени од трагедијата во Кочани

Published

on

Бугарскиот пратеник Манол Пејков објави детали за распределбата на средствата што беа собрани за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Според неговата објава на Фејсбук, по консултации со Кризниот штаб во Кочани, бил составен список од 18 семејства кои претрпеле најголеми загуби.

На 15 од нив веќе им се префрлени по 1.500 евра од донациите, додека за останатите три се чека отворање на банкарски сметки за меѓународни трансфери. Освен тоа, Пејков најави дека се задржани околу 13.000 евра за поддршка на жртвите на кои им е потребен подолг третман.

Досега, преку сметка и PayPal, биле собрани вкупно 39.952 евра од 624 донации. Од нив, 22.500 евра веќе се исплатени, 4.500 евра ќе бидат префрлени штом се отворат сметките, а останатите средства ќе се користат за понатамошна помош.

Пејков во својата објава изрази благодарност до сите кои учествувале во кампањата и остави можност за дополнителни донации преку фондацијата „Манол Пејков и пријателите“.

ЛИНК од објавата на пратеникот Пејков

Continue Reading

Балкан

Убиен полицаец во Качаник

Published

on

Косовската полиција потврди дека доцна синоќа во Качаник, мал град во југоисточниот дел на Косово на границата со Македонија, бил убиен локален полициски началник.

Убиството на полицискиот наредник Мухамет Љика се сомничи дека се случило околу 23.00 часот, кога тој влегувал во својот стан. Најпрво бил ранет, но подоцна починал. 

Се наведува дека полицаецот бил припадник на ОВК.

Continue Reading

Балкан

На повидок нов воен сојуз: Србија и Унгарија ја зајакнуваат одбранбената соработка

Published

on

Србија и Унгарија во Белград потпишаа договор за стратешка соработка во областа на одбраната.

Клучни елементи на договорот се можноста за заеднички вежби и воено-техничка соработка во набавката на оружје.

Станува збор за операционализација на сличен договор што двете земји го потпишаа во 2023 година. Како што беше речено, за годинава се планирани 79 заеднички активности, за разлика од 2023 година кога беа реализирани 48.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се надева дека овој договор е чекор поблиску до создавање на воен сојуз меѓу Србија и Унгарија.

Најблиските стратешки односи „Не треба да се заборави, благодарение на премиерот (Унгарија) Орбан и владата, имавме мир со нашиот северен сосед во 1999 година, кога тие беа под голем притисок да дозволат копнена инвазија, но тие не го дозволија тоа учиќ.

По средбата со министерот за одбрана на Унгарија Кристоф Салаи-Бобровнички, Вучиќ изјави дека Србија има најразвиена и најинтензивна соработка на полето на одбраната со Унгарија во регионот и изрази уверување дека договорот за заеднички активности ќе продолжи во натамошното приближување и создавање воен сојуз или воен сојуз меѓу Србија и Унгарија.

„Се разбира, унгарската страна прашува за тоа, унгарскиот и српскиот парламент и сите други прашуваат“, рече Вучиќ на заедничката конференција по потпишувањето на билатералниот план за воена соработка меѓу министерствата за одбрана на Србија и Унгарија за 2025 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк