Connect with us

Македонија

Јавен повик за кофинансирање на комбајни за ориз и мобилни сушари

Published

on

Со модернизација на механизацијата земјоделството во Македонија може да напредува. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој им излегува во пресрет на земјоделците да ја обноват својата механизација.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик 5/2024 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.

Јавниот повик се однесува на мерката 121, за доделување на финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз.

Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 600.000 денари.

Крајниот рок за доставување на барањата е 14.11.2024 година.

Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.

Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите е минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз.

Македонија

Нов асфалт на патот Желино-Шемшево-Јегуновце

Published

on

Завршена е рехабилитацијата на уште една делница од патниот правец Р2242 Желино-Шемшево-Јегуновце, како дел од инвестиционата програма за надградба и поправка на дотраени коловози на Јавното претпријатие за државни патишта. Оваа програма, реализирана во соработка со ЈП Македонијапат, вклучуваше асфалтирање на коловозот на неколку критични делови, особено кај селата Шемшево, Прељубиште и Јанчиште.

Рехабилитирани се вкупно 1.450 метри пат со просечна ширина од 6,6 метри. Вкупната вредност на реализираните работи изнесува 20 милиони денари, а градежните работи успешно ги изведе ЈП Македонијапат.

Оваа инвестиција значително ќе придонесе за подобрување на патната инфраструктура во регионот, овозможувајќи поголема безбедност и комоција за сите корисници на патот.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Случајот со помилувањето е кукавичко јајце оставено од претходната Влада

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека случајот со помилувањата дадени по повод 23 Октомври, кој предизвика превирања во јавноста, е оставен од претходната Влада кој имал токму за цел да имплодира во овој период. За едно од лицата кое беше повторно приведено, вели, да се остави на правосудните органи да си ја завршат работата.

– Тој случај е од минатото, од претходната Влада, снесен како кукавичко јајце, коешто треба да имплодира во овој период. Тоа што имаше да каже и Комисијата го слушаме по медиумите, луѓето кои се дел од таа Комисија се присутни на медиумите. Добив информации од МВР дека едно од лицата кои беа предмет на измена на судска одлука е повторно приведено. Добив информација дека има уште неколку дела кои што се поврзани со ова лице. Нема да одам чекор понатаму да коментирам и да прејудицирам судски одлуки. Јас сум човек легалист, верувам во презумпција на невиност, но она кое што го знам е дека истото лице вќе доби 30-дневен притвор. Оставам на правосудните органи понатаму да одлучат како да постапуваат за други случаи каде што постои основано сомнение за сторен криминал, вели Мицкоски на новинарско прашање дали Министерството за правда ќе понесе одговорност во однос на испратените предлози за помилување до Комисијата за помилување.

Continue Reading

Македонија

Запалено шише пред угостителски објект во Тетово: Што се крие зад инцидентот?

Published

on

На 25.10.2024 во 21.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Тетово, пред објект на правно лице, сопственост на Е.А.(29) од с. Голема Речица, било запалено шише со запалива материја. Огнот е изгаснат од вработен во објектот. Нема повредени лица, а причинета е материјална штета. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк