Connect with us

Балкан

Итно повлекување на овие производи од пазарот: Пронајдени опасни бактерии

Published

on

Неколку производи беа повлечени во Хрватска бидејќи во нив беа пронајдени бактерии од родот Salmonella spp.

Државниот инспекторат на Република Хрватска ги известува потрошувачите за отповикување на производот Биопонт екструдирани топчиња од просо, сирење без глутен и кромид – органски 75гр, со следните ознаки:

– L241852, рок на употреба до 22 јануари 2025 година

– L242080, рок на употреба до 27 февруари 2025 година.

– L242357, рок на употреба до 17 март 2025 година.

Производот не е во согласност со Регулативата 178/2002 за воспоставување на општите принципи и барања на законот за храна, основање на Европската агенција за безбедност на храна и воспоставување процедури во областите на безбедноста на храната.

Балкан

Дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер бидејќи се сретнал со руски министер

Published

on

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја откажа средбата со српскиот премиер Милош Вучевиќ закажана за денеска за време на нејзината посета на Белград, а причина беше неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој Максим Решетњиков, јави Н1 Хрватска повикувајќи се на белградски медиуми.

Фон дер Лајен пристигна во Белград во рамките на својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, а претходно денеска, по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека длабоко верува оти иднината на Србија е во Европската Унија, но конкретно не го процени времето на можниот прием, нагласувајќи дека тоа е „процес на усогласување со ЕУ, кој го дефинира процесот на пристапување“ на секоја земја поединечно.

Откажувањето на средбата Фон дер Лајен-Вучевиќ за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдил портпаролот на ЕК Ерик Мамер, а за АФП шефот на Делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жофре.

– Го откажавме состанокот со (српскиот) премиер по (неговиот) состанок со министерот за економија на Руската Федерација, додаде Жофре и, според извештајот на агенцијата Бета, изјави дека „таму била назначена намерата на Србија да ги зајакне своите економски односи во други области со Руската Федерација“.

Continue Reading

Балкан

Земјотрес ја стресе Албанија

Published

on

Земјотрес попладнево бил почувствуван во западниот дел на Албанија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот со јачина од 3,8 степени бил на длабочина од пет километри во близина на градот Фиер.

Епицентарот на земјотресот бил на 7 километри југоисточно од градот Фиер, кој има околу 60 илјади жители.

Continue Reading

Балкан

14-ГОДИШНИК УБИ ПОЛИЦАЕЦ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ВО БИХ, НАПАДОТ СЕ ВОДИ КАКО ТЕРОРИЗАМ

Published

on

Четиринаесетгодишно момче со нож уби еден и рани друг полицаец во полициска станица во североисточниот босански град Босанска Крупа. Во почетната фаза на истрагата нападот е окарактеризиран како терористички чин, објавија босанските медиуми.

Нападот се случи синоќа во 22 часот, а убиецот е уапсен на самото место. Локалните власти кажаа дека е подигнато безбедносното ниво во малиот град на брегот на реката Уна.

„Малолетник влезе во полициската станица и без повод избоде двајца полицајци. Еден почина, а другиот е во стабилна состојба“, изјави министерот за внатрешни работи на Федерацијата БиХ, Рамо Исак.

Портпаролот на МВР на Унско-санскиот кантон Аднан Бегановиќ изјави дека засега не се знаат мотивите на нападот.

„Обвинителството се изјасни дека настанот има обележја на тероризам, но истрагата ќе ги утврди мотивите и причините“, кажа Бегановиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк