Connect with us

Македонија

Меџити: За прв пат Северна Македонија има издвоено 1 милијарда евра за општините во текот на еден мандат

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата, Изет Меџити, изјави дека за прв пат се случува Владата на Северна Македонија да има издвоено 1 милијарда евра за следните 4 години во текот на мандатот за конкретни проекти на општините.

„Додека оваа година, иако е половина година, веќе се одобрени над 60 милиони евра инвестиции во конкретни проекти за општините, или поточно 271 проект, додека се предвидува до крајот на годината да се заокружи со 100 милиони евра за сите општини, што ќе надмине 300 проекти кои решаваат конкретни проблеми и го подобруваат животниот стандард на граѓаните“, истакна Меџити.

Според него, овие инвестиции ja покажуваат разликата или промената во пристапот на оваа влада, која не е само декларативно проевропска, туку и со инвестиции и конкретни проекти.

„Не е доволно само да се наречеме дека сме за европски вредности, туку со инвестиции и конкретни проекти да се приближиме до европските стандарди, уредувајќи некаде патната инфраструктура, некаде училиштата, некаде градинките, некаде туризмот и многу сегменти кои реално за 1 месец ќе бидат видливи на терен низ Македонија, со конкретна работа во секоја општина, во секое населено место,“ додаде Меџити.

Македонија

Карапетров: Реконструкцијата на фасадата на ОУ „А. С. Ќиќиш“ ќе донесе модернизација и енергетска ефикасност

Published

on

Со големо задоволство, советникот во општина Тетово, Ангел Карапетров, ја објави веста за почетокот на реконструкцијата на фасадата на основното училиште „А. С. Ќиќиш“. Оваа иницијатива е дел од заложбите на општината за подобрување на условите за образование и создавање посовремени и функционални јавни објекти.

„Оваа реконструкција ќе опфати замена на оштетените делови од фасадата, подобрување на изолацијата за енергетска ефикасност и естетско освежување, со што училиштето ќе добие модерен и привлечен изглед,“ изјави Карапетров.

Според него, проектот не само што ќе придонесе за визуелната трансформација на објектот, туку ќе има и значајно влијание врз намалувањето на трошоците за енергија. Подобрената изолација ќе овозможи поефикасно греење и ладење, што ќе значи помали финансиски оптоварувања за училиштето.

„Ветувањата дадени на тетовчани мора да се реализираат, а оваа реконструкција е доказ за нашата посветеност кон подобрувањето на квалитетот на живот и образовните услови во општината,“ додаде Карапетров.

Реконструкцијата на фасадата е дел од пошироката стратегија на општина Тетово за инвестирање во јавната инфраструктура и подобрување на локалната заедница. Жителите на Тетово со нетрпение го очекуваат завршувањето на овој проект, кој ќе внесе нов дух и функционалност во училиштето „А. С. Ќиќиш“.

Continue Reading

Македонија

Хајрулахи: Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи му даваа информации на Марјан Стаменковски од Доказ со кои ме клеветеа

Published

on

Суспендираниот шеф на Вишото обвинителство, Скопје, Мустафа Хајрулахи, во Претрес го објасни и случајот со нарачани текстови против него, објавени во Доказ на Марјан Стаменковски.

„Пишувањата против мене со лични дискредитации со напади во Доказ почнаа во времето на мојот реизбор. Марјан Стаменковски побара иземање на обвинителот Сашо Рајчев бидејќи тој му доставувал материјали“, рече Хајрулахи.

Од одземените телефони од Стаменковски рече се виде дека нарачките за објавени гнасотии биле од Рајчев.

Лицето И.Ш.беше сведок во Обвинителството, објаснува Хајрулахи, а обвинителот Рајчев ги извлекол податоците и ги ставил на своја нова сим картичка. Тој си ѕвонел и сам на себе, што е регистрирано на базна станица и потоа на Марјан Стаменковски.

„Поднесов кривична пријава за да може да се определи друго месно надлежно обвинителство. ЈОРМ Јовески по 6 месеци ја препраќа во обвинителството во Битола. Треба да пазиме на роковите за да не застарат. Марјан Стаменковски материјалите ги добивал преку Сашо Рајчев и Фатиме Фетаи која ги давала преку своја пријателка. Фрапиран сум од обвинителите. Сашо Рајчев сакаше да клекне на колена и ме молеше да му простам“, рече Хајрулахи.

Коцевски, посочи, го викнал обвинителот кој постапувал по предметот и му се заканувал да не добие Хајрулахи својство на оштетен.

Continue Reading

Македонија

Хајрулахи во Претрес: Државниот обвинител Коцевски е под директно влијание на обвинители од поранешното СЈО

Published

on

Државниот обвинител Коцевски, рече во Претрес со Ландов, суспендираниот шеф на Вишото обвинителство Скопје, Мустафа Хајрулахи е октроиран од неколку обвинители на сега згаснатото СЈО.

Обвинителството до сега функционираше како тајно друштво од кое не можеше да излезе никаква информација во јавноста, рече Хајрулахи.

„Од редовното обвинителство нема групариња, тоа е само кај обвинители од поранешното СЈО. Преку такви групировки сакаат да се спасат поради работата во СЈО. Проблемот настана поради случајот со бонусите на СЈО.Јавниот обвинител Коцевски е октроиран од обвинители од поранешното СЈО. Тој е под директна контрола на неколку обвинители од бившото СЈО“, рече Хајрулахи.

Тој смета дека е потребно целосно испитување на случајот со бонусите, а постапката била скандалозна.

https://www.youtube.com/live/DW7uAGwwXZ8?si=gvP8_X986206uVXp

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк