Connect with us

Македонија

БИТОЛА: ОТВОРЕНА „СПОМЕН КУЌАТА НА СТЕВАН НАУМОВ СТИВ“

Published

on

Синоќа во Битола на улицата “Пецо Божиновски“ бр. 11 во непосредна близина на истоименото основно училиште на свечен начин беше отворена реконстуираната “Спомен куќа на Стефан Наумов – Стив“. На настанот, кој се одржа на денот на раѓањето на народниот херој, присуствуваа потпретседателката на Собранието на Македонија, Весна Бендевска, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, директорот на Завод и музеј Зоран Николовски, внукот на Стив Наумов, кој е и претседател на Сојузот на борци од Битола, Стефан Бошков, како и голем број почитувачи на неговото дело.

На отварањето на Спомен куќата на присутните им се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој меѓудругото истакна:
„На денешен ден е роден народниот херој Стив Наумов и токму затоа верувам дека поставката во неговата родена куќа ќе биде трајна. Со оваа Спомен – куќа воедно ја зголемуваме туристичката понуда за градот Битола, така што посетителите ќе знаат за нашата богата историја и народноослободителна борба“, нагласи Коњановски.
Во родната куќа на народниот херој беше изведена театарска претстава посветена на животот на Стив Наумов, со посебен акцент на неговото револуционерно дело и неговата револуционерна активност. Претставата кој беше адаптирана да се одигра во неговата родна куќа ги трогна присутните и предизвика лавина на емоции.

Македонија

Важно предупредување: Утре без струја во Тетово и околните места!

Published

on

Утре, 26 ноември 2024 (вторник), во Тетово и тетовско ќе има прекин на електричната енергија поради планирани технички работи. Прекинот ќе трае во текот на денот, а граѓаните се замолуваат за разбирање.

Објекти кои се наоѓаат на дел од улица М.Бафтијари прекин од 09:50 до 14:30 часот

РАКОВЕЦ, објекти на МК, АВЗИУ, ИТАЛУКС, Лес Комерц, Емиратес, ИнтерМебел, Наплатна Рампа, ГОРНО СЕДЛАРЦЕ, БОГОВИЊЕ, ДОЛНО ПАЛЧИШТЕ: дел од с. ПАЛЧИШТЕ прекин од 09:30 до 14:00 часот

ЏЕПЧИШТЕ: дел од с.Џепчиште прекин од 09:00 до 14:30 часот

СЛАТИНО: дел од с.Слатино, објекти кои се наоѓаат во близина на училиштето прекин од 10:00 до 12:00 часот

Continue Reading

Македонија

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Published

on

Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња.

– Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму, рече Таравари.

За прозивката во изјавите на лидерот на ДУИ испратени од Цирих деновиве, дека ВЛЕН ги урива достигнувањата на Албанците кои се постигнати изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.

– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии, рече Таравари.

Continue Reading

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили

Published

on

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

– Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.

Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.

Извор: Независен.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк