Connect with us

Скопје

ВАЖНО! Ако го види некој момчето веднаш да го пријави

Published

on

Доколку некој го види ова дете, Ве молам повикајте го бројот 077912545.

Детето е изгубено во населба Ченто, има 4 години и се вика Хадис. Носи зелени алишта и црвени патики. Ве молам за вашата помош!

Скопје

Град Скопје кочи капитални проекти, како катната гаража во Капиштец, се пожали Герасимовски

Published

on

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на денешниот брифинг со медиуми информираше дека Градот Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар.

„Од страна на градот капитални проекти ни се кочат, за коишто се направени проекти, ставени се во програмата, одвоени се буџетски средства, а добиваме негативни мислења од страна на градот. Конкретно, можам да посочам еден од тие проекти е монтажната гаража во Капиштец, проект кој досега требаше да се реализира, но, за жал по трет пат добивам негативен коментар од Градот и не можеме да го релизираме. Причината е отпочнување на реализација на бул. Македонија оној познат булевар кој се збори децении наназад, кој почнува од Лимак па оди сѐ до Карпош. Тука станува збор за булевар кој треба да има една голема експропријација, каде има голем број на ресторани, кафеани, но и на паркинзи“, рече Герасимовски.

Тој изјави дека планот предвидувал и поставување на фотоволтаици за заштеда на електрична енергија, но на сите барања добиле негативен одговор.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Не може градоначалник да биде незаменлив, највисок суверен треба да се граѓанините без отстапувања

Published

on

Јас во Кисела Вода реализирав капитален проект во Стаклара-Каменик. После 50 години обезбедуваме питка вода за пиење за граѓаните но истовремено и фекална канализација. Тоа значи дека пред мене, 30 години во независна Македонија градоначалниците не сметале дека тоа е приоритет, замислете во 21 век и такви примери имаме насекаде низ државата“ , јасно говореше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и претседател на ЗЕЛС во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија во емисијата „Само интервју“ истакнувајќи за начинот на работа кој се водел и се води се уште.

Ѓорѓиевски напомена дека во Кисела Вода има висок степен на реализација од ветеното пред граѓаните. Посочи дека важно е секој градоначалник да има слух за граѓаните и да постои механизам со којшто ќе може да се отповика градоначалник доколку не ја извршува својата должност за која е избран.

„Јас сум градоначалник и поаѓам од себе. Не може единствено во нашата држава градоначалникот да биде незаменлив. Да го изберат граѓаните и четири години, дали дал резултати или не, дали постапувал согласно програма или надвор од тоа никој да не може да постапи против него“ , дециден беше Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски дополни дека веќе е време граѓаните да се највисок суверен. Ја истакна нивната важност и потребата да се слушнат нивните предизвици и истите да се решат.

„Ние треба да го промениме тоа. Нашата тенденција треба да биде се да почнува и да завршува со највисокиот суверен, а тоа е народот. Никакви преговори, договори“ , заклучи Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Скопје

Славески свика итна седница на Советот на Град Скопје поради кризата со јавниот превоз

Published

on

За денеска во 18 часот Советот на Град Скопје ќе одржи итна вонредна седница поради состојбата со јавниот градски превоз, која кулминира откако автобусите на ЈСП од вчера попладне сообраќаат со драстично намален број поради недостиг на гориво. Седницата ја свика претседателот на Советот, Трајко Славески.

„Нефункционирањето на јавните претпријатија во надлежност на Град Скопје, задолжени да обезбедуваат витални услуги за граѓаните, достигна кулминација. Совет на Град Скопје на 21 ноември ќе одржи итна вонредна седница со почеток во 18:00 часот. Советот во рамките на своите надлежности е подготвен низ конструктивна расправа да усвои заклучоци со кои ќе побара од надлежните, пред сѐ од градоначалникот Арсовска и директорите итно да го нормализираат јавниот превоз во Скопје и да го подигнат нивото на хигиена“, сподели претседателот на Советот, Трајко Славески, преку социјалните мрежи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк