Connect with us

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува партнер на сите општини

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на “Топ Tема” на ТВ Телма, во дебата со струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, истакна дека  ЗЕЛС останува партнер на сите општини, и дека сите локални самоуправи се третираат еднакво без да се дозволи политичко мешање во нивното функционирање.

– ЗЕЛС останува партнер на сите општини и тоа е мостот меѓу локалната и централната власт. Со подадена рака може да ги надминеме сите проблеми. Вчера седнавме на маса заедно со моите потпретседатели Перо Костадинов од СДСМ и Висар Ганиу од Вреди, со градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски за проблемите кои ги има и понудивме медијаторство за надминување на проблемите. Ме радува изјавата на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов дека останува да членува во ЗЕЛС затоа што обединети општини можат да придонесат значително повеќе во соработката со било која централна власт, изјави Ѓорѓиевски.

Костадинов истакна дека ја цени посветеноста на ЗЕЛС за решавање на проблемите, затоа што секој проблем е решлив како и оној со водата во Струмица, посочувајќи дека напуштањето на ЗЕЛС е невозможно, поради потребното гласање во локалниот совет, а и поради користењето на апликациите и електронските системи на ЗЕЛС во делот на издавање градежни дозволи и продажба на земјиште.

– Мојата цел не е да го напуштам ЗЕЛС од што сакам да го напуштам или да алудирам на некаква непочит кон колегата Ѓорѓиевски или било кој друг градоначалник. Алармот за проблемот со водата за пиење е вклучен за да пристапат централните органи за надминување на состојбата, изјави Костадинов.

Македонија

Четириесет параглајдери од цела Македонија полетаа од Антена на Пелистер по повод денот на ослободувањето на Битола

Published

on

Викендов 40 параглајдеристи од сите клубови од Македонија и двајца “тандеми“ 0д Битола полетаа од стартот кој се наоѓаше на залетиштето под Антена на Пелистер, на височина нешто помача од 2.600 метри и на тој начин го започнаа празнувањето на Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември. Целта, на која слетаа параглајдеристите, беше во Нова Битола, кај ливадата над основното училиште “Елпида Караманди“ каде параглајдеристите ги пречекаа љубопитните дечиња од тој реон. 

Оваа пелистерска параглајдерска авантура беше во организација на клубот Летачки конзули од Битола, кој на гостите им приреди еден совршен летачки ден, кој ќе го паметат и долго ќе го раскажуваат сите параглајдеристи, а посебно и двајцата “тандемаши“ од Битола кои за прв пат “летаа“ со параглајдер, директно од Пелистер.

Continue Reading

Македонија

Костадинов: Остануваме во ЗЕЛС, го цениме ангажманот на асоцијацијата и претседателот Орце Ѓорѓиевски

Published

on

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов во вечерашното гостување на ТОП ТЕМА на Телма ТВ потврди дека Општина Струмица нема да го напушти ЗЕЛС. Истакна дека го почитува Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и дека ја цени посветеноста на оваа асоцијација за решавање на проблемите, затоа што секој проблем е решлив, како и оној со водата во Струмица.

– Мојата цел не е да го напуштам ЗЕЛС од што сакам да го напуштам или да алудирам на некаква непочит кон колегата Ѓорѓиевски или кој било друг градоначалник. Алармот за проблемот со водата за пиење е вклучен, за да пристапат централните органи за надминување на состојбата – изјави Костадинов.

Воедно, и покрај претходните негови изјави, посочи дека напуштањето на ЗЕЛС е невозможно без потребното гласање за таква одлука во општинскиот совет, но и поради користењето на апликациите и електронските системи на ЗЕЛС за издавање на градежни дозволи и продажба на земјиште кои им се неопходни на жителите на Струмица.

Continue Reading

Македонија

ТВ21: Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ?

Published

on

Лидерката на Либерално-демократската партија и пратеничка Моника Зајкова излегува од коалицијата со СДСМ, дознава ТВ21 од партиски извори.

Засега не е познато дали ќе се приклучи на владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.

Таа претходно истакна дека ќе останат во коалиција со СДСМ, но во Собранието ќе гласа независно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк