Connect with us

Македонија

Битолчанец ја грабнал, затворил и тепал екс партнерката – Откако си ги исекла вените неможејќи да издржи продолжил со тепање

Published

on

Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди, информираат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 21 октомври, при вршење на семејно насилство и на свиреп начин, осомничениот противправно ја затворил и ја држел затворена, а потоа и телесно ја повредил неговата поранешна партнерка. Оштетената, пред нејзината куќа, влегла во неговото возило. Тој започнал да вози и најпрво со тупаница ја удрил во пределот на главата. Потоа ја однел во неговата викендица во Нижеполе, каде насилно ја турнал, ја заклучил и додека ја држел затворена, еден час ја удирал со шлаканици, тупаници и клоци по главата и телото.

Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, но осомничениот е во бегство, па притворската мерка ќе започне да се спроведува сметано од денот на неговото пронаоѓање, лишување од слобода и приведување.

Македонија

Влен: Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти

Published

on

На Блерим Ќосето Беџети сите дела му излегуваат на мегдан! Срамот почна да го обзема, а сега се обидува да го прикрие она што не може да го прикрие со изговори и алиби. Се обидува да се дистанцира, но неговите вистини излегуваат на виделина! Албанските граѓани очекуваат ДУИ да одговори, не со алиби, туку со факти! Ова дистанцирање на Беџети е промашен театар, изговор за прикривање на една срамна приказна поврзана со враќањето на Никола Груевски, велат од Влен.

„Али, не молчи, излези и кажи им на граѓаните кои биле причините што те поттикнале да се вклучиш со целото твое битие, и со целата уморна екипа што ја водиш само за да го вратиш пријателот Груевски во Скопје. Потсетуваме и на јавната изјава на поранешниот претседател Пендаровски дека некои политички експоненти го консултирале за можната амнестија на Груевски. A одговорот кои се тие експоненти може да го даде само Али Ахмети. ВЛЕН продолжува јавно да ги прашува ДУИ и Али Ахмети: Зошто сета оваа носталгија за Груевски? Што ве спојува? Албанците му веруваа на Али, тој ја злоупотреби оваа доверба и затоа беше казнет. Но, оваа казна не треба да помине само на тоа што е во опозиција. Сè уште талкајќи во дијаспората, на Албанците им должи краток и јасен одговор, што би добиле Албанците доколку Груевски се врати во земјава? Али, немој да се двоумите и не се плаши бидејќи немате што повеќе да изгубите“, велат од партијата.

Continue Reading

Македонија

Една година од убиството на малата Вања Ѓорчевска

Published

on

Денеска, 27 ноември, се навршува една година од свирепото убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Во тек е судскиот процес, кој треба да даде одговори на клучното прашање зошто девојчето беше убиено, и кој се’ стои зад злосторството кое ја вознемири јавноста.

Првообвинет за убиство и грабнувањето е Љупчо Палевски Палчо, а на обвинителската клупа седат и Влатко Кешишев, Велибор Манев и Боре Видоевски, како и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања.

Според обвинението, Вања беше киднапирана на 27 ноември 2023 година од влезот на нејзината зграда, а потоа убиена.

Во обвинението се наведува дека на 27.11.2023, обвинетите, помогнати од обвинет родител, извршиле грабнување на девојчето во влезот од зграда на улицата Наум Наумовски-Борче во Скопје. Ја врзале и ја однеле во близина на местото наречено Дупки, во атарот на селото Бразда, па таму на свиреп начин со умисла го лишиле од живот малолетното лице.

Обдукцијата покажала дека Вања во десната хемисфера од мозокот имала рана и огнострелен канал од 34 сантиметри кој минувал низ вратот до четвртиот пршлен.

Обвинителите пред два дена соопштија дека имаат материјални докази оти Љупчо Палевски-Палчо е сторител на убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски.

На рочиштето завчера, обвинетиот Влатко Кешишев го повлече својот писмен исказ доставен минатата недела. Според неговите тврдења, тој бил принуден од првообвинетиот Љупчо Палевски да ја напише изјавата.

Continue Reading

Македонија

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс

Published

on

Почитувани и исто толку драги,
Вчера кружеше веста дека сум доживеал срцев удар.
Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи.
Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница.
Сè уште сум под опсервација бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци.
Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите.
Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас.
Ви благодарам од се срце!
Секогаш ваш!
Арбен

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк