Connect with us

Спорт

Сејдини ја изгуби довербата во УО на ФФМ?! – „Се оградуваме од соопштенијата, бараме итна седница на УО“

Десет од вкупно 16 членови на Управниот одбор на ФФМ му откажаа поддршка на претседателот Мухамед Сејдини, барајќи итна седница за решавање на проблемите во федерацијата. Ова тело долго време не се состанало, а Сејдини самостојно управува со ситуацијата преку комитетот за итност.

Непосредно пред патувањето во Нион, Сејдини објави соопштение во кое УЕФА го осудува мешањето на политиката во федерацијата, но без конкретни докази. Членовите на УО се разочарани и бараат свикување на итна седница за да се соочат со Сејдини.

Спортскиот директор Дени Масев, кој пред неколку недели поднесе оставка, исто така изрази загриженост за самоволието на Сејдини. Членовите сметаат дека обидите на Сејдини да го заврши мандатот и да создаде фудбалска криза нема да успеат.

Advertisement

Спорт

Хамилтон се фрли во инженерските води, завршува со Ферари

hamilton

Покрај тоа што Формула 1 сезоната официјално заврши, Маранело не е толку мирно колку што изгледа на прв поглед. По разочарувачката 2025 година, сè почесто се отвора едно клучно прашање: во кој правец всушност се движи италијанскиот гигант Ферари? Во оваа дебата, својот глас го даде и поранешниот шеф на тимот, Маурицио Аривабене, кој со отворени и директни зборови ги откри некои од најконтроверзните моменти и одлуки во Ферари, фрлајќи ново светло врз иднината на тимот.

Аривабене се осврна на Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион, кој дојде во Ферари пред сезоната 2025 како голем проект за враќање на титулата во Маранело. Но, адаптацијата на Хамилтон се покажа далеку потешка од очекуваното. Возачот не се задржа само на воланот – тој активно се вклучи во сите аспекти на развојот на болидот.

Во текот на сезоната, Хамилтон јавно призна дека ги следи и влијае внатрешните процеси во тимот. Испрати обемни документи до раководството со детали за моторот, аеродинамиката, предната и задната страна на болидот, како и општите проблеми што ги чувствуваше на патеката. Одржа низа состаноци со клучни членови на тимот, вклучително и со Фред Васер и техничкиот оддел, со јасна цел – да го забрза напредокот на тимот.

Но Аривабене предупредува: токму тука лежи потенцијалниот проблем.

Поранешниот шеф на Ферари ја спореди оваа ситуација со периодот кога Себастијан Фетел возеше за тимот (2015-2020). Фетел, исто така, беше активен во техничките дискусии, пишуваше документи и ги споделуваше своите идеи. „Возачот може да дава вредни повратни информации од патеката, но кога почнува да глуми инженер, приказната е практично завршена“, предупреди Аривабене.

Според него, деталниот технички развој мора да остане во рацете на експертите во фабриката. Симулаторот и повратните информации од трките се клучни алатки, но вистинските, длабински технички решенија бараат професионална експертиза која не смее да се меша со возачките амбиции.

Continue Reading

Спорт

Навивачите ќе бидат наградени: ФИФА воведува посебни билети за најверните

ФИФА воведе нова категорија билети за Светското првенство 2026, наменета исклучиво за најверните навивачи. Според најавата, околу 10% од вкупниот капацитет на стадионите ќе бидат префрлени од најевтината сегашна категорија („ниво на вредност“) во новата „ниво на влез“.

Билетите во оваа категорија ќе имаат фиксна цена од 60 долари за сите натпревари на сите национални селекции, без разлика на мечот или локацијата. Но, овие билети нема да бидат достапни за слободна продажба преку официјалната ФИФА платформа – наместо тоа, секоја национална асоцијација ќе ги додели на своите најлојални навивачи.

Седиштата за оваа специјална категорија ќе бидат сместени во горниот дел на трибините, што ќе овозможи посебна атмосфера за навивачите кои секогаш ја покажуваат својата верност на тимот.

Continue Reading

Спорт

КОНКУРС за идејно решение за изработка на пехар за шампион на Македонија во ПРВА МФЛ

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига.

Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал.

Право на учество:

Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз.

Секој учесник може да конкурира со најмногу три идејни решенија.

Учесниците треба да достават:

Кратко образложение за концептот на пехарот.

Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).

Предлог материјали, висина и форма на пехарот.

Контакт информации.

Критериуми за избор

Креативност и оригиналност

Препознатлив македонски визуелен идентитет

Функционалност и издржливост

Можност за реализација

Естетика и симболика

Рок и начин на доставување

Идејните решенија се доставуваат електронски на:ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15. март 2026.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг