Connect with us

Инфо +

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЛГО НАЈАВУВАНИОТ СТУДЕН БРАН: Следната седмица наутро умерени мразеви и температури до -7 степени!

Published

on

Под влијание на долго најавуваниот значително постуден бран кој се спушта од север, од недела, па во текот на следната седмица температурите во Македонија ќе бидат пониски за 6 до 9 степени во споредба со сегашните. Сепак, и покрај ова продолжува сушниот период, односно стабилното и суво време без никакви врнежи, објави метеорологот Славчо Попоски.

За време на овој викенд ќе дува северен ветер, кој особено Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет.

Следната седмица исто така ќе имаме многу постудени утра со појава на умерени мразеви, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Се на се, како што и претходно кажав, овој студен бран особено ќе го чувствуваме во ноќните и во утринските часови, кога ќе биде особено студено. Токму поради ова, за следната седмица доколку излегувате во утринските часови, задолжително ви препорачувам со себе да си ја понесете ваша топла облека, зошто навистина и тоа како ќе ви биде потребна.

Скопје

Герасимовски предлага вандализмот да се казнува преку општествено корисна работа

Published

on

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски во однос на вандализмот со оштетување на јавното добро на територија на општината информира дека се отпочнати одредени програми со цел намалување на деликвенцијата и лошото однесување на одреден број жители во општината.

„Почнавме одредени програми за држење обуки и на наставниот кадар. Ќе продолжиме и со учениците за да се подигне свеста. Отпочнавме одредени предлог законски измени со цел да се вметнат поригорозни мерки за прекршување односно оштетување на јавното добро. Законски измени не само во делот на зголемување на казните за оштетување урбана опрема, туку и општествено одговорна работа кадешто би се вклучиле и децата и родителите за да ја подигнеме свеста на што повисоко ниво. Со ова, родителите да одвојуваат и што повеќе време со децата и да ги учат во правилна насока на однесување”, рече Герасимовски.

Герасимовски потенцира дека е побарано повторно засилено присуство на полицијата во општината за да се намалат девијантните однесувања на одредени млади луѓе.

Continue Reading

Македонија

Илиевски: Нека е честит Денот на албанската азбука!

Published

on

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, истакнувајќи ја важноста на јазикот и културното наследство. Тој порача дека различностите се богатство што треба да го негуваме и дека општина Брвеница ќе продолжи да гради заедништво и меѓусебна почит меѓу заедниците.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Албанската азбука е составен дел од идентитетот на секој албанец

Published

on

На свечената академија, кој што се одржа во Владата на Република Македонија, по повод Денот на албанската азбука, свое обраќање имаше и првиот вицепремиер Изет Меџити.

– Конгресот во Битола беше повикот од бришењето и асимилацијата на албанскиот јазик од меморијата на албанците. Оваа мобилизација на албанската интелигенција и политичкото раководство во Битола во 1908 година, токму во времето на востаничките движења на балканските народи, означи нов моментум за албанците на почетокот на 20 век. 

Меџите додаде дека како прв вицепремиер му е чест да биде домаќин на официјалните манифестации кои ќе се одржуваат во текот на денот по повод Денот на албанската азбука.

После свечената академија во Владата, како што кажа Меџите ќе се продолжи со Научен симпозиум во Институтот за албанско наследство, доделување на наградата 22 Ноември во Собранието, како и културно уметнички манифестации во Битола.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк