Connect with us

Македонија

Клупи завршуваат во реката – Општина Тетово апелира за заштита на јавната сопственост

Published

on

Општина Тетово изрази голема загриженост поради неодамнешните акти на вандализам, при што клупи поставени за удобност на граѓаните завршија оштетени и фрлени во речното корито. Оваа неприфатлива состојба не само што ја уништува јавната сопственост, туку придонесува за загадување на реката, која неодамна беше исчистена со посветеност од општинскиот тим.

Општината упатува апел до граѓаните активно да се вклучат во заштитата на јавните простори и да пријават секој неодговорен чин кој ја загрозува убавината и чистотата на Тетово. Само преку заеднички напори можеме да го зачуваме нашиот град и да обезбедиме поубава средина за сите.

Македонија

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Published

on

Глобалниот прогностички модел (GFS) црта ново спуштање на многу ладен воздух од север и од североисток од 29 Ноември, овој бран повторно ќе донесе провејување на снег, но дали точно тоа ќе биде во вид на провејување или ќе имаме побилни врнежи останува да видиме што ќе каже неговото следно ажурирање, исто така до вечерва ќе видиме дали и Европскиот прогностички модел (ECMWF) ќе се усогласи со овој ладен бран кој го црта овој модел!

Наскоро следува официјална метео анализа токму околу оваа ситуација.

Continue Reading

Македонија

Дел од Тетово утре без струја

Published

on

Утре, 25 ноември 2024 година (понеделник), дел од Тетово ќе биде краткотрајно без електрична енергија поради планирани интервенции во електро-мрежата. Одговорните служби апелираат до граѓаните за разбирање и најавуваат брзо завршување на работите.

Дел од град Тетово, централно градско подрачје, делови од улиците М.Тито, Ј.Сандански и Д.Г Кара (објекти кои се наоѓаат кај Стопанска Банка, хотел Лирак, Рима, Социјално, старо Амиго)

Краток прекин: 09:30 до 09:50 
Краток прекин: 13:00 до 13:15

Continue Reading

Македонија

Убави вести од Водовод Тетово

Published

on

Јавното претпријатие за водоснабдување и канализација информира дека дефектот во системот за водоснабдување во Лешница е успешно саниран.

“По интензивна работа и непрекинати напори неколку дена по ред, успеавме да го обезбедиме целосното нормализирање на водоснабдувањето. Од денес, водата што ја обезбедуваме преку нашиот систем е целосно безбедна и погодна за пиење. Овој процес бараше максимална посветеност од нашите екипи, кои работеа 24/7 за да го отстранат дефектот и да обезбедат водата да ги исполнува сите стандарди за квалитет и безбедност за пиење.

Им благодариме на граѓаните за разбирањето и трпението што го покажаа за време на овој предизвикувачки период. Тоа нè мотивира уште повеќе да ја исполниме нашата одговорност кон заедницата и да продолжиме со нашите напори за обезбедување стабилно и сигурно водоснабдување.

Како претпријатие, нашата главна цел останува да обезбедиме квалитетна и подобрена услуга за секој жител на нашиот град. Посветени сме на непрекината работа за да ви овозможиме континуирано водоснабдување со безбедна вода за пиење, следејќи ги највисоките стандарди за хигиена и безбедност.

Се извинуваме за сите непријатности и тешкотии што можеби настанале во текот на овој период и ве уверуваме дека нашата посветеност за континуирано подобрување на услугите ќе продолжи.

За какви било прашања или дополнителни информации, можете да контактирате со нашите канцеларии или да нè следите на официјалните платформи за да добиете најнови информации”.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк