Connect with us

Спорт

Пелистер со гол во 92. минута го победи Вардар во вечното дерби

Published

on

Вардар беше подобар противник, создаде значително повеќе шанси во текот на второто полувреме, но бодовите останаа во Битола, Пелистер го доби дербито со 1-0, со гол на Мирко Ивановски.

Пелистер и Вардар одиграа дерби како што само може да се посака, со прекрасна атмосфера која ја создадоа двете навивачки групи. Актерите на теренот не беа на тоа ниво, особено не во првото полувреме кога не се случуваше многу.

Натпреварот почна рамноправно, двете екипи се менуваа во иницијативите, така беше во првиот дел во кој речиси и да немаше посериозна шанса и на двете страни.

Работите се променија во вториот дел кога Вардар тргна по погодок, а Пелистер се повлече. Црвено-црните создадоа неколку одлични шанси, особено преку Дианиси кои пропушти најмалку три убави прилики да донесе водство за скопскиот тим.

За неискористените шанси казната стигна во 92. минута кога Мирко Ивановски постигна гол за ерупција во Битола, Пелистер поведе со 1-0, а тоа беше и конечниот резултат.

Ивановски поради начинот на кој го прослави голот доби втор жолт картон и мораше некоја минута предвреме да го заврши натпреварот.

Со оваа победа Пелистер се качи на седмото место со 16 бодови, а Вардар со двојно помалку е последен.

Спорт

Верстапен ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Јапонија

Published

on

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, го освои првото место во квалификациите за Големата награда на Јапонија.

Дваесет и седумгодишниот пилот оствари резултат 1:26.983. Пилотот на Мекларен Ландо Норис (+0,012) беше втор, а Оскар Пјастри од Мекларен (+0,044) ја комплетираше првата тројка.

Трката за ГН на Јапонија ќе се вози утре во Сузука со почеток во 7 часот по македонско време. 

Од 4-10 позиција се пласираа: Шарл Леклер (Ферари), Џорџ Расел (Мерцедес), Андреа Кими Антонели (Мерцедес), Исак Ајар (Рејсинг Булс), Луис Хамилтон (Ферари), Алекс Албон (Вилијамс) и Оливер Берман (Хаас).

Continue Reading

Спорт

Реал Мадрид се спаси, но Мбапе и Рудигер ќе мора да платат огромни казни

Published

on

Килијан Мбапе и Антонио Рудигер од Реал Мадрид се казнети поради недолично однесување по победата над Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, со еден натпревар забрана за играње, но условно на една година, па така ќе можат да играат против Арсенал во четвртфиналето.

Рудигер е казнет со 40.000 евра, додека Мбапе е казнет со 30.000 евра. Сепак, нивните суспензии од еден натпревар нема да се извршат веднаш и подлежат на рок од една година, изјави УЕФА во петокот.

УЕФА отвори истрага за можно прекршување на дисциплинските правила против двајцата, како и против Дани Себаљос и Винициус Џуниор, по исфрлањето на Атлетико од страна на Реал Мадрид во дербито на пенали.

Continue Reading

Спорт

Купи билет, помогни на Кочани – Македонија против Полска за хуманитарна цел!

Published

on

Женската ракометна репрезентација ја очекува бараж соочувањето со Полска за пласман на Светското првенство, мечеви кои се закажани за 9 и 12 април.

Реваншот се игра во Македонија и тоа во салата „Боро Чурлевски “ во Битола, средба за која веќе од денеска можат да се набават билети.

Истите можат да се набават онлајн (https://mktickets.mk ) или на сите продажни места на МК Тикетс низ државата. Цената на билетот е 100 денари, а комплетниот приход ќе биде наменет за настраданите во Кочани.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк