Connect with us

Инфо +

Продавачка во маркет: „Чекам што побрзо да заврши смената“

...Работам во маркет. Пред новонастанатава ситуација со коронавирусот не беше вака напнато,стресно и под притисок. Работниот ден не почнува како претходно, кафе пред работа со колешките, шега,смеа….

Тргнуваш од дома на работа, како се да е нормално, а знаеш дека не е. Стигнуваш пред работа и самата глетка е драматична: гужва и редици пред маркетот, нервозни купувачи. Влегуваш, ги поздравуваш колешките  набрзина климајќи со главата и брзаш да се подготвиш за работа. Облекуваш униформа , ставаш маска и ракавици и стартуваш. Чуството е ужасно. Демек заштитни мерки, а знаеш дека заштита немаш – најголем дел од купувачите се собираат пред каса, не почитуваат растојание од еден метар, со сите си лице в лице…

Седнуваш на каса, дезинфецираш со алкохол и почнуваш со „добар ден“ и „повелете“, се обидуваш да се насмееш. Пред себе имаш цела редица купувачи со полни колички, но ти продолжуваш со работа. Пред каса слушаш и гледаш луѓе млади, постари, некои ноншалантни, други загрижени, по некој редовен муштерија ќе ме праша како сум…  Напнатоста и турканиците се константни. Има и кавги, и нив ги слушам. Но, мојата работа е да го услужам купувачот, и јас си сите сили се обидувам да си ја вршам работата. Со едниот крај на окото ги гледаш колегите како носат кутии, ги полнат празните рафтови. Додека да се свртиш следниот пат, рафтовите веќе се полупразни. Од почетокот на кризата, побарувачката на храна е огромна, неколкупати повеќе од тоа на што бевме навикнати. Едвај постигнуваме и да наредиме и да наплатиме.

И така е од почетокот до крајот на работното време. Искрено, чекаш што побрзо да заврши. Да заврши работното време, а и целата оваа ситуација. Да се врати спокојството во мојот маркет.

А што да кажам јас? И јас имам семејство, а сепак си ја работам работата знаејќи дека и себе и семејството го изложувам на ризик. Но тоа е,купувачот секогаш има предност!

(Писмо од вработена во маркет)

Advertisement

Свет

Зеленски: САД и други партнери да не вршат притисок за избори во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека Украина не може да поднесе притисок околу одржувањето избори во моментот и ги повика партнерите, вклучително и САД, да не инсистираат на ова прашање.

Во видео обраќање, Зеленски изјави дека водел „важна дискусија“ со пратениците во парламентот за правните и безбедносните аспекти на изборите и дека секој притисок од странство во оваа фаза не е пожелна опција. „Тоа не е лесно, но притисокот по ова прашање дефинитивно не е она што ни треба“, нагласи тој.

Зеленски посочи дека Украина е подготвена да организира избори во рок од три месеци, но само доколку се обезбеди безбедноста на гласачите, со помош на САД и другите сојузници. Тој реагираше и на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сугерираше дека украинската влада го користи војниот конфликт како оправдување за одложување на изборите.

Иако законски изборите се забранети за време на војна, Зеленски се соочува со дополнителен притисок од странство, додека Русија продолжува со воздушни напади, а милиони Украинци се раселени и речиси еден милион војници е распоредено на фронтот.

Continue Reading

Свет

Руските сили се сè поблиску до Доњецк, но постарите Украинци не сакаат да ги напуштат своите домови

97-годишната Катерина Ломова од Добропоље, Донецка област, одбива да го напушти својот дом и покрај тоа што руските сили се приближуваат и секојдневно го гаѓаат регионот со артилерија, бомби и дронови. Нейната решителност ја симболизира судбината на многу постари жители кои се држат до своите домови, иако се изложени на голема опасност.

Екипата на спасувачи „Бел ангел“ редовно патролира низ областа, обидувајќи се да ги убедат жителите да се евакуираат. Главната патека е заштитена со мрежи против дронови, додека изгорени автомобили и уништени куќи сведочат за разурнувањата. Некои жители се подготвени да заминат, додека други, како Ломова, остануваат непоколебливи.

„Не, не – не сакам да одам сега. Можеби подоцна, но не сега“, вели Ломова, додека нејзината роднина од Шпанија се обидува да ја убеди преку видеоповик. И покрај можноста за безбеден транспорт до Краматорск и подоцна до Павлодар, таа останува во својот дом.

Според извештаите, некои семејства кои веќе биле евакуирани подоцна се вратиле во своите оштетени куќи, ризикувајќи ги животите на себе и на децата. Генадиј Јудин од „Бел ангел“ предупредува дека постарите лица често не ја сфаќаат целосно опасноста и со тоа ја загрозуваат сопствената безбедност.

Во меѓувреме, руските сили продолжуваат со засилено напредување во Донбас, додека украинските жители, како Ломова, се држат до единственото што им останало – својот дом.

Continue Reading

Свет

Украина изведе масовен удар врз Русија

Украина изврши масовен дронски напад насочен кон Москва и повеќе региони во западна Русија, јавуваат извори.

Големи групи дронови биле лансирани истовремено, а нивните траектории покажуваат удари длабоко во територијата околу руската престолнина.

Овој напад се смета за една од најобемните операции со долги дострелни беспилотни летала од почетокот на војната, насочен кон важни инфраструктурни и логистички цели.

Засега нема официјални информации за жртви или материјална штета.

Извор: @sentdefender

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг