Connect with us

Инфо +

СВР Тетово издаде важно соопштение

Published

on

​Последните неколку дена, особено во утринските и доцните вечерни часови, во тетовско-гостиварскиот регион има релативно ниски температури, кои ја интензивираа грејната сезона, не само во домовите, туку и во стопанските, јавните и други објекти.  Поради ова, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќите или станбените згради.

Секторот з внатрешни работи-Тетово повторно апелира до граѓаните на максимална внимателност, поточно да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се дома или во работните простории, а особено не греалки, клима уреди или печки на дрва.  Затоа што е потребна само мала искра за да се запали голем пожар со сериозни материјални и други последици.  Ова особено се однесува на станбените згради, каде локализирањето на пожарите е многу потешко, поради недостиг на потребна опрема во многу од нив и отежнатиотпристап до зградите, главно поради градежни или други причини.

На сопствениците и станарите во зградите им се препорачува да ги проверуваат и чистат оџаците најмалку двапати годишно, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на неколку електрични апарати одеднаш.
 Бидејќи, според член 288 од Кривичниот законик, предизвикување јавна опасност е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години, а ако е сторено од небрежност, казната е до три години.
              Затоа, се молат граѓаните да продолжат да ги почитуваат овие апели и упатства, да спречат евентуални пожари и да спречат посериозни последици по нивниот живот и имот.

Македонија

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски: Преку 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонија

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николовски, објави значајна инвестиција од над 4 милиони евра за надградба на електро преносната мрежа во Пелагонискиот регион. Оваа инвестиција опфаќа реконструкција на трафостаницата Битола 2, која се очекува да заврши овој месец. Со нејзиното завршување, ќе се подобри стабилноста на електричната мрежа и ќе се обезбеди непрекинато снабдување со електрична енергија за компаниите и граѓаните.

„Инвестираме во иднината на Македонија, за развојна и економски силна земја,“ изјави министерот Николовски, истакнувајќи дека оваа инвестиција ќе има долгорочни придобивки за економијата и за секојдневниот живот на граѓаните во регионот.

Continue Reading

Македонија

Министерот за правда, Игор Филкив, во работна средба со Академијата за судии и јавни обвинители

Published

on

Министерот за правда, Игор Филкив, се сретна со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, и заменик директорот, Илир Исени. Средбата се одржа во духот на конструктивен дијалог, каде што се дискутираа предизвиците со кои се соочува Академијата, како и решенијата кои ќе овозможат подобри просторни услови и зголемени капацитети за обука на идните судии и обвинители.

Една од централните теми беше потребата за оптимизација на роковите за полагање испити, со цел процесот да стане побрз и поефикасен. Ова би им овозможило на кандидатите побрзо да го завршат обуката и полесно да пристапат до своите нови улоги.

Министерот Филкив потенцира дека министерството ќе продолжи да работи во тесна соработка со Академијата, со фокус на размена на искуства и ресурси, кои ќе придонесат кон создавање на иновативни и современи програми за обука. Новите програми ќе бидат дизајнирани така да ги одговорат на реалните потреби на правосудниот сектор и да го зголемат професионализмот и ефикасноста на идните судии и обвинители.

Continue Reading

Македонија

Човек од Боговиње каснат од куче скитник на улица во Тетово

Published

on

На 06.11.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, С.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, пријавил дека на улица „146“ во Тетово бил каснат од куче скитник.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк