Connect with us

Македонија

Полицијата ќе казнува – мора да го имате ова во возилото

Published

on

Од 15 ноември започнува да важи задолжителната обврска за носење зимска опрема во возилата. Ако не се почитуваат правилата за користење и носење зимска опрема во возилата, кои се предвидени во Законот за безбедност на патниот сообраќај, согласно истиот, на секој возач кој постапува спротивно на одредбите ќе му биде издаден платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност, а може да се соочи и со исклучување на возилото од сообраќај.

Под зимска опрема во Македонија се подразбира:

*Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри или

*Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни помагала (синџири за снег).

*Синџирите за снег се поставуваат на погонските тркала.

Доколку возилото има погон на сите четири тркала, тогаш опремата е:

*Зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 6 милиметри или

*Летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарата од 4 милиметри и во возилото да носите соодветни синџири за снег.

*Ако имаат постојан погон на четири тркала, синџирите се поставуваат на задната осовина.

*Ако имаат преклоплив погон, тогаш синџирите се поставуваат најмалку на постојано вклучената оска.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала, и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „МС“, „М+С“, „М&амп;С“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Во патниот сообраќај, на возилата не се поставуваат пневматици со клинци.

Законот предвидува полициски службеник може да му нареди на возач да го прекине натамошното движење на возилото, ако не постапи според сообраќајниот знак за задолжително носење и употреба на зимска опрема.

Исто така, полициски службеник може да нареди на возач да го прекине натамошното движење и тогаш кога не постои сообраќаен знак за задолжително носење на зимска опрема, ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, односно полицискиот службеник може да му нареди на возач задолжително да ја постави на возилото зимската опрема.

Македонија

Исплатени се субвенции за растително и за сточарско производство

Published

on

Денеска се исплатени средства за финансиска поддршка кон земјоделците за тековната 2024 година, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Извршена е вкупна исплата на износ од 264.241.663,00 денари субвенции за растително производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 22.141 земјоделци. За мерката 1.8 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади се исплатени 118.186.903,00 денари кон 8.729 корисници.

Исто така, денеска се исплатени и средства на износ од 146.054.760,00 денари кон 13.412 корисници за мерка 1.11 Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.

Како што стои во соопштението, дополнително е извршена исплата на директни плаќања за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година.

„Се исплатија 416.722.200,00 денари субвенции за сточарско производство од Програмата за финансиска поддршка за земјоделството за 2024 година кон 8.680 земјоделци и тоа за: мерка 2.1 Директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 4.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 201.532.000 денари кон 6.189 корисници. Мерка 2.8 Директни плаќања за обележани женски грла овци постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 600 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 182.692.200 денари кон 2.058 корисници. Мерка 2.10 Директни плаќања за обележани женски грла кози постари од 12 месеци. Висината на директните плаќања е 2.000 денари по грло. За оваа мерка исплатени се 32.498.000 денари кон 433 корисници“, се наведува во соопштението од МЗШВ.

Continue Reading

Македонија

НАСИЛНО ОТВОРИЛА „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ ГО СТАРТУВАЛА, ПА ГО ОСТАВИЛА Малолетничка крадела автомобили во Тетово

Published

on

Секторот за внатрешни работи од  Тетово поднесе кривична пријава против 16–годишна малолетничка од с.Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба во обид“.

Како што соопшти полицијата, таа на 07 ноември во Тетово, му го одзела патничко возило „рено“ на сопственост  А.С., а ден потоа  со употреба на сила, влегла во патничко возило „цитроен берлинго“, сопственост на Е.С., го стартувала, а по кратко време го оставила и заминала.

Continue Reading

Македонија

Ќе растат сите плати во Македонија, вели Мицкоски, а нема да растат функционерските плати

Published

on

Ќе растат сите плати во Македонија, ќе растат платите на сите вработени, а нема да растат платите на функционерите. Тоа го кажавме и тоа ги правиме, правиме измена на Законското решение со кое што нема да има покачување на функционерските платаи. Оваа законска измена наскоро ќе биде пред пратениците, најави премиерот Христијан Мицкоски.

-Ќе се бориме сите вработени во државата да добијат повисоки плати и ќе работиме на тоа, но тоа право нема да го имаат функционерите. Дали е тоа исправен чекор? Јас ценам дека е тоа исправен чекор иако постои дебата и така ќе продолжиме да работиме и во иднина, во интерес на граѓаните и на сите оние кои што не гласале и имаат доверба во нас како Влада.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк