Connect with us

Македонија

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски доби признание за посебен придонес во едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја прими благодарницата за особениот придонес во развојот на едукацијата и рехабилитацијата на лицата со попреченост, доделена од Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Македонија. На значајната конференција, која ја одбележува 75-годишнината од организираното образование, рехабилитација и вработување на лица со попреченост, Ѓорѓиевски истакна дека ова признание е потврда за посветеноста и напорите на Општина Кисела Вода да обезбеди подобар живот за сите свои граѓани.

Општина Кисела Вода, која е препознатлива по својата инклузивна политика, има реализирано низа значајни проекти и иницијативи за подобрување на секојдневието на лицата со попреченост. Меѓу нив се издвојуваат отворањето на дневниот окупационен центар во соработка со невладината организација „Крик“, поддршката на Здружението за деца со церебрална парализа, и збогатувањето на библиотеката со книги на Брајово писмо за децата со оштетен вид од училиштето „Димитар Влахов“.

Ѓорѓиевски нагласи дека во основните училишта се опремени сензорни соби за поддршка на учениците со различни потреби, додека во зградата на општината се поставени патеки за слепи лица. Исто така, Општината вработува лица со Даунов синдром и со попречен вид, што го докажува нивниот стремеж кон вистинска инклузија и еднакви можности за сите.

„Посебно сме горди што годинава, со наша поддршка, се реализираше инклузивната претстава ‘Малиот принц’ со учество на лица со церебрална парализа, а бевме и домаќини на логопедско-дефектолошкиот конгрес“, изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека Општина Кисела Вода продолжува да се издвојува како пример за инклузивна заедница.

Ова признание за градоначалникот и за Општина Кисела Вода претставува потврда дека се движат во правилната насока, а тој најави дека напорите за инклузија и поддршка нема да престанат, со цел да се обезбеди подобар живот за секое дете и човек во општината.

Македонија

Ѓорѓиевски: Деновиве започнува целосната реконструкција на салата „Расадник”

Published

on

Во денешното гостување на емисијата ”Во живо, програма на градови, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за обновата на спортската инфраструктура во општина Кисела Вода, ексклузивно најави дека до крајот на оваа седмица ќе започне целосната реконструкција на култната сала Расадник.

-Во четврток или петок, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски и со Премиерот Христијан Мицкоски, ќе го најавиме официјалното отпочнување на градежни активности што подразбираат темелна, целосна реконструкција на салата “Расадник”. Тоа е еден симбол на нашта општина, место каде што своите почетоци ги има РК “Вардар”, но и нашиот министер Борко Ристовски, од кој имаме целосна поддршка. До крајот на неделава ги започнуваме градежните активности, завршена е тендерската постапка и избрана е фирмата изведувач која ќе го работи сето тоа и верувам е дека некаде до средината на мај наредната година, како што е предвидено со договорот со компанијата изведувач, салата да биде свечено пуштена во употреба и се надевам дека конечно и РК “Вардар”, конечно е се врати во својот храм, дома, во Кисела Вода-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој информираше и дека во овие три години во општина Кисела Вода се изградени и обновени 13 спортско-рекреативни центри, 6 спортски сали, 19 детски катчиња и 7 паркови со преку 80 000 м2 зеленило.

Continue Reading

Македонија

Meџити го поддржува Мицкоски за УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО

Published

on

Во однос на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за поддршка од повеќе земји членки на идејата за уставни измени со одложено дејство, и дали во Владата се разговара околу тоа, Меџити рече, дека тоа е потврда дека Владата е европски ориентирана и е во врвот на приоритетите.

– Секојдневно работиме во таа насока. Јас сум оптимист дека сме на прав пат, изјави Меџити.

Continue Reading

Македонија

Тепачка на Меѓународниот аеродром Скопје

Published

on

Вчера околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, по претходна расправија две лица се испотепале меѓу себе.

„Јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка помеѓу А.Р.(33) од с.Марино, скопско и А.Д.(30) од с.Зелениково, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, се вели во полицискиот билтен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк