Connect with us

Македонија

Меџити: Не падна влада со 61 пратеник, па како може да падне мнозинство со ⅔ од пратениците!

Published

on

Првиот заменик-претседател на владата, Изет Меџити, во Пика Подкаст, барањето на албанската опозиција за нови избори го нарече неразумно, бидејќи според него, како никогаш досега, актуелната влада има мнозинство од ⅔ од гласовите.

„Албанската опозиција, која долго време била на власт, никако не може да се помири со фактот дека не е дел од оваа влада. Постојат правила во демократијата каде на новата влада и се даваат првите 100 дена можност да се позиционира, да се етаблира, а потоа започнува онаа поинтензивна кампања, нешто што овие не го почитуваа. Од 90-тите години па до денес немало влада со 78 пратеници, каде секој ден бројката ќе достигне и над 80. Знаете дека во изминатите 4 години владата стоеше на стаклени нозе, со 61 пратеник, и не падна, па сега како може да падне мнозинство со ⅔ од бројот на пратениците“, изјави Меџити.

Македонија

Божиновска: Во ЕСМ начекав минус 80 милиони евра работење

Published

on

Во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, а денеска после седум години начекав минус 80 милиони евра работење, нагласи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања.

– Тоа што го коментирате за нешто што се случило во 2017 година – тогаш вие бевте на власт и имавте седум години нешто да реагирате за тоа. Во 2017 година, ЕСМ од тогашниот генерален директор беше оставен со 20 милиони евра профит, со направени ремонти, со направен тендер за механизација и денеска после седум години начекав – минус 80 милиони евра работење на ЕСМ. Префрлени 379 милиони евра од граѓаните на ЕСМ. Тоа се пари на граѓаните со кои сте можеле да изградите некој објект – рече Божиновска, додавајќи дека во времето на СДСМ во МЕПСО бил вработен несоодветен кадар.

Во фокусот беше и тоа дали министерката Божиновска поседува бугарски пасош на што таа одговори дека поседува македонски и чешки пасош. Во однос на нејзината фирма во Прага, Божиновска истакна дека кога живеела таму морала да основа фирма за да може да купи стан бидејќи, како што рече, со македонски пасош тоа не е можно.

На прашањето за вмешаност на министерката со картел здруженија, Божиновска рече дека нема никава врска со тие здруженија и фирми.

– Во 2014 година немам никаква врска со фирми и картел здруженија. Најубаво би било тие што ви ги напишале прашањата, да бидат малку поинформирани. Тогаш живеев и работев во Белград и немам никакви правни врски со ниту една фирма поврзана во Македонија. А отсега се надевам дека ќе прашувате за работата на Министерството – рече Божиновска.

Continue Reading

Македонија

(ВИДЕО) Избегната физичка пресметка во македонското собрание- Апасиев со слушалки го гаѓаше Јованчев

Published

on

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев на денешната собраниска седница најпрвин влезе во вербална расправија со пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, а потоа фрли и слушалки накај него и се обиде физички да се пресмета.

Апасиев видно изнервиран извикуваше до Јованчев да не му се повтори да го споменува неговото семејство. Интервенираше и собраниското обезбедување. Во исто време и пратеникот од Левица, Борислав Крмов, со пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Велјановски, за малку не си разменија тупаници.

Собранискиот спикер Африм Гаши со цел да ја смири ситуацијата даде пауза.

https://youtu.be/XjXxn657418?si=ssIaYSMeGT_XZ2s7

Извор: Телма

Continue Reading

Македонија

Тетовско: Маж пријавил уцена од поранешна партнерка за 27.000 евра

Published

on

На 20.11.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово, 55 – годишен маж од тетовско село пријавил дека бил уценет од жена од Тетово, со која порано бил во врска. Според пријавеното, последните три години таа му се јавувала на телефон и му кажала дека има дете со него и му барала пари за подмирување на долгови, а доколку не и даде ќе и кажела на неговата сопруга за нивната врска. Како што е пријавено, тој досега ѝ дал околу 20.000 евра, а во последните четири дена му барала уште 7.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк