Connect with us

Македонија

Уапсени две лица осомничени за серија кражби

Published

on

На 11 ноември 2024 година, полициските службеници во селото Долно Палчиште, општина Боговиње, уапсиле 43-годишниот И.С. од Селце Кеч. Неколку часа подоцна, на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, уапсиле уште еден осомничен, 42-годишниот С.Ш. од истото село. Двајцата се сомничат за повеќе тешки кражби во Гостивар и Врапчиште, при што одземале добиток и различни видови машини. Пронајдените предмети од кражбите ќе бидат вратени на сопствениците, а против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави по завршување на истрагата.

Македонија

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Published

on

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Пет пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во Србија

Published

on

Повредени пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во странство

Министерството за здравство соопшти дека денеска петмина од повредените во несреќата во Кочани се враќаат од лекување во Клиничкиот центар во Србија. Согласно утврдениот протокол, тројца од нив ќе бидат сместени на Клиниката за пулмологија, еден пациент ќе продолжи под надзор на Клиниката за пластична хирургија, а уште еден ќе биде хоспитализиран во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

Вчера, уште еден пациент се врати од лекување во Хрватска и е под опсервација на Клиниката за пластична хирургија. Со ова, бројот на пациенти што сè уште се лекуваат во странство се сведува на 38.

Во земјава, во моментот се лекуваат седум пациенти: четворица се хоспитализирани во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за пластична хирургија и двајца во приватната болница „Систина“.

Министерството нагласува дека внимателно ја следи состојбата на повредените и дека приоритет останува обезбедување квалитетен третман и успешна рехабилитација за секој пациент.

Continue Reading

Македонија

Битиќи не го пријавил во анкетен лист накитот кој го одзеле крадците од неговиот дом

Published

on

Поранешниот потпретседател на СДСМ и вицепремиер, Фатмир Битиќи бил ограбен за време на велигденските празници и притоа крадците го украле сефот во кој имало пари и накит, пишува порталот Фокус.мк

„На 21.04.2025 во 11.40 часот во СВР Скопје, Ф.Б.(49) од Скопје пријавил дека во периодот од 07.30 часот на 18.04.2025 до 03.00 часот на 21.04.2025, со употреба на сила и погоден алат било влезено во неговиот дом на подрачјето на Бутел во Скопје и биле одземени пари и други предмети, информира МВР“.

Во раните утрински часови околу 3 часот наутро, три лица упаднале во домот на пратеникот Фатмир Битиќи. Тој за ТВ 24 потврди дека додека тој се наоѓал надвор од државата неговиот дом бил предмет на кражба.

„Се се случи околу 3 часот наутро. Кражбата траела од 3 и пол до 4 минути. Дома имам поставено и аларм и видео надзор. Регистрирани се три лица, двете влегуваат во куќата а едното чува стража пред врата. Одземен ни е метален сеф кој беше вграден. Буквално го откорнале. Во сефот имаше пари но и накит кој имаше сентиментално семејно значење за нас. По упадот, по околу 6 минути дошла и агенцијата за обезбедување со кој е поврзан нашиот систем за аларм.“ – вели Фатмир Битиќи за ТВ24.

Накитот за кој зборува Битиќи го нема во неговиот анкетен лист доставен Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во 2020 година кога вицепремиер за економски прашања, Битиќи пријавил куќа од 343 м2 која е проценета на 17,2 милиони денари. Тој вози „волксваген Т-рок“, а сопругата „мерцедес е-класа“ вредни 20.000, односно 30.000 евра.

Има три кредити, еден од 1,5, еден од речиси 2 и еден од 3 милиони денари кои треба да ги отплати до 2040 година, како и станбен кредит од речиси два милиони денари кој го подигнал во 2023 година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк