Connect with us

Македонија

Тетовец пријавил измама од 30.000 евра со вмешаност на вработен во Катастар и адвокат

Published

on

На 11.11.2024 во СВР Тетово, 64 – годишен тетовец пријавил дека со прикривање на факти бил оштетен за сума од 30.000 евра од вработен во Агенција за катастар и недвижности Тетово и од адвокат од Тетово. Според пријавеното, вработениот во катастар од Основен суд подигнал судска пресуда од 2014 година, која била во негова полза и која ја чувале во канцеларијата на адвокатот. На тој начин, тој бил оштетен за половина од неговиот стан каде што живее. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството

Published

on

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави мислење во однос на Предлогот за укинување на мерка притвор со предлог гаранција, поднесен од осомничен за сторено кривично дело – „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Во мислењето, јавниот обвинител истакна дека предлогот на осомничениот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција во недвижен имот со проценета вредност од 60 672 235 денари, може да биде основан само ако осомничениот, во исто време, на посебна сметка на судот, дополнително да депонира и износ од 72 000 000 денари. Во конкретниот предмет, според доказите со кои располага обвинителството, износот од 72 000 000 денари одговара на вкупниот износ на противправно стекнатата имотна корист за овој осомничен од кој во понатамошна постапка би можело да се наплати евентуалното оштетно побарување од него.

Исто така, јавниот обвинител побара од судот на осомничениот да му бидат определени и мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска повремено да се јавува на определено службено лице или надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање.

Притоа, обвинителот ги имаше предвид и списите во предметот, како и фактот дека обвинителството во меѓувреме обезбеди поголем дел од материјалните и вербалните докази, со што значително е намален ризикот дека тој би можел да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци.

Согласно даденото мислење, само со определување на сите погоре наведени мерки обвинителството ќе смета дека се исполнети условите за укинување на претходно изречената мерка притвор.

Continue Reading

Македонија

Нотарка навредувала слеп човек со зборовите: Неписмен, ниту гледаш ниту слушаш !!!

Published

on

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила вознемирување и директна дискриминација од нотарка кон слепо лице, но и дискриминација од Министерството за правда кон целата популација слепи, односно лица со оштетен вид во Македонија. Дискриминацијата е врз основа на попреченост во областа на пристап до нотарските услуги на лицата со попреченост.

<

Комисијата споила во еден предмет две пријави, како од здружение на слепи лица, така и лично поднесена, од лице со целосно оштетен вид, кому нотарка му викала, го понижувала во нејзината канцеларија, му ја натопила и размачкала целата рака со мастило, место само врвот од показалецот за да се потпише со отисок, потоа инсистирала како знае да најде уште еден сведок за изработката на нотарскиот акт и на крајот му наплатила место 710 денари за услугата. Лица без попреченост за истата нотарска услуга би платило 200 денари, но законот пропишува баш за услуги кон тие лица, бидејќи доаѓаат со сведоци да се наплаќа и тројно повеќе. Поради тоа Комисијата бара и Министерството за правда да подготви законски измени.

Тој кај нотарката дошол со придружба, со сестра си. Нотарката воопшто не го гледала додека зборувала, поради што сестрата ѝ рекла: „Тој е тука во просторијава, гледајте во него додека зборувате“.

„Како да му зборувам нему, тој ниту ме гледа, ниту ме слуша“, одговорила нотарката.

„Ти си неписмен, откаде знаеш што потпишуваш“, продолжила таа да го дискриминира, на што слепиот човек ѝ рекол дека сам ја составил изјавата, побарал да му ја завери, да плати и да си оди како сите други странки.

Место тоа, му дала празен лист да го провери дали е писмен и му рекла да се потпише. Понижен, човекот се потпишал со скратениот потпис, како на личната карта што му ја издало МВР. Во претставката тој навел дека нотарката вербално агресивно го нападнала, викајќи дека не ја интересира што МВР му дозволиле да се потпишува место да му земе отпечаток со мастило, дека таа работи по закон и ако не ѝ се допаѓа, да си замине од нејзината канцеларија.

Потоа го натерала да бара друг сведок место неговата сестра, за што изгубил уште еден час. Во изјавата напишала дека таа му ја прочитала, што не било точно, а направила и физички инцидент како што се наведува во предметот, размачкувајќи му ја со мастило целата рака на слепиот клиент, место само врвот од палецот, по што тој едвај се исчистил.

На крајот му наплатила несразмерно повисоки трошоци за истата работа, од тие на лицата без сведоци, односно без попречености.

Нотарката во писмениот одговор до Комисијата, негирала дека извршила дискриминација и дека го бркала од канцеларијата, односно дека лицето со попреченост манифестирало моќ, викало во нејзината канцеларија и иако ги знаел прописите, инсистирало да бидат прекршени во неговиот случај, во делот за сведоците.

Здружението на слепи лица, пак, ја поднело својата групна претставка до Комисијата за дискриминација откако веќе подолг период членовите, слепи лица, поднесувале поплаки дека трпат дискриминација кога составуваат нотарски договори или други акти пред нотар. Се жалеле дека се принудувани од оној мал круг на луѓе кои ги познаваат, да наоѓаат по двајца сведоци за на нотар, а кои не смее да му се роднини и да ги молат да дојдат на нотар во работно време, што е многу тешко.
За повеќе детали Тука- Сдк.Мк

Continue Reading

Македонија

Обвинителството потврди дека Асмир Јахоски може да излезе од притвор

Published

on

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се согласило со можноста за укинување на притворот за Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко Петрол“, но под услов – да плати милионски износ и да му бидат одредени строги мерки на претпазливост, пишува Плусинфо.

Јахоски, кој е осомничен за перење пари и стекнување противправна имотна корист во истрагата за набавка на токсичен мазут за ТЕЦ Неготино, понудил гаранција во недвижен имот во вредност од 60,6 милиони денари (околу 1 милион евра). Но, обвинителството побарало дополнителен услов – тој да депонира и 72 милиони денари (околу 1,17 милиони евра) на посебна судска сметка, јавува порталот.

„Предлогот за замена на мерката притвор со гаранција може да биде основан само доколку осомничениот покрај недвижноста, депонира и дополнителен износ на сметката на судот, кој одговара на вкупниот износ на противправно стекнатата имотна корист,“ информираат од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Дополнително, јавниот обвинител побара и Јахоски да биде ставен под посебен надзор: да не го напушта живеалиштето, редовно да се јавува кај надлежно лице и да му се одземе патната исправа, со цел да се спречи бегство или влијание врз сведоци.

Од Обвинителството посочуваат дека во меѓувреме е обезбеден најголемиот дел од доказите, што значително го намалува ризикот Јахоски да ја попречува истрагата.

„Со вакви мерки ќе бидат исполнети условите за укинување на мерката притвор“, додаваат од ОЈО.

Крајната одлука дали сопственикот на „Пуцко Петрол“ ќе биде пуштен од притвор сега е во рацете на Кривичниот суд во Скопје, кој треба да се изјасни врз основа на мислењето на Обвинителството и понудената гаранција.

Јахоски е еден од 13-те осомничени во истрагата за тендерите за набавка на мазут вредни 167 милиони евра за ТЕЦ Неготино, која беше отворена во 2023 година. Меѓу останатите осомничени се и поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски (во бегство) и неколку други бизнисмени и поранешни функционери.

Expres.mk завчера ексклузивно објави дека во четврток е поднесено барање Асмир Јахоски да биде пуштен од притвор.

За одлуката решаваат тројца судии
Обвинителството

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк