Connect with us

Спорт

ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија исклучени од сите натпреварувања, суспензија и за Валентина Радуловиќ

Published

on

Ракометната федерација на Македонија донесе одлуки по повод натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија, по срамниот Куп натпревар во кој ракометарките си даваа автоголови, и наводно намерно промашувале на меѓусебниот натпревар.

Така ЖРК Гевгелија и ЖРК Скопје се исклучени од сите натпреварувања под капата на Ракометната федерација на Македонија.

Суспензии добија и официјалните лица на двата клуба, како и делегатот. Валентина Радуловиќ како претседател на ЖРК Скопје, е суспендирана со забрана за вршење функција во ракометот во следните две години. Иста казна доби и тренерот на екипата, Веселинка Треноска.

Претседателот на ЖРК Гевгелија Јулија Беќарова исто така доби забрана за вршење на ракометна функција во следните две години. Делегатот на мечот Митко Ѓоргиевски е казнет со забрана за вршење на функција во следните шест месеци.

Спорт

Непробоен ѕид: Столе Димитриевски со петта „чиста мрежа“ по ред!

Published

on

Пет натпревари по ред без примен гол – вистинско достигнување кое го става Столе Димитриевски во центарот на вниманието. Како чувар на „чистата мрежа“, неговата игра не само што обезбедува резултати, туку и внесува сигурност и стабилност во тимот.

„Горд сум што сум дел од тимот со момци кои имаат шампионска глава и исто такви ‘му_а’“, изјави Димитриевски, со што ја потврди сплотеноста и карактерот на екипата.

Секако, ќе има и денови на порази и натпревари кога головите ќе бидат неизбежни, но моментално Столе не заслужува ништо друго освен аплауз и почит. Неговата посветеност, лидерство и шампионски дух се инспирација не само за соиграчите, туку и за сите навивачи.

Оваа серија е доказ дека успехот е комбинација од тимска работа, индивидуални способности и непоколеблива верба. Столе Димитриевски е вистински пример за тоа како се гради успехот – со храброст, труд и непопустливост.

Continue Reading

Спорт

Пелистер под рефлектори: Голем интерес за дербито со Шкендија

Published

on

Фудбалската Битола повторно ќе биде сведок на натпревар под рефлектори, овојпат со тимот на Шкендија. По дербито со Вардар, „зелено-белите“ ги повикуваат своите симпатизери на нова вечерна фудбалска магија.

Продажбата на билети започнува во четврток, во Димпо Тобако, а во недела билетарницата на стадионот „Петар Милошевски“ ќе биде отворена од 15:30 до 16:30 часот. Натпреварот започнува во 17:00 часот, а клубот апелира гледачите да дојдат навреме и да ги купуваат билетите исклучиво од официјални продажни места за да избегнат проблеми со влезот.

Воедно, клубот бара фер и спортско однесување, без националистички или расистички пароли, и строго забранува внесување на тврди предмети.

Битола е подготвена за уште една вечер под рефлекторите, додека интересот за дербито расте.

Continue Reading

Спорт

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

Published

on

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вечерва поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.

-По седум извонредни години исполнети со историски достигнувања, решив да се повлечам од позицијата претседател на Фудбалската федерација на Македонија. Одлуката е резултат на моето размислување дека дојде момент за промена, после период што ќе остане запаметен како најуспешен во историјата на нашиот фудбал. Заедно со вас, испишавме златни страници за македонскиот фудбал: историското учество на Европското првенство ЕУРО 2020, второ место во квалификациската група за Светско првенство и незаборавната победа над Италија во Палермо, успесите во Лигата на нации со пласман во Лига Б и реализацијата на бројни инфраструктурни проекти во соработка со УЕФА и ФИФА. Ја напуштам оваа позиција со гордост и огромна благодарност до сите кои придонесоа за овие успеси: фудбалерите, селекторите, клубовите, инвеститорите, администрацијата, членовите на Управниот одбор и секој љубител на фудбалот. Јас ќе продолжам да ја извршувам својата улога до 22 декември, кога на Вонредно Собрание ќе биде избран мојот наследник. Со целосна верба во иднината на Федерацијата и македонскиот фудбал, од срце ви благодарам за поддршката и соработката во изминатите години, напиша Сејдини на социјалните мрежи.

Инаку, мандатот на Сејдини требаше да заврши во март следната кога се очекуваше редовно Изборно собрание на ФФМ.

Сепак, по оставката на Сејдини, делегатите на ФФМ ќе одржат вонредно Изборно собрание на 22 декември.

Се очекува за нов претседател на ФФМ да биде избран Масар Омерагиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк