Connect with us

Македонија

Радев призна, внесувањето на Бугарите во уставот прв чекор на патот на Македонија кон ЕУ, потоа следува Преговарачката рамка

Published

on

Бугарскиот претседател призна – внесувањето на Бугарите во Уставот ќе биде само првиот чекор на патот на Македонија кон Европската Унија. Дури потоа следува спроведување на се што е предвидено во Преговарачката рамка во која влегуваат Договорот за добрососедство и дополнителните протоколи. Оваа позиција Румен Радев ја кажа по средбата со македонската колешка Гордана Сиљановска – Давкова во Баку, Азербејџан.

„Сè ќе стане јасно во блиска иднина. Доколку државното раководство навистина има желба за влез во Европската Унија, мора да ја исполни Преговарачката рамка и договорот за добрососедство. Тоа е многу јасно“ изјави Румен Радев.

Новата македонска власт со месеци предупредува токму на ова – дека отворањето на Уставот само ќе им даде ветер во грб на бугарските уцени и закани.

Македонската претседателка, пак, упати смирувачки и пријателски пораки по разговорот со бугарскиот колега. Сиљановска – Давкова вели дека мора да се јнадминат отворените прашања и да се продлабочи меѓусебната соработка. Порача дека односите треба да се развиваат врз основа на заемно почитување.

„Мислам дека имавме добар почеток. И треба да продолжиме така еве повторувам и денеска во Бугарија чинам се е менливо освен вие. Вие се најстабилниот елемент во државата, и мислам дека сте вистински избор. Не го кажувам само јас тоа… тоа го кажуваат и други наши колеги.Најважно е народите да ни функционираат” вели претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Сиљановска-Давкова го поканила Радев да ја посети Македонија, истакнувајќи дека „вратите во Скопје се отворени“ и дека се надева на идни разговори кои ќе придонесат за јакнење на односите меѓу двата народа.

Двајцата претседатели се во Азербејџан на конференција за Климатските промени заедно со дузина други светски лидери.

Таму Давкова денеска се сретна со чешкиот премиер Петр Фиала при што посочила на потребата ЕУ да биде јасна и непоколеблива во својата стратегија за проширување кон Западен Балкан, не оставајќи простор за нејаснотии. Вчера, пак, се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан при што доби силна поддршка за македонските евроинтеграции.

Македонија

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан

Published

on

Стартува заедничката гранична контрола на заеднички граничен премин Долно Блаце-Елез Хан.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.

Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли.

Continue Reading

Македонија

Временска прогноза: Еве какво време ја очекува Македонија до крајот на оваа недела

Published

on

УХМР известува дека до петок времето ќе биде променливо облачно со повремени дождови.

Во попладневните и вечерните часови се очекува локална нестабилност, со пороен дожд и грмежи, а на некои места ќе има краткотрајно невреме со силен пороен дожд (над 15 л/м² за краток период) и засилен ветер.

Во сабота се очекува преодно стабилизирање на времето, а нови дождови ќе има во недела.

Continue Reading

Македонија

ВИДЕО: Гори автомобил на автопатот Тетово-Скопје

Published

on

ТВ21 на својот Инстаграм профил објави снимка на која се гледа автомобил во пламен на автопатот Тетово-Скопје.

Подетални информации се очекуваат подоцна. Погледнете го видеото:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TV21 Macedonia (@tv21hd)

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк