Connect with us

Македонија

Вработена во МВР го оштетила Буџетот за над 189.000 денари

Published

on

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Т. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“ по член 353-в став 1 од Кривичниот законик.

Пријавената С.Т. – на работното место помошник на министерот во Центарот за обука на МВР, во периодот од септември до октомври 2023 година, постапила несовесно во вршење на своите должности и овластувања, на тој начин што на лица со кои министерството имало склучено договор за основна обука за полицаец (генерација 2023/2024) им овозможила да продолжат со основната обука и покрај тоа што им бил откажан договорот за основна обука поради тоа што не ги освоиле потребните бодови за продолжување на обуката во друг модул. Пријавената самоволно и незаконски им овозможила да ја продолжат обуката на начин што им биле прифатени поднесените приговори, им било извршено ретестирање спротивно на подзаконските прописи што ја регулираат предметната материја и им овозможила да засноваат работен однос во министерството и покрај тоа што во договорот била предвидена одреба согласно која во случај на спор постапувањето е во надлежност на судот.

Со тоа што им овозможила на кандидатите за полицаец понатамошно право на обука, престој и исхрана во Центарот за обука во МВР, таа го оштетила буџетот на МВР во вкупен износ од 189.777 денари.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди изрече задолжителни мерки да се преиспита основаноста на склучените договори за работа.

Македонија

Метео предупредување: Еве какво време попладнево ја очекува Македонија

Published

on

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, со повремени дождови, најмногу во попладневните часови. Локално се очекува појава на краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд. За кратко време, на некои места може да паднат над 15 литри дожд по метар квадратен, а ќе има и грмежи и засилен ветер.

Како што информираше УХМР, максималната температура денес ќе се движи помеѓу 12 и 18 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, со повремен дожд. Попладне, во делови од котлината се очекува нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

И во понеделник продолжува променливото и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за краткотрајни невремиња, со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде од 2 до 9 степени, додека максималната температура ќе се движи помеѓу 10 и 19 степени.

Continue Reading

Македонија

Малолетници принудувале врснички полово да ги задоволуваат, за што поседувале и снимки

Published

on

Двајца малолетници од Битола со закани принудувале врснички полово да ги задоволуваат, бидејќи поседувале компромитирачки материјал за нив. Ова го пријавила 37-годишна битолчанка во текот на вчерашниот ден во МВР.

„37- годишна жена од Битола пријавила дека двајца малолетници од Битола во неколку наврати со закана ги принудувале нејзината ќерка и нејзина другарка полово да ги задоволуваат за што поседувале и видео материјал“, велат кусо од МВР.

Во консултација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката

Published

on

Во далечната 2000 година Коста Шапков беше 55-годишен машинобравар. Сега има речиси 80 години, се радува на своите внуци и на секој нов ден. Први март 2000 година, 16 часот се денот и часот кои тој вечно ќе ги памети, како почеток на неговиот втор живот. Шапков беше првиот пациент во Клиника Жан Митрев, кога врз него беше изведена првата бајпас операција во Македонија.

Пред неколку години, Шапков скромно изјави дека „некој морало да биде прв“.

„Ете, мене така ми се погоди. Не се надевав дека со мене и моето име ќе се испише историјата“, рече Шапков.

И основачот на клиниката, д-р Жан Митрев, овој датум и овој час ќе го памети вечно, бидејќи тогаш се ставија темелите на тогашната Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“, која подоцна прерасна во Клиника Жан Митрев, а тој ја изведе првата бајпас операција. Зафатот траеше повеќе од четири часа и заврши успешно, а во една прилика, д-р Жан Митрев изјави дека оваа операција била неговата најтешка, опишувајќи ја како „операција на духовното срце на Македонија“ и реализација на една визија, означувајќи нова ера во македонската кардиоваскуларна хирургија. 

Кочанчанецот Шапков во далечната 2000 година почувствувал болка во градите, веднаш се упатил во болница и бил препратен во Скопје. На скопската клиника му било кажано дека таква интервенција не може да се направи и како опција му била препорачана Бугарија. 

„Таму јас не можев да одам, а веќе имав чуено за д-р Жан Митрев и сакав да се оперирам кај него. И по некое временавистина добив телефонски повик, да дојдам и да почнам со испитувањата. Кога дојде д-р Жан Митрев, ми рече, Коста, тебе прв ќе те оперираме, работата е критична. Јас реков оперирајте, мора некој да биде прв“, раскажа Шапков. 

Оттогаш поминаа 25 години, а оваа визија продолжи да се развива, со што Клиниката Жан Митрев се етаблира како лидер во медицинската иновација и врвната здравствена нега во регионот. 

Во 2002 година, клиниката ја изведе првата операција на отворено срце врз буден пациент, што исто така претставуваше значителен напредок во медицинската пракса. 

Понатаму, продолжија да се бројат успесите, иновациите и воведувањето нови напредни медицински технологии. Годинава, Клиника Жан Митрев одбележува 25 години постоење, а срцето на првиот пациент сѐ уште силно чука, како сведок на почетокот на првото отворање на вратите на хируршките сали кои ќе ја сменат иднината на кардиоваскуларната хирургија во Македонија.    

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк