Connect with us

Европа

НУДАТ ПЛАТА ОД 1.600 ЕВРА, НО НЕ МОЖАТ ДА НАЈДАТ РАБОТНИК: Тешко до работна сила и на најатрактивната локација

Published

on

Кафе барот „Сљеме 360°“ е отворен на веројатно најнеобичното место во Хрватска, на врвот на телевизиската кула на Медведница. И покрај атрактивната локација, тие денес мака мачат да најдат работна сила, односно келнерка.

Не помага ниту понудената нето плата од 1.600 евра месечно, која далеку ја надминува просечната плата, бидејќи во моментов не можат да најдат работник, пренесува Јутарњи лист.

На задоволство на граѓаните на Загреб, кулата Сљеме повторно ги отвори вратите за јавноста во мај 2023 година, по краткото отворање во осумдесеттите. Овој заштитен знак на Загреб и Медведница е изграден во далечната 1976 година за основна функција за пренос на телевизиски и радио сигнали.

Кулата претрпе значителна штета од ракетирањето на ЈНА во 1991 година, а реставрацијата на кулата започна во 2019 година. Тоа е највисоката точка над главниот град, од која се нуди панорамски поглед, па се гледа Загреб „како на дланка“, а глетката допира преку Загорје сè до словенечките Алпи. Затоа, идејата за комерцијализација на кулата е привлечна, а технолошкиот развој и намалениот опсег на уредот овозможија да се пренаменат некои простори за оваа намена. Така, половина година по отворањето на кулата за јавноста, беше отворен и кафе барот „Сљеме 360°“.

Европа

Украинците изненади: Армијата на Русија за прв пат во оваа година направи вакво нешто

Published

on

Предходната ноќ била прва оваа година во која руските сили не извршиле напади со дронови врз Украина, покажуваат податоците од Ваздухопловството на Воените сили на Украина.

„Немало напади со беспилотни летала. Продолжуваме да следиме, но тоа не значи ништо“, изјавил еден официјален претставник на Советот за национална безбедност на Украина, Андреј Коваленко.

Во текот на ноќта, украинските сили собориле две руски ракети што биле испалени кон Запорожје, пренесува Украинформ.

Русија на 18. март се согласи да ги прекине нападите врз енергетската инфраструктура на Украина за 30 дена, а украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи да прекине слични напади наредниот ден.

Меѓутоа, вооружените сили на двете земји потоа продолжиле да изведуваат напади врз енергетската инфраструктура.

Continue Reading

Европа

Путин потпиша декрет: Со пролетната кампања, ќе се регрутираат 160.000 млади луѓе

Published

on

Русија ќе започне пролетна кампања за регрутирање, во која ќе учествуваат 160.000 млади луѓе на возраст од 18 до 30 години, според декретот потпишан од претседателот Владимир Путин.

Овој број на регрути е поголем во споредба со претходните две години. Војската гарантира дека новите регрути нема да бидат испратени во Украина, каде руските сили се борат од февруари 2022 година.

Регрутирањето се врши двапати годишно, во пролет и во есен, а кампањата започнува во вторник, согласно декретот што беше објавен денеска. Според овој декрет, 160.000 руски државјани на возраст од 18 до 30 години ќе бидат повикани на воена служба од 1 април до 15 јули годинава.

Во 2024 година, пролетното регрутирање вклучуваше 150.000 луѓе, во 2023 година имаше 147.000, а во 2022 година 134.500, јавува руската новинска агенција ТАСС. Овој раст се поврзува со указите на Путин за постепено зголемување на бројот на руските војници.

На почетокот на 2022 година, Русија имаше околу милион војници, а за три години нивниот број се зголемил на 1,5 милиони, додава ТАСС.

„Претстојната кампања за регрутирање нема никаква врска со специјалната воена операција во Украина“, соопшти Министерството за одбрана на Русија, користејќи го терминот што земјата го употребува за нападот врз Украина.

Continue Reading

Европа

Може ли производството на оружје да ја спаси економијата на Германија од колапс?

Published

on

Економијата на Германија веќе неколку години бележи благ пад, но тоа сѐ повеќе влијае на пазарот на труд. Невработеноста расте трета година по ред, а според проценките, секој месец се губат повеќе од 10.000 работни места.

Растот на невработеноста во Германија најмногу се забележува во затворањето на работни места во индустрии, кои традиционално имаат повисоки плати.

Експертите укажуваат дека во индустријата секој месец се губат повеќе од 10.000 работни места, особено во автомобилскиот сектор, кој е дополнително погоден од новите американски царини на увозот на автомобили, пишува RTS.

Но, и без овие царини, германската индустрија се наоѓа во криза, а сѐ повеќе компании ја селат својата производствена активност во странство.

Како што велат, доминантната причина за тоа се трошоците за производство. Конкретно, од почетокот на војната во Украина, бизнисмените се оптоварени со високи цени на струја, гас и нафта, потоа растечките даноци, но и еден стар проблем – комплицираната и опсежна бирократија.

Сепак, Германците ги селат своите производствени капацитети во Азија и поради повисокото ниво на роботизација и автоматизација на производството.

„Филмови од нашите фабрики во Кина им ги прикажувам на нашите колеги од други делови на светот, поради високото ниво на автоматизација, стандардизација и роботизација. Развојот во Кина во последните шест, седум години беше извонреден во поглед на воведување технологија во производството. Во последните неколку години инвестирани се милијарда јуани во производни капацитети во Кина. И ќе продолжиме така“, изјави Мигел Борего, генерален директор на Thyssenkrupp.

Индустријалците сметаат дека Германија има потреба од пресврт во трката за инвестиции. Токму такви реформи ветува потенцијалниот иден канцелар на Германија, Фридрих Мерц.

И пред да стане канцелар, тој успеа да направи уставни измени во стариот состав на Бундестагот, кои ќе ѝ овозможат на неговата влада да се задолжи за повеќе од 1.000 милијарди евра во следните години, а тие средства да ги искористи за наоружување, инфраструктура и климатски проекти.

„Војната и очекувањата за воените потреби се користат како привремен лек за германската економија. Но тоа е лош знак. Секогаш мораме да имаме на ум дека воената потрошувачка на крајот се поддржува со даноци. Ако сакаме да го зголемиме военото инвестирање, треба да ги зголемиме даноците за поединци и бизнисите, или да го намалиме другото трошење и приоритетите, како што се образованието, истражувањето и развојот. Тоа се области кои на долг рок ја одржуваат конкурентноста на економијата. Длабоко жалам за политиката на владата во оваа област“, изјави Рајнер Ротфус, пратеник од AfD во Бундестагот.

Во Германија, изгледа дека постои согласност дека нејзината економија западнува во процес на деиндустријализација, освен во секторот за производство на оружје. Но, се повеќе се слуша дилемата дали Германија всушност го менува моделот на економски успех, така што наместо автомобили, во иднина ќе произведува и извезува тенкови.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк