Connect with us

Македонија

И ПОКРАЈ СЕДУМГОДИШНАТА ЗАГУБА ОД 17 МИЛИОНИ ЕВРА, ИМА ПОВЕЌЕ ШЕФОВСКИ ПОЗИЦИИ ОД РАБОТНИЦИ И ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПЛАТИ ЗА 50%

Published

on

Лоша организација и менаџирање на „Пошта“, недостиг на дигитализација, мануелна работа, човечки грешки во финансиските извештаи, отсуство на единствен систем на работа и неодговорни работници што не одат на работа, повеќе директорски фотељи од работници… Токму ваквите состојби што се провлекуваат со години ја доведоа „Пошта“ да работи со загуба – од 2017 година, заклучно со 2023 година „Пошта“ има акумулирана вкупна загуба од околу 17 милиони евра.

И покрај тоа што најголема загуба на Македонски пошти е во 2022 година во износ од 3,7 милиони евра, тогашната генерална директорка Бујаре Абази, која беше на функција од март 2023 година, се осмелила и си ја зголемила својата плата, но и платите на другите директори за повеќе од 50 отсто.

Во ревизорскиот извештај се истакнува дека, во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик – генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот, во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат.

Тогашната директорка, Абази, лани соопшти на јавноста само дека основната бруто плата на вработените на Пошта на Северна Македонија ќе се зголеми за 10%, почнувајќи со исплата на платата за месец септември 2023 година, но покачувањето на директорските плати од над 50% вешто ги сокри.

И покрај тоа што оваа одлука претставувала дополнителен товар, Управниот одбор, заедно со генералната директорка Абази, верувале дека новите активности кои ги предвидуваат ќе придонесат за развој и  враќање на угледот на Пошта на Северна Македонија, што воопшто не се случи бидејќи и понатаму загубата е премногу висока. А, пак, друштвото се соочува со голема задолженост по основ на заеми, кредити и пресметани камати, кои не се сервисираат навремено, што дополнително ја влошува финансиска состојба и ја нарушуваа ликвидноста.

Пред околу пола година, претседателот на синдикатот на „Пошта“, Боро Велигденов, истакна дека оваа финансиска криза е резултат на лошата организација на работењето во Македонска пошта предизвикана од кадровската политика и менаџирањето со години кое се спроведува со непродуктивно прераспоредување и вработувања.

-Се доведовме во состојба на недостиг на работници во технолошкиот процес, каде што највеќе се потребни работниците, а тоа се пошта-разнесувачи, недостаток на шалтерски работници и на работници во технолошкиот процес. Како резултат на тие политики имаме преполни работни места во администрација и шефовски позиции – истакна Велигденов.

Трошоците по основ на бруто плата на вработените во АД Пошта на Северна Македонија во 2023 година изнесуваат 9,5 милиони денари и претставуваат 65% од вкупните трошоци во годината предмет на ревизија. Од вкупно систематизираните 3.723 работни места, речиси половина се пополнети (1.814 работни места), додека непополнети се 1.909 работни места. Околу 20% од вработените се постари од 60 години.

Во 2023 година, Агенцијата за пошти спровела истражување за задоволството на корисниците на поштенските услуги, со цел да се процени брзината и квалитетот на доставата, коешто покажа дека 43% од физичките и 72% од правните лица не се задоволни од поштенските услуги поради нередовна и несоодветна достава.

Со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирано да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30 милиони денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена.

Утврдени се и сериозни неправилности во работењето на АД Пошта на Северна Македонија. Недостасуваат точни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти, што влијае на квалитетот на податоците во трговските книги. Утврдени се неправилности и во делот на јавните набавки, како и чести измени на актот на систематизација, особено во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка. Утврдени се и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените.

Македонија

Трагедија вечерва во Чаир: Загина жена, ја прегази автомобил

Published

on

Жена загина во скопската неселба Чаир, кога во неа удрил автомобил со скопски регистерски ознаки.

Според информациите од СВР Скопје за „Макфакс“, несреќата била пријавена во 18.43 часот на булеварот Христијан Тодорвски-Карпош.

Засега нема информации за возраста на жената и околностите за несреќата.

На лице место присутни се припадници на полицијата и екипи на Итната помош.

Во тек е увид.

Continue Reading

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Арсовска има обврска да разговара и наоѓа решенија заедно со Советот.

Published

on

Во гостување на „Само интервју“ на Канал 5 кај Гоце Михајловски, градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски; зборуваше за предизвиците во јавниот превоз во Скопје, идните локални избори и лошото менаџирање на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
„Во Кисела Вода најголем дел од одлуките поминуват едногласно. Имам сериозно мнозинство но и пратеници од другите партии. Со тие советници, треба да имате постојана комуникација. Честопати и надвор од она што сум го планирал, знам да прифатам идеи од другите групи. Не може деспотски да се однесувате кон некој што е избран од граѓѓаните, како Данела Арсовска. Комункацијата е двосмерна улица и не може да обвинувате некој. Ако советот е виновен, Арсовска има голема вина поради нејзиниот однос кон него. Да се изживувате со луѓе кои имаат семејство, да ги бркате од работа, да ги навредувате. Треба да имаме доблест, ако не не’ бива за некоја работа, треба да знаеме кога да се повлечеме. Не се измачува таа себе, го измачува целиот народ заедно со себе.“ рече Ѓорѓиевски, запрашан за односите помеѓу Советот на Градот и градоначалничката.

    Continue Reading

    Македонија

    Човекот кој вчера го спасуваа пожарникари на Камен мост се фрлил во Вардар за да избега од полиција

    Published

    on

    Човекот кој вчера попладне го спасуваа пожарникари од под Камениот мост се фрлил во Вардар за да избега од полицијата.

    „Слободен печат“ вчера објави видео од спасувачката акција на Камениот мост на кое се гледаше како човек гол до појас се нашол на еден од столбовите на мостот, отсечен од копното.

    Според информациите на „Слободен печат“ од Министерството за внатрешни работи, човекот се нашол таму откако полицајци од интервентната единица го забележале како врши „дрска кражба“, односно како и крадe чанта на жена. За да се спаси од полицијата човекот скокнал во Вардар, но потоа останал заглавен на еден од столбовите.

    Пожарникари донесоа скала за да го извлечат човекот на копно, а полицијата потоа го привела. Но, морала да го пушти затоа што кај него не било најдено ништо, а жената која била жртва, воопшто не го пријавила обидот за кражба во полиција.

    Continue Reading
    Advertisement
    Advertisement

    Трендинг

    Copyright © 2024 Булевар.мк