Connect with us

Македонија

МВР и Финансиската полиција „влегоа“ во ЕСМ – се проверува енормниот раст на трошоците за време на претходното раководство

Published

on

Според сегашното раководство на ЕСМ, по смената на власта затекнале просечна производствена цена на електричната енергија на ниво на РЕК „Битола“ од 133 евра за мегават-час. Само за споредба, производната цена на електричната енергија во РЕК во 2020 година беше 50 евра за мегават-час

Од државната фирма велат прават ревизија на работењето на претходното раководство на компанијата, а на барање на МВР и на Финансиската полиција веќе предале дел од документацијата

Повеќе трошоци, помалку произведена енергија

Како што покажуваат годишните извештаи, точно е дека производството во годините на енергетската криза е меѓу најниските во последниве две децении. Каде отишле тогаш парите?

Еден од одговорите е во драматичниот раст на трошоците за производство на електрична енергија во најголемиот капацитет – РЕК „Битола“, објави https://360stepeni.mk/

Сегашното раководство на државната компанија ни сподели информација дека од 2013 до 2020 година, производната цена за мегават-час електрична енергија во РЕК „Битола“ се движела до највисоки 50 евра. Во 2021, цената расте на 69 евра, следната година се намалува на 61 евро, за во 2023 да скокне на 103 евра за мегават-час. При смената на власта годинава, велат од ЕСМ, затекнале просечна цена од 133 евра за мегават-час.

Каде и што се крие во драматичниот раст на цената на производството во РЕК „Битола“, прашавме во ЕСМ.

„Сметаме дека надлежните институции треба да ги потврдат нашите сомнежи за тоа како се воделе одредени постапки. Дел од документацијата е предмет на ревизија, а дел веќе ја доставивме до МВР и до Управата за финансиска полиција, на нивно барање. Секој што се огрешил пред законот, треба да одговара“,

тврдат од „Електрани на Северна Македонија“ за „360 степени“.

Од компанијата, во оваа фаза, не излегоа со повеќе детали – како и каде точно сметаат дека се направени злоупотреби или, пак, се работело недомаќински. А без директен одговор, само посредно можевме да извлечеме заклучоци.

Сомнежи за увезениот јаглен

Еден аспект што го спомнуваат и од ЕСМ и владините претставници е квалитетот на јагленот, кој во последниве три години „Електрани“ почнаа и да го увезуваат, наместо праксата целосно да се покрива од сопствен ископ.

Целиот текст на https://360stepeni.mk/

Македонија

Зимата се враќа, заедно со минусни температури: Еве какво време ја очекува Македонија, но и кога се очекува снег

Published

on

Се поизвесно е дека од 5 април (сабота) па во деновите потоа, зимата сериозно ќе се врати на Балканот и во Македонија, па така очекувам продор на многу ладен воздух кон нашите краишта директно од Сибир.

Покрај тоа што ќе има многу снег ширум Балканот, и температурите ќе бидат во длабок минус и многу пониски од просекот за овој период од годината. Сето ова ќе биде проследено со силен ветер од северен и од североисточен правец.

На Јадранот пак ќе дува силна Бура.

Во следните мои метео објави следува детална и официјална метео анализа токму овоку ова сериозно враќање на зимата кај нас од 5 април (сабота).

МетеоАларм

Continue Reading

Македонија

Обезбедувачот на Мицкоски заврши во притвор во Шутка

Published

on

Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, доби 30-дневен притвор под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“, дознава „Скопје1“. Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.

Кога бил претресен, кај Сарамаков во автомобилот бил пронајден ранец со службени материјали од МВР, а од двете лица се одземени мобилните телефони и се уапсени.

„Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата. Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од Mинистерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ“, се наведува во соопштението од МВР.

Дел од медиумите објавија дека материјалите требало да завршат во рацете на лица кои се засегнати од постапувањето на МВР, односно нарко-кланови. Ова е непотврдено, а детали не се откриваат бидејќи истрагата е тајна. Од каде се изнесени, за какви материјали станува збор, како и кој требало да ги подигне – засега исто така не се открива.

Извор: Skopje1

Continue Reading

Македонија

Таравари не планира да излезе од владата

Published

on

Креаторот на Алијансата за Албанците (ASH), Арбен Таравари, изјави дека неговата партија не планира да ја напушти владата и дека немаат намера да го напуштат коалицијата VLEN. Во однос на можниот развој на ситуацијата околу локалните избори, Таравари посочи дека имаат два опции: „Првата опција е да продолжиме заедно во коалицијата VLEN, што ја посакувам, а втората е да излеземе самостојно на локалните избори како Алијанса за Албанците“, додаде Таравари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк