Connect with us

Македонија

Прва тркалезна маса на Министерството за правда за измени на Законот за Судскиот совет

Published

on

Министерството за правда на Република Македонија денеска организира тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судскиот совет. 

Настанот, кој се одржува во Клубот на пратеници во Скопје со почеток во 10 часот, е дел од најавените реформи во правосудството на новата Влада.

Министерот за правда, Игор Филков, вчера истакна дека измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за напредокот кон ЕУ. 

– Почнуваме со стручните дебати за нацрт измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет подготвен од страна на работната група, формирана од страна на Министерството за правда. Ова ќе биде еден од неколкуте настани кои што ќе следат периодов. Планирано е некаде до крајот на декември да го завршиме процесот, што значи дека ќе имаме една дебата неделно. Очекувањата се големи. Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на законот за судскиот совет, рече министерот Филков на вчерашната дебата „Платформа: 100% посветени за тебе“ на тема „Фокус на правдата, безбедноста и одбраната“.

Во однос на најавените консултации за реформи на Судскиот и Јавно обвинителскиот совет, од Владата за МИА претходно посочија дека реформите вo правосудниот систем од предизборно ветување станаа дел од владината програма 2024-2028 година, конкретно во глава II-Фонд против корупција.

– Владата се залага за системски решенија, за трансформирање на правосудните органи во вистински, транспарентни, одговорни и ефикасни институции. Сериозно сме посветени и остануваме на идејата за носење на решенија кои ќе бидат темел на едно нормално демократско општествено. Со цел донесување на одржливо решение повикавме на расправа и побаравме инклузивност, за што до денес немаме таква состојба на повидок. Па оттука сосема логично е прашањето дали од распуштањето на овие институции има многумина загрижени субјекти? Важно е да се знае дека доаѓа време на промени и шанса за професионалните и способни кадри, посочија од Канцеларијата на портпаролот на Владата.

Воведни обраќања на денешниот настан ќе има министерот за правда, Игор Филков и Диетер Шиндлауер, раководител на тим на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Потоа, академик Владо Камбовски ќе одржи презентација на процесот на изработка на нацрт измените и дополнувањата на Законот за судски совет, по што ќе следува дискусија.

На дневниот ред од настанот се и дискусии за услови и постапка за избор на членовите на Судскиот совет, мандат и одговорност на членовите на Судскиот совет, постапка за утврдување дисциплинска одговорност на судија вклучувајќи и постапка по жалба и останати проблеми и предизвици кои треба да се адресираат во Законот за судскиот совет.

Целта на настанот е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт измените и дополнувањата на Законот за Судскиот совет на Република Македонија, подготвени од страна на работна група во рамки на Министерството за правда. 

Тркалезната маса е првата од неколкуте настани за консултирање на стручната јавност кои Министерството за правда планира да ги организира со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон унапредување на законската рамка која го уредува работењето на Судскиот совет.

Заклучоците и препораките од тркалезната маса ќе бидат основа за понатамошно подобрување на текстот на измените и дополнувањата на Законот за судскиот совет.

Настанот, како што информираат од МП, е во соработка и со поддршка од проектот ,,Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

Македонија

Стефановски: Околните општини го одложуваат ѓубрето во нестандардизирана депонија во Магленци

Published

on

Во државата има смет, но нема депонии или регулирани центри за отпад, а проектот долги години се одолговлекува поради неверување и несигурност кај луѓето во неговата реализација, вели градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стефановски. Тој тврди дека општинската управа и во моментов се соочува со проблем поради отпадот, бидејќи неколку општини во регионот го складираат сметот во ѓубриштето во Мегленци, нестандардизирана и нерегулирана депонија и не знаат ниту што се одлага, ниту што се носи таму.

Во Прилеп, пак, граѓаните успешно се справувале со отпадот, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Преку конференција во рамки на проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво“, финансиран од Шведска, денеска се разви дискусија меѓу националните и локалните власти, донаторската заедница и другите чинители во областа на управување со отпадот со цел да се промовираат политиките за управување со отпадот, да се овозможи постратешко користење на достапните средства и да се координираат програмите и финансирањето за да осигура долгорочна одржливост на системот за управување со отпадот.

Извор: Телма

Continue Reading

Македонија

Обезбедувачот на Мицкоски требало да земе 50.000 евра за документите од МВР, фатен бил на паркинг, соопшти Обвинителството

Published

on

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против самостоен инспектор припадник на Единицата за лично обезбедување на Претседателот на Владата на РСМ, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело Оддавање службена тајна.

„Осомничениот како службено лице, вечерта на 30.3.2025 година на паркинг просторот пред хотел во Велес се сретнал со неповикано лице – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна. Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува. На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

Ценејќи ги околностите јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог беше прифатен од судот.
За ова кривично дело предвидено и казниво по член 360 од КЗ е предвидена затворска казна од најмалку една година.

НАПОМЕНА: Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец, како што во текот на вчерашниот и денешниот ден објавија дел од медиумите“, велат од Обвинителство.

Извор: Скопје1

Continue Reading

Македонија

600 евра попуст за ран упис на Хајделберг факултетот во Скопје

Published

on

Студентите кои ќе ја искористат можноста за рани уписи на Хајделберг факултетот во Скопје, добиваат 600 евра попуст на вкупната школарина. 

Дополнителни 600 евра попуст се добиваат на вкупнаташколарина за однапред извршена уплата за првата година.

Факултетот Хајделберг од Скопје е единствената образовна институција во која се добива посебно германска диплома. Студирањето овозможува дуален пристап во високото образование, преку комбинација на студии во Македонија и еден семестар во Германија. Преку овој комбиниран модел студентите се стекнуваат со двојна диплома од високообразовните институции во двете држави. 

Уникатниот модел на Хајделберг обезбедува врвно образование според меѓународни стандарди, а во ваквата едукативна програма студентите ги користат придобивките од двата образовни системи, со посебен акцент на германското искуство во завршната година од студиите.

Идните студенти може да бираат меѓу две студиски програми – Бизнис администрација и Податоци и компјутерски науки. 

Раните уписи се во март и април, а официјалните уписи започнуваат во мај. 

За повеќе информации и за начинот на пријавување, може да се посети веб-страницата на Хајделберг, а идните академски граѓани можат да се информираат и на телефонскиот број 070 355 656 или преку електронската пошта info@heidelberg.edu.mk.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк