Connect with us

Македонија

Снежна бајка во Невеска: Бисерот на егејска Македонија

Published

on

Село Невеска, лоцирано во срцето на Лерин, егејска Македонија, претставува бисер на природната и културната убавина, особено во зимските месеци.

Во снежните денови, селото се претвора во бајковит пејзаж, со традиционалните камени куќи опкружени со бело покривало, кое како да го запира времето. Високите борoви и букови дрвја, прекриени со мраз и снег, создаваат глетка од незаборавна убавина. Низ тесните калдрмисани улици, сè уште се слуша шепотот на историјата, додека тивко паѓа снегот, омекнувајќи го секој звук.

Селото е опкружено со планински падини, совршени за зимски прошетки и истражување. Одредени точки нудат неверојатен поглед на околните ридови и долини, кои зиме изгледаат како бескрајна бела покривка. Традиционалните куќи и камените ѕидови се украсени со снег, а чадот од оџаците додава топлина и живот во ова снежно ремек-дело.

Невеска ја доловува суштината на македонското планинско наследство, спојувајќи го спокојството на природата со историјата и културата на регионот. Ова село во зимска облека е како создадено за да инспирира уметници, фотографи и љубители на природата.

Македонија

Милошоски: Преку премиерот Мицкоски, Македонија е присутна во Вашингтон, а со тоа се зајакнува партнерството со САД

Published

on

Денес за време на инаугурација на 47-от претседател на САД за првпат премиер на владата на Македонија е поканет и ќе присуствува на овој настан во Вашингтон, кој е главна тема на меѓународната политичка сцена, се вели во Фејсбук статусот на пратеникот Антонио Милошоски.

Ова е исклучително добра вест за нашата држава и успех за македонската дипломатија. Склученото стратешко партнерство од 2008-ма година, во комбинација со личните познанства меѓу премиерот Мицкоски и неколку членови на владата со дел од блиските соработници на претседателот Трамп, претставува солидна основа за продлабочување на македонско-американските односи, особено во областа на економијата, безбедноста, енергетиката и подобро усогласување на дипломатските активности во области од заеднички интерес. Во овој динамичен свет кој многу брзо се менува, добро е што преку премиерот, Македонија е присутна во Вашингтон и го зајакнува партнерство и довербата со САД, земјата која има најголем потенцијал во обликувањето на меѓународната политика, истакнува Милошоски.

Continue Reading

Македонија

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари

Published

on

Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, а пикот се очекува кон средината на февруари. Почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што допринесуваат бројот на заболени да расте во овој период.

– Секоја година се зголемува бројот на заболени од грип до средината на февруари, кога се очекува пикот. Со години тоа е така. Пикот е во втората половина на февруари. Ќе растат бројките уште, но, споредено со минатите години, нема никаква разлика во однос на тоа како е сега. Дури ако споредиме со лани, оваа година состојбата со заболени лица од грип е нешто подобра. Тоа што бројот на заболени ќе расте, не зависи само од училиштата, таква е динамиката на раст на бројот на заболени од грип, појасни за МИА, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ.

Мехмедовиќ препорачува децата кои веќе имаат развиено симптоми налик на грип, да бидат изолирани и да не одат во училиште.

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од 6 до 12 јануари пријавени биле 1.053 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања, или 3,2 пати повеќе во споредба со претходната недела.

– Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи согласно препораките на СЗО: лица над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени и здравствени работници, подвлекуваат од Институтот.

Заклучно со втора недела од 2025 година, во државава вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Continue Reading

Македонија

Дали Раде Трајковски – Штекли ќе го “преживее” и птавосудниот систем?

Published

on

Притвор за групата која во текот на вчерашниот ден беше приведена под сомнение за продажба и дистрибуција на дрога.

Обвинителството побара притвор за десетмина. Еден осомничените е веќе во притвор, а тројца не се достапни на органите на прогонот. Денеска од Кривичниот суд го потврдија барањето на обвинителите.

-Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:

Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото. Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.

Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштија од Кривичниот суд.

Трајковски неколкупати беше поврзуван со сериозни криминални случаи.

Врз него два пати беше пукано, а во ноември беше фрлена и бомба во неговиот дом во Керамидница. Во 2023 година во период од два месеци беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, но успеа да преживее.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк