Connect with us

Балкан

Земјотрес ја стресе Албанија, почувствуван и во Македонија

Published

on

Земјотрес со јачина од 3.3 степени по Рихтер предмалку, во 11 часот и 33 минути, ја стресе Албанија.

Епицентарот на земјотресот беше на 24 километри од Подградец, во близина на границата со Македонија, поради тоа беше почувствуван и во некои делови на нашата земја.

Земјотресот беше на длабочина од 10 километри.

Утринава и Македонија беше стресена од послаб земјотрес.

Балкан

Хорор за Бадник во Србија: Пукање во кафеана, неколку повредени – се стравува дека има и мртви

Published

on

Според информации од граѓани, на лице место има неколку возила на брза помош.

Во  Јагодина вечерва имало пукање. Според првите информации, неколку лица се скарале во кафаната „Круг“, по што дошло до пукање, а неколку лица се повредени.

Се уште не се знае кој учествувал во пресметката, но неколку лица се повредени. Се стравува дека има и мртви. Напаѓачот е во бегство, пишува ПИНК.РС.

Според информации од граѓани, на лице место има неколку возила на брза помош.

Continue Reading

Балкан

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ – Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

Published

on

И Србија, како и другите земји, се соочува со проблеми во автомобилската индустрија, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој претходно денеска присуствуваше на седницата на Владата.

-Проблеми има и во Германија и во цела Европа, а овие проблеми веќе ги гледаме во секоја автомобилска компанија во земјава, а ќе ги има повеќе. Не може Германија да отпушти 70.000 работници, а овде се да биде таман, а ние соработуваме само со најголемиот дел од германската индустрија – рече претседателот.

Continue Reading

Балкан

Газда за пример: По 670 евра за секое новороденче, а 1000 евра за секој што се враќа од странство

Published

on

ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени

“Не е се во профитот“ – изјави Томислав за време на најавувањето на демографските мерки кои ќе се применуваат
ДИВ Групацијата на претприемачот Томислав Дебељак е пример за компанија која вистински се грижи за своите вработени

“Не е се во профитот“ – изјави Томислав за време на најавувањето на демографските мерки кои ќе се применуваат во сите фирми на неговата групација.

На секоја работничка која се води како вработена на определено време во било која фирма на групацијата ДИВ, Томислав е спремен да и понуди договор на неопределено време во случај на породилно отсуство. Со тоа, компанијата сака да ги мотивира жените да не се плашат од тоа дека во случај на бременост може да ја загубат работата.

За секое новородено дете, на работниците компанијата им исплаќа бруто износ од 670 евра, а доколку двата родители работат во ДИВ, овој износ се дуплира.На секој работник кој моментално се наоѓа во странство, а ќе одлучи да се врати во Хрватска и да се вработи во една од неговите фирми, ќе му се исплати бруто износ од 1.000 евра.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк