„Длабоко сум благодарна и почестена што ја добив Битов стипендијата на Nova Generation, која не само што ги поддржува македонските студенти во остварувањето на нивните академски аспирации, туку и симболизира витална врска со заедницата посветена на поттикнување на образованието и зачувување на богатото македонско културно наследство. Оваа стипендија ме инспирира да се стремам кон извонредност, не само да го збогатам сопственото знаење, туку и да придонесам позитивно за иднината на Македонија со примена на она што го учам за да дадам значаен придонес за мојата заедница и пошироко“, рече Дарија Димовски, еден од нашите добитници.
„Благодарен сум што сум дел од македонската заедница и почестен што сум добитник на стипендијата Битов. Ова ја зголемува мојата мотивација да успеам во мојата академска и професионална кариера за да можам еден ден да и вратам на заедницата која направи толку многу за мене“, рече Ендрју Котевски, уште еден од нашите добитници на стипендијата.
Десет исклучителни млади Македонци ќе тргнат на трансформативни образовни патувања благодарение на стипендијата за македонско наследство Битов 2024 година. Доделена од Nova Generation, канадска добротворна организација посветена на зајакнување на следната генерација македонски лидери. Стипендијата ја обезбедува многу потребната финансиска поддршка за студенти од македонско потекло.
Nova Generation ги зајакнува овие исклучителни млади Македонци преку овие стипендии, помагајќи им да ги остварат своите образовни и професионални цели.
Со секоја измината година, побарувачката за стипендијата Битов расте, а ние сме среќни да одбереме десет извонредни добитници оваа година. Апликантите доаѓаат од различни образовни области како што се правото, бизнисот, медицинските студии и општествените науки, претставувајќи ја следната генерација на македонско лидерство, подготвено да направи значително влијание на глобално ниво.
Посебна благодарност до Фондацијата Битов за нивната постојана поддршка. Нам ни е голема чест да бидеме главни администратори на стипендијата Битов, именувана во спомен на починатиот Џон Л. Н. Битов, Ц.М., чие наследство продолжува да ја инспирира светската македонска заедница.
„Горди сме што поддржуваме такви талентирани и мотивирани млади луѓе и со нетрпение очекуваме да видиме како овие добитници ќе го продолжат да го прославуваат македонското наследство и ќе придонесат за нивните заедници – благодарам на Nova Generation што продолжи да ја одржува страста на татко ми во помагање на младите Македонци и нашата заедница“, рече Вона Битов, извршен директор на Фондацијата Битов.
Честитки за македонските добитниците на стипендијата Битов 2024 год.!
2024 Добитници:
Дарија Димовски
Универзитетот во Гронинген
Комуникациски и информациски студии
Дирк Хилдебранд
Универзитет Индијана
Биоинжињерство
Катерин Ничев Холанд
Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес (UCLA)
М.Д.
Андру Котевски
Виндсор Универзитет
Биомедицнски Науки
Јована Наѓ
Универзитет Мичиген
Компаративни Култури и Политика
Никол Наумовски
Вилфрид Лауриер Универзитет
Биохемија и Биотехнологија
Филип Пешевски
Монаш Универзитет
Медицинско Школо
Александра Петковска
Торонто Ментрополитан Универзитет
Бизнис Менаџмент
Михаела Стојчевска
Јорк Универзитет
Криминологија
Лаурен Струмос
Универзитет Отава
Докторски кандидат по религиозни студии (класици и религиозни студии)
Кликни тука за да прочиташ повеќе за овие исклучителни студенти и што имаа да кажат за добивањето на стипендијата Битов.
Бордот на Nova Generation- Лука, Мери и Валери – изјави:
„Возбудени сме да им честитаме на нашите десет талентирани добитници на стипендијата Битов! Наследството на г-дин Битов продолжува да ја зајакнува следната генерација македонски лидери и ние сме горди што ги поддржуваме нивните академски и професионални аспирации. Благодарност до Фондацијата Битов и семејството за нивната непоколеблива посветеност на нашата заедница“.
Nova Generation наскоро ќе ги објави роковите за стипендирање во 2025 година, како и други можности за кои можат да аплицираат студентите од македонското наследство.
За да се вклучите во мисијата на Нова генерација, ве молиме контактирајте не на info@novageneration.ca
Археолозите во Македонија открија остатоци од древен град кај селото Црнобуки, за кој новите докази покажуваат дека е многу постар и поважен отколку што се претпоставувало досега. Локалитетот Градиште, претходно сметан за македонска воена станица од III век п.н.е. во времето на кралот Филип V, сега се покажува како развиен урбан центар кој можеби датира уште од бронзеното доба (околу 3300–1200 п.н.е.).
Истражувачки тим составен од Националниот институт и музеј – Битола и Калифорнискиот политехнички универзитет Хумболт (Cal Poly Humboldt) користел современи технологии, меѓу кои георадар и LiDAR, за да открие траги од град со богата култура и трговија. Најдени се камени секири, фрагменти од керамика, алатки за текстил, па дури и глинена влезница за театар, што укажува на високоразвиено општество.
Во 2023 година, пронајдена е монета од периодот 325–323 п.н.е., односно додека Александар Велики сè уште бил жив. Ова откритие го поместува времето на најголема активност на локалитетот дури еден век наназад, пред владеењето на Филип V. Карбонската анализа на органски материјали (јаглен, коски) го датира локалитетот од околу 360 п.н.е. до 670 година од нашата ера.
„Ова е откритие што се случува еднаш во животот,“ вели Ник Анџелоф, професор по антропологија и археолог од Cal Poly Humboldt. Тој додава дека градот се наоѓал на клучна локација на трговските патишта кон Константинопол и е можно дури и личности како Октавијан и Агрипа да поминале низ овој град на патот кон битката кај Акциум против Клеопатра и Марко Антониј.
Анџелоф и неговиот тим веруваат дека ова можеби е древниот град Линк, престолнината на кралството Линкестида, автономна македонска држава покорена од Филип II, таткото на Александар. Градот се поврзува и со кралицата Евридика I, бабата на Александар Велики, која имала значајна улога во формирањето на македонската држава.
Археологот Енџин Насух од битолскиот музеј истакна дека истражувањата допрва почнуваат: „Ова е како голем мозаик. Нашите сегашни наоди се само неколку камчиња, но со секое истражување, мозаикот добива појасна слика.“
Иако локалитетот бил спомнат уште во 1966 година, вистинските истражувања започнале дури неодамна. Благодарение на поддршката од Колеџот за уметности, хуманистички и општествени науки при Cal Poly Humboldt, се откриени детали за град со акропола од седум акри, можен македонски театар и работилница за текстил.
Ова откритие може радикално да ја смени перцепцијата за раниот развој на македонската држава и нејзиното влијание врз културниот и политичкиот пејзаж на Балканот и пошироко.
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, предизвика бројни реакции со своето размислување за прашањата поврзани со македонскиот идентитет.
Во неодамнешна објава на социјалните мрежи, тој ја истакна својата позиција дека прашањата за идентитетот, историското наследство и македонскиот јазик се во исклучива надлежност на македонскиот народ.
„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат“, вели Хајредини.
Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари и други приноси од казниво дело, поднесен преку неговиот бранител, за замена на мерката притвор со гаранција, по одржана седница и извршен увид во целокупните списи на предметот, донесе решение со кое предлогот на осомничениот СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН, соопштија меѓу другото попладнево од Основен кривичен суд Скопје.
„Имено, судот, ценејќи ги сите околности поврзани со истрагата, и покрај даденото позитивно мислење на Јавниот обвинител, смета дека во овој момент сеуште постојат околностите за постоење на определената мерка притвор од точка 2 од чл. 165 ст.1 од ЗКП односно околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоците како и дека може да сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело, од причина што истражната постапка сеуште е во тек и сеуште се преземаат други истражни дејствија за прибирање докази.
Ова дотолку повеќе што Кривичниот совет го продолжил притворот на осомничениот по доставен предлог на ОЈО ГОКК од 08.04.2025 година токму поради постоење на причините предвидени во чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП.
Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 3 дена од приемот на истото“ стои во соопштението на Судот.