Connect with us

Македонија

Претседателката бара да се оспори неправдатa, Сиљановска Давкова на 16 дена активизам против родово-заснованото насилство

Да ја оспориме неправдата е пораката од претседателката Сиљановска Давкова на централниот настан во рамки на активностите од 16 дена активизам против родово-заснованото насилство.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на централниот настан насловен „Насилство врз младите жени и девојки: сексуално вознемирување, демнење и контролирачко однесување“ што во организација на мисијата на ОБСЕ во Скопје се одржа во Културно-едукативниот центар Лабораториум, а во рамки на 16-те дена активизам против родово-заснованото насилство.

Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова истакна дека овде се собрани за да се фрли светлина на едно прашање што предолго време фрла сенка на премногу животи, а тоа е родово-заснованото насилство, злосторство што ги надминува границите, ги надминува културите, го надминува социо-економскиот статус и бара обединета акција, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката.

„Најважна за лекувањето на проблемот е идентификацијата, видливоста на оние кои се најранливите категории зошто идентификацијата тогаш е со нив и се чувствуваат покомотно и позаштитено“, порачала претседателката повикувајќи ги сите, не само жената и децата да ја прекинат тишината и молкот.

„Треба да ја оспориме неправдата, треба да ја потврдиме посветеноста во свет кадешто безбедноста и достоинството не се привилегија на најголемите и најсилните, туку се права што мора да ги уживаат сите, и малите држави и запоставените и поинаквите по било кој основ, тоа е човечка обврска“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

„Овде како лидери, како креатори на политики, како застапници на сечии интереси, а најмногу на интересите на најранливите, имаме моќ да обликуваме еден свет во којшто нема да го толерираме ваквото насилство“, нагласи Претседателката додавајќи дека за да се постигне тоа треба да се отворат мировни фронтови на сите страни, мора да се оспорат, да се предизвикаат штетните стереотипи, мора да се посочува и да се спроведува еднаквост без оглед на припадноста, но најважно е мора да се почитуваат вредностите, да се промовира ненасилство уште од најрана возраст”, рекла претседателката.

На настанот на кој што се обратиле и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, а видео обраќање имаше шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиан Вал, беше прикажан видео материјал создаден во соработка со Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, по што се одржала панел дискусија со релевантните чинители.

Централен дел на настанот била потпишувањето на Декларацијата на намери, како јавна заложба за борба против насилството врз младите жени и девојки и којашто содржи десет акциски точки со конкретни мерки кои Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги поддржи во 2025 година. Декларацијата беше потпишана од претседателката Сиљановска Давкова, министерката за образование, Весна Јаневска, претставници на локални училишта, младински организации и НВО-и активни во борбата за ставање крај на насилството врз жените.

Македонија

Ледени утра ни претстојат: Температурите паѓаат до -8 степени

Македонија денеска е под влијание на влажен бран со облачно време и повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег.

Од петок се очекува стабилизирање на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во почетокот на следната недела утрата ќе бидат ведри, но многу студени, со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата.

Најниските утрински температури се предвидуваат во недела и понеделник, кога на места ќе достигнат и до -8 степени. Дневните температури кон крајот на периодот ќе бидат во благ пораст, достигнувајќи до 10 степени.

Continue Reading

Македонија

Тошковски сооошти дали ќе има толеранцијата на камерите „Сејф Сити“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за „Топ Тема“ на Телма изјави дека камерите од системот „Сејф Сити“ ќе имаат исти отстапки како што се применуваат кај полициските радари.

Според министерот, за брзини до 100 км/ч ќе важи толеранција од 6 км/ч, за брзини над 100 км/ч – 8 км/ч, а за брзини над 200 км/ч – 12 км/ч.

Тошковски нагласи дека овие толеранции се однесуваат само на сообраќајни прекршоци, додека во случаи на кривични дела поврзани со сообраќајот, толеранција нема да се применува.

Continue Reading

Македонија

Сали и Хоџа нови министри: ВЛЕН најавува засилени реформи и европски курс

Со изборот на Беким Сали за прв вицепремиер и министер за европски прашања и Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање, коалицијата ВЛЕН јасно го поставува правецот на своето делување – кон реформи, кон Европа и кон држава што работи во интерес на граѓаните.

Именувањето на Беким Сали претставува потврда за политички профил со интегритет, искуство и визија. Како пратеник, Сали важеше за еден од најактивните и најконструктивните гласови во Собранието, со иницирање и поддршка на конкретни законски решенија во интерес на граѓаните и унапредување на институционалните стандарди. Во новата улога како прв вицепремиер и министер за европски прашања, тој ја презема одговорноста за една од стратешките определби на ВЛЕН и на Владата – европскиот пат на државата. Со лидерство, професионалност и решителност, Сали ќе работи на интензивирање на реформите и враќање на довербата дека европската интеграција е реален, мерлив и неповратен процес.

Подеднакво значајно е и именувањето на Мухамет Хоџа на чело на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во период кога заштитата на животната средина, уредувањето на урбаниот простор и одржливиот развој се меѓу клучните предизвици, овој ресор бара сериозна работа, стручност и храбри одлуки. Од ВЛЕН истакнуваат дека веруваат оти Хоџа ќе го води секторот одговорно, ставајќи го јавниот интерес пред секоја друга сметка и носејќи политики што ќе ја заштитат животната средина, ќе го уредат просторот и ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Според ВЛЕН, овие именувања јасно покажуваат дека коалицијата промовира кадри кои работат, а не само зборуваат, кои спроведуваат реформи, а не импровизираат, и кои државата ја гледаат како сервис за граѓаните, а не како партиска сопственост. Со Беким Сали и Мухамет Хоџа на овие клучни позиции, Владата добива нова енергија, јасна европска ориентација и капацитет за конкретни резултати.

Во соопштението, ВЛЕН повторува дека останува посветена на длабоки реформи, европска интеграција и градење институции кои работат со чесност, транспарентност и одговорност.

На крај, од коалицијата изразуваат почит и благодарност до досегашните министри Орхан Муртезани и Изет Меџити за нивниот значаен придонес, одговорното раководење и коректната соработка.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг