Connect with us

Македонија

Раст на берзите, фокусот врз технолошкиот сектор

Published

on

На светските берзи цените на акциите пораснаа минатата по остриот пад седмица претходно, а инвеститорите се фокусираа на акциите на технолошките гиганти „Nvidia“ и „Alphabet“.

на Волстрите индексот Dow Jones скокна за речиси 2 отсто минатата седмица, на рекордни 44.296 поени, додека S&P 500 порасна за 1,7 отсто, на 5.969 поени, а индексот Nasdaq 1,7 отсто, на 19.003 поени.

Растот на индексите најмногу се должи на корекцијате на цените на акциите по остриот пад една седмица претходно, кога инвеститорите беа разочарани од пораката на претседателот на американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), Џером Пауел, дека централната банка може да го забави темпото на намалување на каматните стапки.

Последните макроекономски податоци потврдија дека американската економија солидно расте, дека пазарот на трудот е стабилен, а инфлацијата и натаму е значително над целното ниво од 2 отсто.

Поради оваа причина, целосно е неизвесно дали Fed ќе ги намали каматните стапки уште еднаш, по трет пат оваа година, на состанокот во декември. Пазарот проценува дека има нешто повеќе од 50 проценти шанси да го направат тоа.

Минатата седмица, кварталниот деловен извештај на „Nvidia“ беше во фокусот на инвеститорите. Нето профитот на производителот на чипови достигна 19,3 милијарди долари во третиот квартал, двојно повеќе од истиот квартал минатата година. Приходите на „Nvidia“ скокнаа, пак, за 94 отсто на годишна основа, на 35 милијарди долари.

Иако резултатите беа подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата падна по објавувањето на резултатите. Некои аналитичари велат дека тоа е последица на забавувањето на стапката на раст на приходите на „Nvidia“, која во претходните квартали изнесуваше повеќе од 120, па дури и 260 отсто.

„Иако Nvidia испорача импресивен раст на приходите, јасно е дека пазарот очекуваше повеќе“, рече Џорџ Бубурас, директор во „K2 Asset Management“.

Во фокусот на инвеститорите беше и акцијата на „Alphabet“, чија цена остро падна. Тоа следи по аргументот на американското Министерство за правда пред судот дека Google мора да го продаде својот прелистувач Chrome и да преземе други мерки за да го прекине својот монопол над онлајн пребарувањето.

Минатата седмица инвеститорите ја следеа ескалацијата на војната меѓу Русија и Украина, откако Украина истрела проектили од американско производство кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин изјави потоа дека Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила.

Сепак, овие настани досега имаа само краткорочно и умерено влијание на пазарите.

Така пораснаа цените на акциите на повеќето европски берзи минатата недела, по две недели пад. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 2,5 отсто, на 8.262 поени, а франкфуртски DAX за 0,6 отсто, на 19.322 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,2 отсто, на 7.255 поени.

Македонија

Меџити: Зборувам во име на коалицијата Вреди дека не може Таравари и АА и да соработуваат со ДУИ и да останат во владата

Published

on

Изет Меџити, вицепремиерот и лидер на Демократското движење, од коалицијата Вреди вели дека премиерот Христијан Мицкоски ќе одлучува за продолжување на учеството на Алијансата за Албанците на Арбен Таравари во владата. Но, Меџити смета дека не е во ред Алијансата за Албанците и да соработува со ДУИ и да остане во Владата. Ова го објави ТВ 21.

Натаму телевизијата истакнува: „За ова ќе побарате мислење од Мицкоски. Но јас зборувам во име на коалицијата Вреди. Вреди е јасна: не е можно и со Вреди и со ДУИ. Не оди да се биде и со ДУИ и во владата.“ – нагласи Изет Меџити.

Меџити е убеден дека постои соработка меѓу ДУИ и АА, нагласувајќи дека Таравари не треба да ја крие оваа соработка. „Тоа е проблем на Таравари. Тој треба да појасни, да не ја крие соработката со ДУИ. Легитимно е да соработуваат, не можеме да им го забраниме тоа, но не треба да заборавиме дека тие 107 илјади гласови на парламентарните избори лани ги добивме поради нашето ветување пред граѓаните.“ – истакна Меџити.

Continue Reading

Македонија

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

Published

on

Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија

На 22.04.2025 во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Пет пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во Србија

Published

on

Повредени пациенти од трагедијата во Кочани се враќаат од лекување во странство

Министерството за здравство соопшти дека денеска петмина од повредените во несреќата во Кочани се враќаат од лекување во Клиничкиот центар во Србија. Согласно утврдениот протокол, тројца од нив ќе бидат сместени на Клиниката за пулмологија, еден пациент ќе продолжи под надзор на Клиниката за пластична хирургија, а уште еден ќе биде хоспитализиран во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“.

Вчера, уште еден пациент се врати од лекување во Хрватска и е под опсервација на Клиниката за пластична хирургија. Со ова, бројот на пациенти што сè уште се лекуваат во странство се сведува на 38.

Во земјава, во моментот се лекуваат седум пациенти: четворица се хоспитализирани во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“, еден на Клиниката за пластична хирургија и двајца во приватната болница „Систина“.

Министерството нагласува дека внимателно ја следи состојбата на повредените и дека приоритет останува обезбедување квалитетен третман и успешна рехабилитација за секој пациент.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк