Connect with us

Македонија

Сиљановска Давкова: „Универзитетот во Битола е светилник на знаењето и прогресот“

Published

on

Денес, во свечена атмосфера, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележа својот значаен јубилеј – 45 години постоење. Основан во 1979 година како втор државен универзитет во Македонија, оваа институција израсна во столб на образованието, науката и културата, не само во југозападниот регион, туку и во целата држава.

„Овој јубилеј е сведоштво за четири и пол децении исполнети со труд, визија и посветеност. Универзитетот ги проширува хоризонтите на знаењето и ги инспирира младите умови, останувајќи темел на нашето образовно наследство,“ истакна претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, во своето обраќање.

Свеченоста беше збогатена со доделување на признанија за најдобрите студенти, најплодниот млад научник, најплодниот научник и најдобриот научник. „Овие награди се повеќе од симбол на успех – тие се аманет за идните генерации, порака дека знаењето не е само привилегија, туку и одговорност,“ нагласи претседателката.

Со седиште во Битола, град со богата историја и космополитски дух, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ своите активности ги прошири и во Прилеп, Охрид, Кичево, Велес и Скопје. Како чувар на духот на својот патрон, Свети Климент Охридски, Универзитетот останува посветен на промовирање на македонскиот јазик, книжевност и култура.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази надеж дека Универзитетот ќе продолжи да биде симбол на стремежот за напредок и извор на инспирација за идните генерации. „Нека оваа институција продолжи да свети како светилник на образованието и науката,“ порача таа.

Свеченоста заврши во духот на заедништвото, со силна порака за иднината: дека знаењето и образованието се темели на секое успешно општество.

Македонија

Реакција на претседателката Сиљановска – Давкова за предлогот од бугарскиот политичар Костадинов

Published

on

„Ова е непристоен предлог. Намерата не е чесна, намерата не е заради почит. Обратно. Намерата вака да се искаже еднострано, всушност значи непочитување, значи непризнавање. Тогаш мојот коментар е дека фрустрации се во прашање“, изјави вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за емисијата „За или против“ на Алфа ТВ, коментирајќи ја изјавата на лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

-Непристоен предлог е бидејќи во историјата имало моменти кога и такви предлози биле во оптег и се разбира дека тие не биле добредојдени. За да предлагате вие балкански федерации и слични модели треба да негувате и да манифестирате почит кон соседите, елементарна почит. Тоа значи да го признавате другиот, да ја признавате посебноста, да го третирате како рамноправен. Впрочем тоа е суштината на Договорот за ЕУ, на Лисабонскиот договор, во преамбулите е суштината. Во преамбулата на Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија – тоа го пишува, дека Бугарија како членка на Европската унија ќе и помага на Македонија на патот кон ЕУ. Значи ова е непристоен предлог, изјави Сиљановска Давкова во интервју за емисијата „Се или против“ на ТВ Алфа.

Во однос на тоа какви се сигналите од Софија и комуникацијата меѓу неа и претставници на Софија, шефицата на државата вели дека дијалозите меѓу нив се пристојни, одмерени но и со резерва, a дека меѓу граѓаните нема проблеми.

-Нашите дијалози се пристојни, нашите дијалози се одмерени, нашите дијалози признавам се со резерва ама она што го велите вие јас отворено го препознавам кај бугарскиот народ, кај бугарски интелектуалци и бугарски љубители на музиката и операта, кај уметниците Бугари, Грци… Препознавам апсолутно меѓу нас нема проблеми кога е во прашање ваквата комуникација, ама ние забораваме дека не сме кралеви и кралици и дека не се претставуваме себе или својот род, туку дека ги претставуваме граѓаните и логично е ние да постапуваме во духот на она што го посакуваат македонските граѓани и бугарските граѓани, грчките граѓани итн. Тоа сум го видела, сум видела многу пријатели. Граѓаните може да речат ајде да си најдеме други политичари, други претседатели, ама не можеме ние да речеме најдете си друг народ, рече Сиљановска Давкова.

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарска бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, денеска ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија. Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот Канал и наведува дека е потребно и Софија јавно да излезе со барање за припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Continue Reading

Македонија

Тошковски со порака за Ахмети по видеото со УЧК: ЗАВРШИ ВРЕМЕТО КОГА КРИМИНАЛЦИТЕ НЕ ОДГОВАРАА

Published

on

Кога некој е кабает и тоа голем кабает, нормално е дека ќе пробува да дефокусира, да измислува теми кои не се тема, да наметнува прашања кои се затворени многу одамна, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за видеото кое вчера масовно го споделуваа членови на ДУИ по социјалните мрежи од војната во 2001 со пораката дека Али Ахмети не изгубил војна.

Ова само би го оценил како неуспешен обид за дефокусирање на јавноста од тоа што е реалност, а тоа е дека заврши времето кога криминалците не одговараа. Заврши времето кога нивните предмети се буткаа под тепих и дојде времето кога секој еден треба да се соочи со правдата, одговори Тошковски.

Покрај воинствените песни за ОНА и Ахмети, во видеото доминираше неговиот воинствен говор од некој митинг, но истото денеска е избришано.

Continue Reading

Македонија

Полицијата го истражува случајот со црквата „Света Петка и Недела“ во Тетово!

Published

on

На 08.01.2025 во 14.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 07.01.2025 до 14.00 часот на 08.01.2025  на улица „Косовска“ во Тетово со тврд предмет било извршено оштетување на влезната врата, два прозорци, помошниот објект и камерата над влезната врата од црквата ,,Света Петка  и  Недела“.Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Информираат од СВР Тетово

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк