Connect with us

Македонија

Заменик директорот на Царина, Каба имал сообраќајна несреќа на патот Струга-Охрид

Published

on

Сообраќајна несреќа се случила вечерва на стариот пат Струга-Охрид, а според информации на Телма, во неа учествувал и заменик-директорот на Царина Гарип Каба.

Во тек е увид, а од охридската полиција кратко одговориле дека лицата од двете возила кои се судриле имаат полесни повреди или не се повредени. 

Покрај Каба во возилата се наоѓале и жена и дете, потврдија оттаму.

На лице место се наоѓаат двете возила од кои едно е сина шкода со дебарски таблички. По увидот ќе се знаат причините за сударот.

Гарип Каба како кадар на Алијанса за Албанците на Таравари, во август беше именуван за заменик директор на Царината.

Фото: Илустрација, архива

Македонија

ИНФОРМАЦИИ за Традиционалната Бадникова Поворка во Тетово

Published

on

Почитувани тетовчани,

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф и оваа година традиционално ќе се одржи Баниковата Поворка која ќе започне во 10:00 часот, а ќе тргне од соборниот храм “Св. Кирил и Методиј“ – Тетово.
Поворката ќе помине низ поголемите булевари и улици на Тетово, а ќе заврши на градскиот плоштад – каде е предвидена културно-уметничка програма на која ќе настапат :
Детски хор Лале
Детски хор Крешендо
Куд Шара
И Jovana Bogdanoska

Да го прославиме празникот Бадник сите заедно обединети пред Бога навестувајќи го Христовото Раѓање, пред Витлеемската ноќ и заедно со ангелите да пееме: „Слава на Бога во Висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!“

ХРИСТОС СЕ РОДИ !
НАВИСТИНА СЕ РОДИ !

Continue Reading

Македонија

Александар Николоски отвора нова ера за Источна Македонија: Експресниот пат Куманово-Крива Паланка пуштен во употреба!

Published

on

Источна Македонија доби ново транспортно достигнување! Експресниот пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка денес свечено беше пуштен во употреба, отворајќи нови можности за развој на регионот.

На отворањето, вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, го истакна значењето на проектот кој беше завршен во рекордно време од само шест месеци. „Овој пат е главната артерија за поврзување на истокот на Македонија со главниот град Скопје, како и важен коридор за нашата соработка со соседна Бугарија,“ изјави Николоски.

Експресниот пат, долг 47 километри, не само што ќе ја олесни комуникацијата и транспортот, туку ќе поттикне и економски раст во регионот, со што се докажува посветеноста на новата власт за инфраструктурен развој.

„Ја градиме Македонија и ја отвораме за нови перспективи,“ порача Николоски, додека граѓаните со ентузијазам го поздравија отворањето на оваа долгоочекувана инфраструктурна инвестиција.

Со ова, Источна Македонија добива заслужено внимание, а земјата се доближува до посовремена и поврзана иднина.

Continue Reading

Македонија

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Рестрикции на вода попладнево во Тетово!

Published

on

ИЗВЕСТУВАЊЕ!!

Почитувани граѓани.

Ве известуваме дека рестрикции на вода ќе има од 12:30 до 17:00 часот

Ви благодарам.

https://www.facebook.com/share/p/1HEf6xZWuv/?mibextid=wwXIfr

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк