Connect with us

Македонија

АКО ВОЗИТЕ ПИЈАНИ ВОЗИЛОТО ЌЕ ВИ ЗАВРШИ НА ФРОНТОТ Летонија донираше повеќе од 600 автомобили на украинската војска

Published

on

Првиот контингент им беше даден на единиците на украинското Министерство за одбрана и на болниците во неколку заедници.

Летонија донираше повеќе од 600 автомобили на Украина, запленети, меѓу другото, од возачи кои возеле под дејство на алкохол. Нивната вкупна вредност е 2,25 милиони евра.

На 16 февруари 2023 година, латвиските власти одлучија да им дадат поддршка на украинските цивили и одобрија транспорт на запленети автомобили, кои станаа државна сопственост, во Украина која е разурната од војна.

Запленетите автомобили обично се продаваат на аукции или се демонтираат за резервни делови, но латвискиот парламент овој пат одлучи да ги испрати во Украина за да ѝ помогне на земјата во нејзините воени напори.

Оттогаш, кога стапија на сила измените на законот, летонските власти извршија неколку испораки на претходно запленети автомобили.

Првиот контингент им беше даден на единиците на украинското Министерство за одбрана и на болниците во неколку заедници.

Македонија

СНЕЖЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Доаѓа од вторник, температурите уште ќе опаѓаат

Published

on

Влијанието на ладната воздушна маса која продира од истокот и од североистокот на Европскиот Континент останува  и во следниот период и ќе условува ладно време. Сепак, во вторник (11 февруари) доцна попладне, навечер и во текот на ноќта кон среда, како и во среда (12 февруари) од запад во Македонија ќе се прошират врнежи кои ќе бидат претежно од снег, а само во некои пониски места, особено во Повардарието, како и во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или повремено од дожд и од снег, објави метеорологот Славчо Попоски.

„Во Скопскиот регион со овој бран ќе има врнежи од дожд и од снег, или појава на врнежи од влажен снег.

На повеќе места во западните предели ќе се формира снежна покривка  и во градовите, додека на планините и на Скијачките центри постојаната снежна покривка ќе се зголеми.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тендсенција на понатамошно опаѓање  и на повеќе места ќе се само за некој степен над нулата, или околу нулата, а само во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачуваа до околу, или само за некој степен над 5 степени. Наутро пак за време на овој период температурите ќе бидат на повеќе места негативни, односно под нулата.“, објави тој.

Continue Reading

Македонија

КАЛАЈЏИЕВ ЈА КОМЕНТИРАШЕ ПРЕСУДАТА ЗА ЈОВАНОВ: „Апелација побрзала да си ја спаси кожата“

Published

on

Професорот Гордан Калајџиев деновиве ја коментираше пресудата за момчето Јованов, кое ја прегази Фросина Кулакова.

„Апелација побрзала да си ја спаси кожата“, напиша професорот по Кривично Право.

Continue Reading

Македонија

Сопругата на Игор Југ: Болката е огромна, но неправдата е уште поголема

Published

on

Во овие тешки минути пред сè сакам да се заблагодарам до секој еден од вас. Бидете сите на број и нека никој не ја почувствува оваа болка и празнина.

Ви благодарам за секој еден пишан збор, за секоја една мисла пратена кон нас. Претешка е судбината на тие кои за семејство ја сметаат татковината. Вистинското семејство е на маргините на болка, жал и голгота! Ако требало да се плати, нека тој биде последната жртва, а ние последното семејство кое ќе остане да се радува на секоја една слика.

Бидете живи и здрави, ви благодарам од сè срце, во мое и во име на целото семејство.

Игор Југ – човекот кој ме научи на многу работи. Најтешката до пред два дена беше да живеам без него, скоро осум години.

За да на крај и навистина си замине засекогаш…

Знам, и најдобро од сите го познавам – душата нема да му се смири сè додека оваа неправда не биде решена!!!

Тие што беа рамо до рамо со него се сведоци на онаа голгота која на сите до еден ни ги смени и уништи животите. Системот ги убива полека и тивко.

Народ… Жеден за сензитивни вести и статуси по Фејсбук, од тастатура се мрднува, верувајќи на збор. И зборот остана до ден-денес само празно ветување!!!

Помешани мисли, склопувам коцки во глава и не знам каде погрешивме… Една реченица да ме послушаше, сега уште ќе беше меѓу нас…

Денес ми е уште потежок ден од вчера. Самото соопштување на Катарина за прераната смрт на нејзиниот татко е најтешкиот дел за мене. Не дека останатите ми се лесни, но овој ме уби и мене!

Се договоривме – нашиот татко е најсветлата ѕвезда на небото. Нè чува од таму некаде далеку, пази и не дозволува да ни е лошо.

За да не ни е лут – нема да плачеме од утре, освен денес.

Нека ни прости, тато!!!

Ние на него никогаш нема да му простиме што нè остави и си замина!!!

Го видовме на небото и го испративме. Му пративме бакнежи и молби да нè чуваат со бато Мартин… Да, тоа е мојата Катарина. Толку мала, а многу позрела од возрасните. Толку слаба, а сепак посилна од самата судбина…

Напиша сопругата на Игор Југ, Ивана Југ на нејзиниот Facebook профил

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк